Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ
Господ Исус Христос донел со Себе и претставил пред луѓето безбројни и незамисливи богатства небесни и ги поканил сите да земаат без мерка, јавно и слободно, но само под еден услов: најпрво да ја одлепат и разграничат својата душа од земните грижи и од трулежните земни блага. Некои ги послушале овие совети и се збогатиле и се збогатуваат; а некои не послушале, па останале