50 поуки на светиот Теофан Затворник I дел
Не кажувајте: ,,Јас не можам”. Тоа не е говор на христијанин. Христијанинот вели: ,, Можам сe' ”, но не сам по себе, туку со Господ Кој ни дава сила. Смуртениот, одбивниот живот, не е живот по Бога. Кога Спасителот им кажал на оние што постат, да си ја измијат и помажат главата и да се исчешлaат, под тоа всушност подразбирал, да не бидат смуртени. Непријателот (демонот) обично дотрчува, и повторува: не им попуштај, оти ќе те повредат. Тој сака да ни наштети. Подобра заштита од повредувањето е смирената попустливост.