Таен подземен храм од III-IV век ги преживеа џихадистите
Целиот овој таен комплекс на пештери под градот, кои датираат од 3 – 4 век од нашата ера, служел како тајно засолниште за Христијаните што во тоа време биле подложени на гонење од страна на Римската империја. Пронајдена беше и древна врата, влез кој води до подземна соба за молитва, украсена со столбови, каде во каменот се врежани крстови и натписи, а исто така има и примитивен олтар.