логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

  Стихови:

Учениците Му носат миро на Христа,
А јас, наместо миро, ним им носам песна.


Во овој ден - трета недела по Пасха, го празнуваме споменот на светите жени мироносици. Го славиме и споменот на Јосиф од Ариматеја, кој беше еден од седумдесетте потајни ученици (Христови). На овие го придодаваме и Никодима, кој доаѓаше ноќе да Го слуша Исуса.

         Овие жени се првите вистински сведоци на Воскресението, а Јосиф и Никодим беа сведоци на погребението. Сето ова е мошне значајно и совршено ја резимира христијанската догма. Никодим беше веднаш избркан од синагогата, бидејќи не го делеше мислењето на Јудеите. Јосиф, пак, откако го погреба телото на Господа, беше фрлен во еден ров од страна на Јудеите, но со Божја сила беше изваден од него, и отиде во своето место Ариматеја. Кога Христос Воскресна, му се јави кога тој беше во окови, и го увери подобро во тајната на Воскресението. Иако претрпе многу од Јудеите, не ја криеше тајната на Воскресението, ами смело раскажуваше за се што се случило. Се вели, исто така, дека Никодим беше првиот кој писмено и подробно објасни се во врска со страдањето и Воскресението, бидејќи, како член на Синагогата, ги знаеше сите советувања и одлуки на Јудеите. И од оваа причина, како што рековме, како вистински сведоци на погребението, тие го зазедоа местото заедно со жените што го видоа Воскресението. По првото уверување што го даде Тома, еве го и второто благовестие по осум дена.

           Секако, жените се тие што први го видоа Воскресението и за него ги известија и учениците. Требаше навистина, женскиот род кој прв подлегна на гревот и во наследство го прими проклетството, прв да го види и Воскресението и да ја почувствува радоста, првиот кој ја слушна веста: Во маки ќе раѓаш деца. Тие се наречени мироносици од следниве причини: поради тоа што беше празникот Пасха, саботата, што ја подготвуваше овој петок, беше голем ден. Затоа Јосиф и Никодим брзаа да го погребат телото на Господа. Според еврејскиот обичај, тие го помажаа телото со мириси, но не баш како што треба. Тие го прелија со алое и смирна и, откако го завиткаа во плаштаница, го положија во гробот. Заради тоа, имајќи топла љубов кон Христа, како и учениците, купија скапоцени мириси и отидоа рано заедно (на гробот), поради стравот од Јудеите, за да Го оплачат и помажат, и да го довршат она што не беше завршено поради недостаток на време. Кога тие пристигнаа, имаа различни виденија: во гробот имаше два светли ангела, и трет кој седеше на каменот. Потоа Го видоа и Христа и Му се поклонија. Магдалина, пак, мислејќи дека Тој е градинарот, и самата Го запраша.

            Имаше многу мироносици, но евангелистите ги спомнуваат најважните, а другите ги оставија. Тие се следниве: Првата, меѓу сите, е Марија Магдалина, од која Христос истера седум демони. По Вознесението Христово таа отиде во Рим, според она што го знаеме, и на нова смрт ги предаде Пилата и првосвештениците, известуваќи го императорот Тивериј за настаните во врска со Спасителот Христа. На крајот таа се упокојува во Ефес и ја погребува свети Јован Богослов. За време владеењето на царот Лав Мудриот нејзиното тело е пренесено во Константиновиот град (Цариград).
Втората е Саломија. Таа беше ќерка на Јосиф кој подоцна стана свршеник на Марија. Самата, пак, таа беше омажена за Зеведеја, од која се родија евангелистот Јован и Јаков. Јосиф имаше четири сина: Јаков, наречен „Малиот" Јосиј, Симон и Јуда, и три ќерки: Естира, Тамара и Саломија Зеведеева. Така, кога во Евангелието се зборува за Марија, мајка на Јаков Малиот, и за Јосиј (или Јосиф), треба да се мисли дека станува збор за Богородица, бидејќи, според законот, таа се смета за мајка на Јосифовите деца. Од ова произлегува дека евангелистот Јован бил „сестричник" Христов, како син на Неговата „сестра“ (полусестра, што бирекле ние) Саломија.
Третата мироносица е Јована, жена Хузанова, кој беше надзорник и администратор во домот на царот Ирод. Четвртата и петтата беа Марта и Марија, сестрите Лазареви. Шестата беше Марија Клеопова (сопругата на Клеопа). Седмата беше Сузана. Сите други, како што соопштува божествениот Лука (заедно со Матеј и Марко), беа жени кои Му служеа на Христа и на Неговите ученици, помагајќи им со свои средства. Бидејќи тие го проповедаа Воскресението (Христово), и придонесоа да ни бидат предадени бројни догмати, не известија и не уверија во вистинитоста на Христовото Воскресение,

       Црквата ни го пренесе обичајот да го празнуваме нивниот спомен, по оној на Тома, бидејќи тие беа првите што Го видоа Христа воскреснат од мртвите, и на сите им ја пренесоа благовеста за спасението. Тие совршено живееја според Христа, како што прилега на жени кои се научени од Христа. По молитвите на светите мироносици, Боже, помилуј не.

 

 Извор: ЦВЕТЕН ТРИОД

Превод: преводот и препев од црковнословенски јазик, го направи   д-р Јован Таковски

Друго:

takovski.jovan9.jpg
Интервју со протопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная