Кажи му едно топло „добро утро“ на соседот.
Научи да пиеш кафе со твојот човек.
Смеј се со соседот.
Погледни ја новата топка на твоето дете.
Кажи ѝ една пофалба на твојата ќеркичка
која се вратила од училиште.
Бакни ја твојата жена за мусаката и пилафот.
Шегувај се со мажот ти кој има главоболка од проблеми.
Дај му некоја паричка на сиромашниот.
Стави храна во чиничето, за мачињата од соседството кои се тресат.
Смени го тв-каналот за нејзин атер.
Направи се дека не го слушаш неговото негодување.
И кога ќе го заборавиш сфаќањето и „целта“ на светоста, можеби… веќе ќе ја имаш допрено!
Од овие прости, „будалести“, секојдневни нешта.
Кои не мирисаат многу на темјан.
Ама те носат на Христовото пристаниште.
Клинци.
Без диоди*, триоди, тетратки, книги итн.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев
*Диоди – патарини.
https://crkvaveles.wordpress.com/2018/09/17/pred-svetitel/
20.09.2018 лето Господово