логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Ми дојде една инспирација што води потекло од моето научно минато. Ги сакам човечката мисла и разум, и уживам во нив. Го сфаќам како голем благослов тоа систематско организирање на мислите, за кој некој се обучува по пат на научно образование, но претежно преку истражување. Развиен е еден систем на логичко расудување налик на вез, кој е прекрасен и навистина го исполнува човекот, и би рекол дури дека му помага многу да се реализира себе си. Му благодарам на Бога за овој дар што ми го даде.

Од друга страна пак, Он задоцни со еден друг дар, многу поголем од првиот. Крајно сум благодарен за него, бидејќи она по кое што копнеев уште од мал, најпосле ми се исполни во животот. Имено во еден момент од животот кога мојата човечка логика беше толку прекрасна и сеопфатна, таа сепак не ми даде адекватно толкување на светот, човекот, животот. Тогаш почнаа да ми се раѓаат едни поинакви мисли. Некои од овие мисли се доста стари, од пред 35 години. Во тоа време се случи нешто што сакам да го споделам со вас, и не знам каде ќе ме однесе. Бев појден во црква и видов пред олтарот, точно зад светата трпеза, стоеше распетието со Исус Христос. Бев под впечаток на разговорот што уште од претходно го имав водено со некои студенти, колеги, соработници од истражувачкиот тим. Тие беа верници, на некој начин, и се трудеа сѐ да докажат со помош на умот.

    Како е можно ова тело обесено на крстот да биде Бог, а истовремено да биде и слава, да биде Цар на славата?

Така, гледајќи Го Оној Кој беше распнат, на врвот од Неговиот Крст прочитав натпис „Цар на славата“. Тело, цело окрвавено, приковано на крст, претепано, исмеано, предадено на смрт, а сепак таму горе стоеше „Цар на славата“. Еден мој колега, верник, католик по убедување, ми имаше дадено распетие и на распетието стоеше „Исус Назареецот Цар Јудејски“. Споредувајќи ги двете, сфатив дека едниот крст го носи историскиот опис, и мора да е точен, бидејќи така исто стои и во Евангелието. Другиот крст, пак, содржеше нешто повеќе, нешто кое не беше во линија со реалноста, но кое внатре во себе имаше и откриваше длабока вистина. Или е целосна лага, или неспознатлива вистина. Не знаев кое е од двете, но секако во моментот беше предизвик за мојата логика. Како е можно ова тело обесено на крстот да биде Бог, а истовремено да биде и слава, да биде Цар на славата?



Мојот ум почна да се измачува и со денови да пребива во одредени аспекти од овој проблем. „Да бев јас Бог“, си велев во себе, „ќе го создадев светот според Светото Писмо!“ А во Светото Писмо се вели дека Он го создаде светот и „беше добро“, не „совршено“. Да зависеше од мене, ќе оставев светот некое време да функционира како што треба. Но не беше така. Бог ги создаде ангелите, тие паднаа. Го создаде човекот, и човекот падна… Зошто го направи тоа? Зарем не можеше некако… да направи ова зло да се случеше малку покасно, така што да можевме макар кратко време да живееме во рајот, да сфатевме барем малку каков е рајот, и тогаш да допуштеше да се случи падот и ќе видевме како работите ќе се одвиваа? Ваквите прашања што ми се раѓаа во умот можеа да ми ја разнишаат верата… но наместо тоа, прашањата ме поттикна да трагам подлабоко по скриената вистина. Бев уверен дека е таму некаде, бидејќи целото ова нешто кое се нарекува „Црква“ е толку убаво и содржи нешто навистина значајно.  

Требаше својот ум да го насочам во друг правец. Во црковниот речник има некои термини кои на англиски можат да се преведат како „ум“, „убедување“, „дух“. Постои терминот „да поучува“ на Грчки – νουθεσία. Во типикот стои дека после читањето на Евангелието, свештеникот кој што служи треба да „поучува“ – што значи дека тој го зема „духот“, „умот“, и го поставува на вистинското место. Со други зборови, „го зема умот и го поведува некаде… каде што сите ние заедно можеме да ја видиме вистината со поинакви очи отколку од вообичаената гледна точка од која често расудуваме за неа. Значи во суштина она што Црквата го прави е обликување на духот и на умот, таа нуди дух, го поправа умот, води со цел да отвори хоризонти, да развие една друга логика. Споредувајќи ја оваа логика со научната логика, почнуваме да сфаќаме дека има разлика. Не дека едната е подобра од другата, не би го рекол тоа… но ние едноставно имаме потреба од една поинаква логика од онаа на која сме веќе навикнати, за да можеме да ја препознаеме вистината во овој случај.

(Продолжува…)

 

Извор: https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/kako-da-vlezeme-vo-bozhjata-logika-i-del/

 

Друго:https://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D0%9C%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%20%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%98%20%D0%9C%D0%B5%D1%81%D0%BE%D0%B3%D0%B5%D1%98%D1%81%D0%BA%D0%B8&ordering=newest&searchphrase=all

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная