Преподобен авва Исаиј - Делата на плачот
Бодилото на моите гревови не престанува да го прободува срцето мое; уште не се покајувам за злото што сум го направил. Товарот на моите гревови уште не ме притиска; не ја чувствувам нивната тежина. Уште не сум ја познал сета сила на огнот; да ја знам неа, би бегал да не бидам опфатен од неа. Глас слушам во ушите мои - дека кон мене одат и се приближуваат затоа што срцето мое уште не сум го исчистил.