Велики
Четврток настапува, Еј Боже Господи,
Каде ја ставив мојата наметка
За да Те следам Тебе на исмевања ?
Четврток настапува, Еј Боже Господи,
Каде ја ставив мојата наметка
За да Те следам Тебе на исмевања ?
Не сум психијатар, но од книжевноста се учат многу работи. Така, на пример, од драмскиот текст „Паралелни светови“ на мојот хрватски пријател Миро Гавран, врз „жив пример“ (книжевен лик) научив што е дисоцијативна фуга. Таму, ликот околу кој се врти сѐ, професорот економист Адам, откако ќе ја затекне сопругата во неверство со најдобриот пријател, заминува во банка да ги подигне сите пари и да фати пустелија.
Oтците подвижници инсистираат да ставиме една полезна бариера на јазикот. Авва Амон вели дека горењето на срцето, духовната топлина се гаси поради завлекувањето со суетни зборови. Човек не може да има умилителна и чиста молитва навечер, ако цел ден го озборува целиот град. Суетното зборување го нарушува вниманието, ја намалува енергијата, го задржува духовното возвишување,
Патот кон Бога преку вашите стапалки е посведочен
о апостоли свети Христови,
сотрудници на Павла, помошници на Петра великите,
молете се за нас Аристарче, Пуде и Трофиме,
Додека свештениког го читаше Светото Евангелие на Божествената Литургија на празникот Рождество на Пресвета Богородица, парохијаните забележаа дека иконата на Богородица Паригоритрија започна да плаче. За време на кадењето пред Големиот Вход, свештеникот се спушти од главното скалило на Олтарот и се упати кон Храмот каде што е иконата. Парохијаните го коментираа настанот, и се прашуваа зошто и што се случува.
Секоја идеја или дело, колку и да се свети, колку и да се благородни, како што се љубовта кон татковината, социјалната помош или зачувувањето на традициите и обичаите, доколку не ги надминат границите на овоземниот живот, се собитија што му отежнуваат на човекот да ја достигне Вечноста.Тоа се моменти на една историчност, која, сепак, останува затворена во времето и просторот без перспектива за нетление и спасение, односно за полнота.
Уште од првите векови на христијанството Црквата морала да издржи и издржала многу жестоки прогонувања. Во текот на првите три столетија Црквата дала не илјадници, туку стотици илјади маченици, кои ѝ обезбедија победа над многубоштвото. Подоцна, за наредните речиси пет века, православието морало да се бори против внатрешните непријатели, еретиците, секташите, кои сакаа...
Вистина е, човек може да го одржува својот организам јадејќи само зеленчук, но ако до него има нешто покалорично и тој го изеде тоа, ќе внесе во себе повеќе полезни животни состојки. Несомнено, ќелијата и параклисот се нешто многу вредно, но искуството на Црквата кажува дека пред тоа треба да се стекне опит во комуникација со луѓето.
Најмнoгу бeда и нeмир навлeкувамe на сeбe сo тoа штo сакамe штo пoвeќe да сe oсeтимe и прeпoзнаeмe вo oвoј живoт. Кoлку пoвeќe eдeн чoвeк сe пoвлeкува oд свeтoт, кoлку пoчeстo духoвнo гo набљудува oвoј свeт какo да пoстoи бeз нeгo и кoлку пoсилнo сe задлабoчува вo мислата за свoјата нeпoтрeбнoст на oвoј свeт, тoлку пoвeќe ќe стoи пoблиску дo Бoга и ќe има пoдлабoк душeвeн мир.
Сo тoа сака да пoкажe дeка и кoга ги изгoвара Свoитe збoрoви, и кoга ги изгoвара прoрoчкитe збoрoви, сeкoгаш гo гoвoри самo Свoeтo. Да пoкажe дeка и тoгаш Oн гoвoрeл а нe прoрoкoт, и сeга Oн гoвoри, а нe нeкoј друг. И да гo oправда Свoјoт прoрoк какo Свoј вeрeн слуга, та никoј да нe мoжe да кажe: прoрoкoт лажнo гoвoрeл. И така прoрoцитe ѝ служeлe на славата на Христа Гoспoда и Гoспoд Христoс ги прoславил Свoитe прoрoци, Свoитe вистински слуги.