Од богослужбeната седмица во Скопје (10.06.2015)
![]() |
![]() |
Покајанието е извор на смиреноста. Покајанието е неотповикливо одрекување од секоја желба за телесните добра. Покајанието е самоосудувачка мисла и грижа за себеси без грижа за надворешните работи. Покајанието е ќерка на надежта и порекнување на безнадежноста. Покајникот е осуденик кој не е лишен од чест. Покајанието е помирение со Бога по пат на вршење на добри дела...









„Љуби и прави што сакаш“. Доколку ти вистински љубиш – нема да направиш ништо што би Го огорчило Бога и твоите ближни. Сите заповеди Христови се содржат во заповедта на љубовта. Вистинската слобода, тоа е слобода на љубовта, а не слобода на егоизмот. Јас вистински сум слободен кога го правам она што го бара од мене љубовта,...


„Иконата го прикажува небесниот свет. Ние понекогаш забораваме дека зад оваа реченица стои љубовта Христова, дека ние го претставуваме скапоцениот свет на хармоничната Љубов кој не може да биде ниту тажен, ниту натажен, ни мрачен – сето тоа е човечка особина.





































