Православното разбирање на созданието
Православниот космички етос се возглавува во литургиското разбирање на светот, во славословниот принос на космичката стварност на Бога, во евхаристиската и доксолошка употреба на светот, за светот да се преобрази и да ја стекне очигледната духовност што ја има воскреснатото тело на Господ Исус Христос. Ова се постигнува, пред сѐ, со отфрлање на автономноста и идолатризацијата на создадениот свет, бидејќи тие најмногу ги влошуваат односите на човекот со светот и доведуваат до своевидна злоупотреба или погрешна употреба.