Митрополитот Струмички Наум: Беседа во Неделата на свети Григориј Палама (31.03.2024)
„Често, човек е толку фатен, т.е. парализиран од гревот, што самиот е неспособен да дојде до Христос и да побара исцеление. Во такви ситуации доаѓа до израз големото и незаменливо значење на Црквата – Телото Христово, како заедница, која со своите најразлични богочовечки дарови како: утеха, поука, личен пример, материјална помош, покајание, исповед, простување и