.Човечкото срце – слично на сад. Она што е садот, тоа е и срцето човечко, вели истиот светител.
БEСEДА за раздeлувањeтo на службата и звањeтo
Какo штo вo чoвeчкoтo тeлo разнитe oргани имаат различни служби, нo ситe дeјствуваат вo хармoнија за дoбрoтo на цeлoтo тeлo, така Гoспoд вoстанoвил и вo Црквата, кoја e Нeгoвo тeлo, разни oргани сo разни служби. На првo мeстo дoаѓаат апoстoлитe на кoи нe им e дадeна самo eдна чeст, нo ситe пoчeсти на службата, нe eдна служба, нo ситe служби, нe eдeн дар, нo ситe благoдатни дарoви.






Некој американски турист го посети стариот монах и со восхит сфати дека тој живее само во една соба со икони и книги. Стол, полица и тоа е целиот мебел ...
И никој без борба не може да стекне невенлив венец и живот вечен, зашто сегашниот живот сличен е на борилиште. Совршените борци радо и без приговор тргнуваат во борба, а плашливите и разгалените постојано ја одбегнуваат.
Замисли си една лоза, богата со нежни ластари, зелени листови и сочно грозје. Колку е само убава! Но, кога ќе ја соберат, остануваат само лисјата. Малку по малку, таа и лисјата ќе ги отфрли и, што ќе видиш? Голотија, од која сè паднало на земјата и изгнило.
Чествувањето започна со Вечерна богослужба во црквата „Св. Спас“ во Драчево, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион,
Секој ден ни се случуваат различни искушенија, кои го имаат за цел нашето духовно здравје. Се случува некој колега или член на нашето семејство да ни направи забелешка, сакајќи да не натера да го загубиме свото самовледеење. За нас тоа ознчува: треба по внимателно да ги ...
Бидејќи, штом почнеме и најмалку да се сомневаме во другиот и да обрнуваме внимание на она што тој прави, нашиот ум веќе не внимава на своите грешки. А после тоа веќе доаѓа озборувањето, осудувањето и презирањето на другите, и на крај, неминовно – паѓање во оној ист грев, кој го осудуваме кај другите.
Нашата плот со нејзините страсти и похоти можеме да ја распнеме преку воздржание од нив, како и преку дејства кои им се противположни на страстите. На пример, кога гневот нѐ побудува да му злословиме на непријателот и да му правиме зло, ние, сепак, ќе ѝ се спротивставуваме на таа желба; спомнувајќи си како Исус Христос на крстот се молеше за Своите непријатели, па така да се молиме и ние за нашите, и на таков начин ќе ја распнеме страста на гневот.
Ги исповедам jac многугрешниот (името) на Господ Бог и Спасителот наш, Исус Христос и тебе, чесен оче, сите мои согрешенија и сите злодела кои ги направив, или помислив во сите дни од мојот живот, до ден денес. 
На празникот Воведение на Пресвета Богородица - Пречиста, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен, Епископот Полјански г. Јаков и бројно свештенство на Повардарската епарјхија отслужи Света Архиерејска Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. На Литургијата со празнично слово се обрати новоизбраниот Епископ Полјански г. Јаков.
Во 1929 година заедно со уште еден од неговите родени браќа стапија во Скитот Сихастрија, каде што веќе монахуваше нивниот постар брат. На почетокот беше поставен да ги пасе овците од скитот, служење кое го исполнуваше со голема духовна радост. Откако ја исполни својата воена обврска (1935-1937), стана монах во истиот скит.
Вечерта пред спиење повторно да ги приклониме колената и да Му принесеме наши молитви на Бог. Во средината на денот или навечер да го отвориме Новиот Завет и да прочитаме барем една глава од таму. Затоа свети Затоуст вели дека ѓаволот бега од куќата каде што е Евангелието
Денес, на празникот Воведение на Пресвета Богородица, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум излезе најновиот том „Житија на светиите“ за месец октомври, во чест и слава на Преблагословената Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија, преку Која секој Божји дар го добиваме, и во чест на светиот отец наш Григориј Палама, заштитникот на Струмичката епархија, и светиот великомаченик Димитриј Мироточив, кому му е посветен храмот што ги издава „Житијата на светиите“.
Никoј да нe сe oддeлува oд oпштoтo славeњe на Бoга; и никoј да нe пoмислува дeка нeгoвoтo славeњe на Бoга, вo oдвoeнoст и пoсeбнoст e пoдoбрo oткoлку славeњeтo на Бoга вo eдинствo и вo цeлина на ситe вeрници. Нe e вистина дeка eдeн члeн сe губи вo мнoзинствoтo, та нeгoвиoт глас прeд Бoга нe сe слуша. Зарeм раката нe гo извршува свoeтo дeлo најдoбрo кoга e вo цeлина сo тeлoтo?
Божјата Промисла се грижи за нас, така што и нашите најмали телесни тешкотии не остануваат незабележани од Негова страна. Како последица на тоа, секој од нас при телесна тешкотија треба вака да размислува: оваа болест или друга незгода е последица или на мојата невнимателност или на човечката злоба или на нешто друго, но во секој случај не би се случила без Божјата Промисла, која ја одредила според моите сили, така што нејзиниот почеток и нејзината тежина (ослабување или засилување) зависи од Него.
Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје Ве поканува на Вториот Светиклиментов научен собир по повод 1000-годишнината од Охридската Архиепископија и 60-годишнината од Македонската Православна Црква на тема „Вера и општество“. Собирот ќе се одржи во свечената сала на Факултетот на 06.12.2018, со почеток во 10:00 часот.
























