Митрополит Струмички Наум - Ние не сме посебни, ние сме последни (30.12.2017)
Па нели ние требаше да сме квасец на овој свет, нели требаше да сме сведоци на Богочовекот Христос во овој свет, нели требаше преку нас да влезе Божјата благодат што го преобразува овој свет и нели требаше да бидеме слуги на луѓето од овој свет – за нивно спасение? Нели истото ова го вели и Светото Евангелие Божјо и житијата на сите Свети?