логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

ПOKAEН   KAНOН  НA  НАШИОТ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС



Глас 6. Песна 1. Ирмос :

Како по суво газеше Израил по дното на морето и гледајќи го фараонот -- гонител како се дави, извикуваше :победна песна да Му пееме на Бога !
               
припев : Помилуј ме, Боже, помилуј ме !

Јас грешниот и преоптоварен излегувам сега пред Тебе, мојот Владика и Бог : не смеам да погледнам кон небото, но само се молам и викам : Господи дај ми расположба горко да плачам за моите гревови

припев : Помилуј ме, Боже, помилуј ме !
               
Откаде да започнам да ги оплакувам делата на мојот грешен живот ? Како да го отпочнам, Христе, моето ридање ? Ти си милосрден, дај ми прошка на моите гревови .
припев : Помилуј ме, Боже, помилуј ме !
               
Спасителу, Ти ги исповедам своите гревови што сум ги направил и ги откривам раните на душата и телото мое, направени од грешни помисли.
                                                                          
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Како Бог прости ми ги сите волни и неволни, јавни и скриени, свесни и несвесни гревови, -- очисти ме и спаси ме !
                                                                           
И сега и секогаш и во вечни векови, Амин .
               
Пречиста Мајко Божја, погледни на мене грешниот, избави ме од стапиците на ѓаволот и упати ме по патот на покајанието, та горко да ги оплакувам моите дела .
                                                                          

Песна 3. Ирмос :
               
Нема свет како што си Ти, Господи Боже мој, Кој им даваш победи на Твоите верници, Благи, и ги утврдуваш на каменот на Твојата вера.
               
припев : Помилуј ме, Боже, помилуј ме !
               
Го гледам морето на животот, разбранувано од бурите на искушенијата ; доаѓам во Твоето тивко пристаниште и извикувам : Многумилостив Боже, избави ја од пропаст душата моја !
               
припев : Помилуј ме, Боже, помилуј ме !
               
Кај Тебе доаѓам, Исусе, ти згрешив, очисти ме, Симни го од мене тешкиот товар на гревот и како Добросрдечен, дај ми солзи на умиление !
               
припев : Помилуј ме, Боже, помилуј ме !
               
Погледни ме со милостив поглед, Боже, Спасителу мој, и прими ја мојата топла исповед !
               
припев : Помилуј ме, Боже, помилуј ме !

Немам солзи, ни покајание, ниту умиление. Спасителу, како Бог, Ти дарувај ми ги !

Слава на Отецот и Синот и сега и секогаш и во вечни векови : Амин.
               
Ете, Богородице, Твојот Син вика и не поучува на добро, а јас грешниот секогаш бегам од доброто, но Ти , Милостива, помилуј ме, за да се покајам за моите лоши дела .

                                                                        
Песна 4 . Ирмос :
                
Христос е моја сила, мој Бог и Господ -- Светата Црква свечено пее и ликува ; со чист дух Го прославува Господа.
                
припев : Помилуј ме, Боже, помилуј ме !

Тешко и горко на мене грешниот ! За жалење сум повеќе од сите луѓе. Нема во мене покајание ; но, Ти, Господи, дај ми солзи, горко да ги оплачам моите грешни дела.
припев : Помилуј ме, Боже, помилуј ме !

Не ја затворај Твојата врата, Господи, во овој час, но отвори ја за мене, покајникот !
                
припев : Помилуј ме, Боже, помилуј ме !

Човекољубив Боже, Ти сакаше сите да се спасат. Повикај ме и како Благ примиме сега кога се кајам !
                                                                           
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.
               
Измачен сум ! Ете, стрелите на непријателот ги ранија и душата и телото мое. Пред Тебе се струпјето и раните на моите самоволни страсти.

И сега и секогаш и во вечни векови, Амин .
              
Врзан сум со многу гревовни синџири и заробен од лошите страсти и несреќи. Кај Тебе доаѓам, Спасение мое, и извикувам : Дево, Мајко Божја, помогни ми !
                                                                             

Песна 5 .Ирмос :
               
Благи, Ти се молам, озари ги, со Твојата божествена светлина, душите на сите што со љубов спрема Тебе подраниле, за да Те познаат, Слово Божјо, Тебе вистинскиот Бог, Кој ги повикуваш од мракот на гревот.
                                                                               
припев : Помилуј ме, Боже, помилуј ме !

Не гнаси се од мене, Спасителу, и не Го свртувај лицето од мене. Растовари го тешкиот товар на моите гревови. Ти си Добросрдечен, дај прошка на моите прегрешенија !
                                                                               
припев : Помилуј ме, Боже, помилуј ме !

Се исповедам пред Тебе, Спасителу, згрешив. Ти згрешив, разреши ме и прости ми, зошто си милосрден.

припев : Помилуј ме, Боже, помилуј ме !

Јас Ти згрешив, Христе Спасителу, згрешив повеќе од сите ; Те молам, да не ме презреш.

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.
              
Ти си мојот пресладок Исус, Ти си мојот Создател ; со Тебе, Спасителу, јас ќе се оправдам.
                                                                                
И сега и секогаш и во вечни векови, Амин .
              
Пресвета Богородице, помилуј ме грешниот. Укрепи ме во добродетелта и сочувај ме од предвремена смрт, за да не ме грабне неподготвен. Ти, Дево, воведи ме во Божјото Царство.


