Како да се бориме со осудувањето – Св. Теофан Затворник
Се разбира, лошото не може да се нарече добро. Но, кога го гледате тоа, не треба да ги осудувате братот или сестрата, туку да ви биде жал за нив и, кога ви е жал, да се молите од срце Господ да ги вразуми и отрезни, и да им даде сила цврсто да застанат во таквиот начин на живот, кој го бара нивната положба.