Пресвета Владичице Богородице, светлино на мојата помрачена душа; надеж, покров, прибежиште, утеха и моја радост, Ти благодарам што ме удостои мене недостојниот да бидам причесник на пречистото Тело и чесната Крв на Твојот Син. Но, Ти, Која си ја родила вистинската светлина просвети ги умствените очи на моето срце; Ти, Која си го родила Изворот на бесмртноста, оживотвори ме мене умртвениот од грев;
Моли се за оние кои ти причинуваат различни навреди, клевети, искушенија, прогони.
Прави што ќе правиш, но во никој случај немој да обвиниш некој;
воопшто не се обидувај ни да судиш дали некоја личност е добра или лоша,
но држи ги твоите очи на онаа лоша личност поради која ќе мораш да одговараш
Мојот ум почна да се измачува и со денови да пребива во одредени аспекти од овој проблем. „Да бев јас Бог“, си велев во себе, „ќе го создадев светот според Светото Писмо!“ А во Светото Писмо се вели дека Он го создаде светот и „беше добро“, не „совршено“. Да зависеше од мене, ќе оставев светот некое време да функционира како што треба. Но не беше така. Бог ги создаде ангелите, тие паднаа. Го создаде човекот, и човекот падна…
Кога некој е внатре во црквата, кога ја отвора нејзината врата однадвор или, пак, кога ќе ја види подотворена и влегува, тој влегува во едно извонредно место, место каде пребива Бог. Ова место треба да се сфати, не како религија, не само како морал, туку како место кое го олеснува нашиот дух, го озарува и го отвара нашето срце за Божјиот свет. Верувајте, вреди. Треба да го следиме овој пат, оти не сум сигурен дека
Благодатното патување низ светата четириесетница, не води пополека кон предворјето на невечерната светлина на Воскресението. Боговдахновените творби на светите отци, нивните песнопенија,молитвените стихови,не издигнуваат мисловно до небесните височини давајќи ни за момент да вкусиме од насладата на прекрасното соединување со небесниот хор на слуги Божји, како и Царицата Мајка а пред се соединување со самиот Христос Бог.
Во секое наше лично страдање Го препознаваме првенствено Христос и го надградуваме нашиот личносен однос со Него. Самото страдање е реално, но тоа останува во втор план, затоа што преку прифаќањето и благодарењето истото станува извор на радост од новоостварениот и надградениот однос со нашиот Господ.
Секое друго страдање е бесмислено.
Пример за подвижништво помеѓу епископите,
молитвенику кој Бога непрестајно го призиваше,
исповеднику на вистинската вера во Господа,
Јакове свети исповедниче, маките и страдањата
твојата душа ја прекалија и до небесните дворови ја донесоа,
Молитвата е најмоќниот двигател на духовниот живот. Таа е како подземна вода која го напојува целиот наш духовен живот. Покрај тоа, може да се каже дека, самиот наш молитвен живот е пред сè степенот на нашиот духовен живот. Ние духовно живееме во таа мера колку што се молиме или колку умееме да се молиме. Светите Отци ја нарекуваат „уметност“. Уметноста означува највисок
„Покажете ми по кој пат ќе помине Спасителот? „Тој пат е молитвата“, му рече на човекот пророкот во името на Бога и на Духот Божји: „Кој принесува жртва благодарствена, тој Ме прославува, и кој го следи Мојот пат, нему ќе му го соопштам Божјото спасение“ (Пс. 49, 23).
Гревот, тоа духовно помрачување на човековата душа бил причинителот за болеста на фатениот, па затоа било потребно прво тој да се уништи. Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност, безаконие и неуреден живот, но честопати тие се и Божја казна за нашите гревови. Затоа, ако сакаме да се ослободиме од болеста, најнапред треба да го уништиме нејзиниот внатрешен причинител, а
Верникот е повикан да се поучи од поучното и мудрото слово на молчанието. Свесното одбивање да се зборува е израз на искуство. Човек молчи среде голема радост; не наоѓа соодветни зборови за да ја изрази. Тој молчи и во длабоката болка. Не наоѓа зборови; ги претвора во топли солзи. Што може човек да ѝ каже на мајка која го погребува своето мало дете? Искрено признавам дека се лутам кога слушам банални зборови, возвишени, понекогаш бездушни, дури и сурови кон страдалната мајка.
Кога човек молчи, тоа не мора да значи дека тој е рамнодушен, инертен, мрзлив и невнимателен. Обмисленото молчание, внимателното краткословие и отфрлањето на разговорливоста и озборувањето, значат претпочитање на тишината и избегнување на заморното многусловие, кое обично предизвикува разни проблеми, како што се кавгите со расправии и отуѓувањето. Сериозните луѓе зборуваат со своето сериозно молчание.
Меѓутоа, во сето тоа, триумфира нашата добра намера.
Бог ни дал духовно оружје со кое ќе се спротивставиме на секој сатански напад: поставениот барјак, Крстот на надежта, живата надеж во Оној Кој рекол: „Нема да те оставам, ниту ќе се откажам од тебе“, надежта во нашиот Христос Кој бил прикован на Крстот; и сите кои гледаат во Него, и се надеваат на Него, нема да бидат посрамени.
Бодриот јазик твој за учителство, одекнувајќи во ушите на срцата наши, душите на мрзливите ги крева и со твоите вдахновени зборови, се наоѓа скала која од земјата кон небото вознесува. Затоа Григорие, чудо на Тесалија, не престанувај да се молиш на Христа, оние што те почитуваат да ги просветли со Божествената светлина.
Подвиг имајќи – секогаш на работа,
бдение и непрестана молитва,
десницата Господова те осени тебе Макарие свети,
мудроста не те одмина да бидеш пастир,
учител и чудотворец и после
заминувањето кај Спасителот Христос,