                                                                           

Песна 6. Ирмос :

Гледајќи го морето на животот, разбранувано од бутни опасности, доаѓам во Твоето тивко пристаниште и извикувам : Многумилостив Боже, избави ја од напаст мојата душа !

припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Спасителу, Ти си го примил блудниот и раскајаниот разбојник.. Само јас се предадов на гревовна леност и станав роб на лошите дела. Моја грешна душо, тоа ли го сакаш ? Згрешив, Господи, згрешив пред Тебе. Очисти ме, зашто нема друг меѓу луѓето, кој згрешил повеќе од мене. Сите ги надминав, грешејќи.

припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Викам кон Тебе, Господи, помилуј ме кога ќе дојдеш со Твоите Ангели, на сите да им дадеш според делата.

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Правосудни и Човекољубив Боже, не ги презирај Твоите дела ; не ги отфрлај Твоите созданија. Иако згрешив повеќе од сите луѓе, Ти имаш власт да проштеваш гевови, помилуј ме !

И сега и секогаш и во вечни векови, Амин .

Прекрасна и брза Помошнице на сите луѓе, Мајко, Божја, помогни ми, мене недостојниот, зошто мојата душа го бара тоа.


                                    

Песна 7 Ирмос :

Ангелот ја ороси вжештената печка на преподобните момчиња, а мачителите ги натера да запеат ; Благословен си, Боже на нашите отци !

припев : Помилуј ме, Боже, помилуј ме !

Блудно го поминав животот на земјата ; мојата душа ја предадов на темнината, но сега, Ти се молам, Милостив Владико, ослободи ме од ова ропство на врагот и дај ми желба да ја исполнувам Твојата волја.

припев : Помилуј ме, Боже, помилуј ме !

Слово Божјо, Ти беше распнат за сите ; Го предаде Своето тело и Својата крв. Телото Го даде, за да ме обновиш, а крвта -- за да ме приведеш, Христе при Твојот Отец.
припев : Помилуј ме, Боже, помилуј ме !

Кратко е времето на мојот живот и исполнето со страдања и зло, но прими ме како покајник и просвети го мојот ум ; ослободи ме од туѓинецот. Спасителу, биди милостив кон мене !

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Правосуден Спасителу, помилуј ме и избави ме ме од огнот и стравотиите, кои справедливо ќе ми бидат досудени. Преку добродетел и покајание, олесни го мојот крај !

И сега и секогаш и во вечни векови, Амин .

Богородице Дево, сочувај ме од видливо и невидливо зло и прими ги, Пречиста Дево, моите молитви ; принеси ги на Твојот Син, за да ми даде дух, та да ја исполнам Неговата волја.
                                   

Песна 8 Ирмос :

Со роса си ги оросил преподобните во пламенот и жртвата на праведникот со вода си ја запалил - Христе, се правиш што сакаш ;Тебе Те прославувам во сите векови !
припев : Помилуј ме, Боже, помилуј ме !

Спасителу, помилуј ме грешниот ; издигни го мојот ум кон покајание. Прими ме, покајнокот. Смилувај се на мене кога Ти се молам ; Ти згрешив, спаси ме. Беззаконствував, помилуј ме !

припев : Помилуј ме, Боже, помилуј ме !

Сожали го, Господи, Твоето создание. Згрешив, прости ми, зошто само Ти Единствен по природа си Чист, а никој друг не е лишен од нечистотија.

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Владико, Владико Христе, знам дека Ти си тивко пристаниште. Побрзај да ме избавиш од бескрајните длабочини на гревот и од очајанието.

И сега и секогаш и во вечни векови, Амин .

Пречиста Богородице, прими ја мојата недостојна молитва и сочувај ме од предвремена смрт ; дај ми покајание пред крајот.
                        


Песна 9 :

Луѓето неможат да го видат Бога, а и чиновите ангелски не смеат да Го гледаат. Преку Тебе, Пречиста, им се јави на луѓето, Словото овоплотено. Него Го величиме, заедно со небесните војски ; Тебе Те ублажуваме.

припев : Помилуј ме, Боже, помилуј ме !

Сега доаѓам кај вас, Ангели, Архангели и сите небесни сили што стоите пред престолот на Бога. Молете се на Творецот да ја избави мојата душа од вечните маки.
припев : Помилуј ме, Боже, помилуј ме !

Сега пред вас плачам, Свети патријарси, пророци, апостоли, светители и сите Христови избраници. Помогнете ми на судот да се спаси мојата душа од непријателската сила .

припев : Помилуј ме, Боже, помилуј ме !

Ги кревам моите раце кон вас, Свети маченици, пустиножители, девственици, праведници и сите светии ; вие се молите на Господа за сиот свет ; молете Го да ме помилува на смртниот час

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Пред тебе ги исповедувам тајните на моето срце. Судио мој, види го моето смирение ; види ја и мојата тага. Погледни ме и помилуј ме, зошто си Милосрден, Боже на нашите отци.

И сега и секогаш и во вечни векови, Амин .

Мајко Божја, помогни ми ; силна е мојата надеж во Тебе. Помоли Го Твојот Син да ме стави од Својата десна страна кога ке седне да им суди на живите и на мртвите. Амин !

 

 Поготви: С.Л.

За илустрации:Т.С.

16-ти септември 2018 лето Господово

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная