Митрополит Атанасиј Лимасолски - Неуспехот како успех
Гледам некои млади мајки по пат, кои возат, со детето зад нив, трчаат да го префрлат од еден курс на друг. И гледаш, на лицето имаат страв – а децата, уште поисплашени. Мајката со нетрпение го чека да излезе, и штом заврши едниот курс, го зема, го става во автомобил, па го носи на пливање, оттаму – на пијано, од пијано – на кларинет, на германски, па на – психијатар.