Евангелски максимализам
Исполнувањето на етичките принципи на живеење во Бога, примени на Синајската гора од светиот пророк Мојсеј, приведува пред дверите на божествената парусија. За да го обнови паметењето на момчето, Христос ги наброи: не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги татко си и мајка си, сакај ги ближните свои како себеси.