логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Митрополит Струмички Наум:
Различни блаженства (18.12.2021 16:51)


Прочитајте ги блаженствата внимателно, за да ја забележите разликата:
„Кога го виде народот, Он се искачи на планината; а штом седна, учениците Негови се приближија до Него. И кога ја отвори устата Своја, ги поучуваше и говореше:
’Блажени се бедните по дух, зашто нивно е Царството Небесно. Блажени се оние што плачат, оти ќе се утешат! Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата! Блажени се гладните и жедните за правда, оти тие ќе се наситат! Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани! Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бог!
Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји! Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е Царството Небесно! Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно – заради Мене! Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на Небесата!‘“ (Матеј 5, 1–12).
Обрнете внимание понатаму: претходниве, би ги нарекол посебни блаженства, изречени пред Неговите Апостоли, насамо, горе на планината, се разликуваат од обичните блаженства, кои Богочовекот Христос ги говори пред верниот народ, откако излекува многу болни и опседнати, долу на рамното – како што читаме во денешното евангелско четиво:
„Па како слезе заедно со нив, Он се задржа на едно рамно место; беа таму и мнозина Негови ученици и многу луѓе од цела Јудеја и Ерусалим, и од приморјето Тирско и Сидонско, кои беа дошле да Го чујат и да се исцелат од болестите свои, како и оние што страдаа од нечисти духови; и се излекува.
И сиот народ сакаше да се допре до Него, зашто од Него излегуваше сила и ги лекуваше сите. А Он, како ги подигна очите кон учениците Свои, им говореше: ’Блажени сте вие, сиромашните, зашто ваше е Царството Божјо! Блажени сте вие што сега гладувате, оти ќе се наситите! Блажени сте вие, кои сега плачете, оти ќе се насмеете! Блажени ќе бидете, кога ќе ве намразат луѓето, и ќе ве одделат и похулат, и го исфрлат името ваше како лошо, заради Синот Човечки! Зарадувајте се во оној ден и развеселете се, оти голема е наградата ваша на небесата. Зашто така постапуваа со пророците и нивните татковци!‘“ (Лука 6, 17–23).
Дали забележавте и самите? Едно е да си сиромашен, а друго е да си беден по дух. Едно е да гладуваш за леб, а друго е да си гладен и жеден за правда. И едно е само да ве намразат, одделат и похулат, а друго е и физички да ве прогонат, заради Божјата правда – Христос.
Господ Христос на сите им се обраќа согласно нивото на нивниот духовен развој. Оние кои водат природен начин на живот – Апостолите, ги поучува како од просветленост да достигнат обожение, а оние кои водат противприроден начин на живот (растројство, неврози), како и оние кои се наоѓаат на степенот на очистување на своето срце од страстите – неопитниот народ, ги поучува како да достигнат до степен на просветлување на умот и да влезат во природниот начин на живот.
Обичните блаженства од денешното евангелие посебно се однесуваат на христијаните кои не водат активен духовен живот, односно на оние кои волно не се подвизуваат или не се подвизуваат доволно, па затоа се подложни на реални неволни страдања: сиромаштија, глад, страдање (болест) и плач, како и на оние кои ќе претрпат само потсмев и презир, но не и физички прогон, заради Богочовекот Христос.
Сепак, секое едно, па макар и такво блаженство, од перспектива на Царството Небесно, е дар Божји, иако нам, додека го доживуваме, не ни изгледа баш така. Да се задржиме малку на сиромаштвото како најраспространет и најактуелен дар Божји и да го споредиме со богатството.
Целиот наш живот, без поговор, е дар Божји. И сиромаштвото е голем дар Божји, кога сиромавиот со смирение и трпение Му благодари на Бог за него, и го препознава овој дар. И богатството е дар Божји, кога богатиот со смирение и трпение им служи на сиромасите со своето богатство, и на тој начин Му благодари на Бог за него и го препознава овој дар.
Кога луѓето би ги препознавале даровите Божји и нивната смисла, и кога со смирение и благодарност би се однесувале кон нив, даровите Божји би служеле како средство за нивно соборно надградување и остварување на нашата заедница во Богочовекот Христос – која е нашиот најголем дар Божји – и би служеле како средство за наше духовно богатење и преобразување.


Гледаме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник. Затоа, секогаш кога со своето богатство ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат, ние не собираме за себе, туку се богатиме во Бог. Со други зборови, само на тој начин можеме да Му благодариме на Бог, кога Неговите дарови повторно Нему Му ги принесуваме: „Твои дарови од Твоите, Тебе Ти ги принесуваме за сите и за сè“.


Делотворниот однос на благодарењето, од севкупниот наш живот, соборно се исполнува со нашето редовно учество и причест во Светата Евхаристија (Благодарење) на Црквата Божја.
И свети Николај, чиј спомен го чествуваме денес, бил богат, но истовремено милостив и дарежлив кон сиромашните – уште пред да стане епископ. Има една народна поговорка која вели дека не треба да го мразиме свети Никола поради попот Никола, но најточно е дека треба да го љубиме секој Никола и секој друг човек – без оглед кој е и што е, ако навистина го љубиме свети Николај – бидејќи тој бил милостив и ги љубел сите. Впрочем, поради тоа и е свети Николај.


И нешто лично. Кога бев млад, не многу го почитував свети Николај; повеќе сакав светии – големи теолози, како свети Григориј Палама, Василиј Велики, Григориј Богослов итн. Но, Бог ме смести, како монах, токму во манастирот Григоријат посветен на свети Николај. Во таква обител не може а редовно да не се среќаваш со интервенциите во твојот живот на сите светии кои таму се почитуваат; и да не ги возљубиш многу. Покрај свети Николај, тука беа и свети Григориј Григоријатски, света Анастасија, светите Кирик и Јулита. На пример, за секоја болка или болест што ќе се појавеше во нашиот живот ние, наместо на лекар, најпрво одевме во параклисот на света Анастасија и се помазувавме со маслото од нејзиното кандило, и најчесто сѐ одеднаш ни поминуваше. Така, и до ден-денес, во секоја црква што под мој надзор се гради гледам секогаш да има место за нивните ликови, на фреските и иконите.


И да заклучиме, никој не може да се нарече богат, односно подобен на Бог, без да ги збогатува и другите околу себе – пред сѐ, во духовна, но и во материјална смисла на зборот. И никој не може да се нарече блажен без да претрпи секаква неволја, како дар Божји, со благодарност.


Господи Исусе Христе, преку Пресвета Богородица, а поради молитвите на свети Николај Мирликискиот Чудотворец, помилуј нѐ!


Митрополит Струмички Наум

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2013
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2034
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 483
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

06/05/2026 - среда

Преполовение: Премудроста Божја; Светиот великомаченик Георгиј; Светиот маченик Лазар Нови;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная