Свети Јован и пророците (07.07.2015)
Бог јасно имал намера да остави особено обележје за Јован, дури и пред неговото раѓање. Кога била шест месеци бремена, Елисавета примила друг гостин, овој пат човек, нејзината млада сродничка од Галилеја по име Марија. На поздравот од Марија, мајката на Јован почувствувала и друго Присуство, кога младенецот заигра во нејзината утроба (1,41).