Рим: Повеќе од 300 илјади луѓе протестираа
против легализацијата на истополовите „бракови“
23 јуни 2015 лето Господово
Не се сите за евросодомот: саботата на 20 јуни стотици илјади жители на Италија и други европски земји притекнаа во Рим206862.p.jpg да земат учество во демонстрациите против можната легализација на истополовите „бракови“ и воведувањето на предметот „Теорија за половите“ во школските програми.
Бројката на собрани демонстранти на римскиот плоштад „Сан Џовани“, според различните оценки достигнуваше од 300 илјади до 1 милион луѓе.
Учесниците во демонстрациите во своите раце носеа транспаренти со пароли „Семејството го спасува светот“ и „Да ги заштитиме нашите деца“, изразувајќи го на тој начин својот протест против намерата на италијанскиот Премиер Матео Ренци, да го внесе во Парламентот „предлог- законот за граѓански заедници“.
Апелот упатен до Италија, за таа „да не биде во чекор со своите западноевропски соседи во прашањето околу геј – браковите, се интензивира откако во минатиот месец поголемиот дел од жителите на Ирска гласаа на референдум за признавање на таквите „бракови“.
Во меѓувреме, активистите предупредуваат дека на Премиерот на Италија М. Ренци, и на лидерот на левоориентираната „Демократска партија“, ќе им биде многу тешко да си најдат сојузници среде политичките сили, земајќи го во предвид огромното влијание на свештенството на Римо-католичката Црква, која се залага за поддржување на традиционалното семејство, врз политичката класа во земјата.
„Ние бараме почит кон традиционалното семејство и кон сите што се ориентирани на традиционалниот брак. Исто така, остро ги осудуваме обидите за мешање во школските програми насочени кон уништување на половиот идентитет на децата“, изјави Масимо Гандолфини, претставник на комитетот „Да ги заштитиме нашите деца“
Во своето обраќање, лидерот на партијата „Лига на северот“ Матео Салвини на својот facebook профил напиша срдечна честитка „до сите мајки и татковци собрани во Рим на мирен марш во име на иднината на нивните деца“.
Во меѓувреме, Винченцо Брана, претседател на Асоцијацијата за правата на хомосексуалците „Bologna Arcigay“, излезе со политичка изјава, замерувајки дека „денес е светскиот ден на бегалците... и нивните проблеми сериозно влијаат врз сите нас. Оние кои во овој ден излегоа на улиците и зборуваат за други нешта, покажуваат дека живеат на друга планета. И јас би препорачал да ги остават нив на таа планета“.
Италијанската Влада се надева дека веќе до крајот на јули 2015 год предлог законот за легализација на истополовите „граѓански заедници“ ќе биде усвоен.
Извор: Православие.ру
Преземеноод: Бигорски манастир