КОЛУМНА, ОТЕЦ ПИМЕН: Кучешки живот (17.05.2018)
Кога животот ви е тежок велите живот кучешки. Море јас не би го сменил мојот кучешки живот со вашиот ниту за еден ден. Ниту со тебе што ќе ме спасуваше мене, а ќе му ја кршеше главата на стариот, ниту со тебе девојко што мислиш дека јас сум душа, а ти немаш душа па викаш обезбедување да извади душа некому. Ниту со тебе што имаш единица музичко, а коментираш за музика, ниту со тебе што не проверуваш дали има вистина во коментарите на ФБ и Твитер,