Мајнц, 6-ти јуни, лето Господово 2015- храм на св. Николај Мирликијски
Духовно обединување: Изградена првата македонска православна црква во Германија
На 06. 06. 2015 година, во градот Маинц Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со Високопреосвештените Митрополити на МПЦ – ОА, Митрополит Струмички г.Наум и надлежниот Митроплит Европски г.Пимен, свештеници и ѓакони на МПЦ – ОА, ја освети новоизградената црква посветена на св.Николај Мирликијски Чудотоворец .
На овој торжествен -величествен чин присуствуваа многу верници од цела Европа,претставници од амбасадите,г-га Валентина Божиновска,и многу други високи функционери претставници на градот Маинц.
Радост,насмевка и блескав сјај се гледаше на лицето на домакините кои на високо ниво организирани се потрудја сите гости убаво да бидат пречекани и се да биде во најдобар ред.
Сите заслужни за изградбата на овој свет и величествен храм беа јавно спомнати и пофалени ,и им беа врачени награди и пофалници.
Господ Бог нека не израдува уште со многу вакви храмови ни Целиот свет ,за да можат Македонските православни верници слободно да си ја исповедаат својата вера.
За Преминпортал :
отец Душко Пецов -свештеник во МПЦО св.Кирил и Методиј Дортмунд
Друго:
Духовно обединување: Изградена првата македонска православна црква во Германија