логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

БОЖЈА ПРОМИСЛА – Свети Јован Тоболски (1651-1715)


Глава Ι. Во светот нема ништо случајно.

Глава ΙΙ. Божјата промисла за нашите потреби.

Глава ΙΙΙ. Сите несреќи и неволји се случуваат по Божја волја.

Глава IV. Бог допушта неволји и гревови заради доброто на луѓето.

Глава V. Несфатливост на Божјите судови.

ГЛАВА Ι

Во светот нема ништо случајно

Што е тоа промисла? Тоа е едно од основните Божји својства – да гледа сè што постои, што постоело и што ќе постои во иднина и поседува семоќна грижа за зачувување на созданието и разумно управување со настаните кои таа ги остварува. Свети Јован Дамаскин за ова го вели следново: Промислата е Божја волја, која содржи сè и со сè разумно управува.

Она што нам ни се чини случајно, всушност се случува по Божја волја

Доколку разгледуваме било какви настани и појави, не проникнувајќи до нивните причини и последици, тогаш многу нешта ни се чинат случајни. Доколку гледаме на нив од витинската гледна точка, односно доколку судиме за појавите по Божја Промисла, ќе видиме дека во светот нема ништо случајно, што се случува без Божја волја и Промисла. Божјата Промисла (Божјата грижа) е безгранична и опфаќа се што можеме да замислиме. Семоќниот Бог во еден миг продира и ги гледа сите места: висината на небото и ширината на земјата, длабочината на морето и незнајните места во подземјето.

Во сите дела на Божјото управување прекрасно свети Неговата Промисла и грижа, која не само што се остварува на својата творба, туку ì е својствена нејзе и пребива во неа. Ние слепите, мислиме дека многу работи се случуваат по слепа случајност, тогаш кога сè без исклучок се случува според предвечната Божја Промисла и Неговата добра волја.

Августин точно рекол: Сè она што несфаќајќи сметаме дека се случува случајно, неразумно и без било каква Божја Промисла, всушност се случува по Божјо уредување. Да го објасниме тоа преку следниот пример: Сопственикот ги праќа двајцата слуги на едно исто место, ама по различни патишта, не кажувајќи му за тоа ни на едниот ни на другиот. Нивната средба на тоа место е СЛУЧАЈНА во однос на нив самите, тие не знаеле дека ќе се сретнат, но не е случајна во однос на нивниот сопственик. Така сиромавиот пронаоѓа закопано богатство случајно, но за Бог, кој сакал богатството да биде таму закопано, за да може сиромавиот да го пронајде и да се збогати –  тоа веќе не е случајност, туку Божја, татковска Промисла, со која се збогатува сиромавиот. Кај Бог нема случајност. Често се залажуваме нарекувајќи го случајно она, во кое се открива највозвишената Божја Премудрост и Промисла.

Библиски примери

Разбојниците не го фрлиле во гробот на Елисеј случајно телото на човекот што го убиле, каде што истиот допирајќи се до коските не Елисеј, во истиот миг оживеал. Мојсеј не бил случајно ставен во кошница од трска и пуштен по реката, каде што го нашла фараоновата ќерка и го посинила. Ахав царот Израилски, не бил случајно погоден со стрела, која пролетала низ шевовите на панцирот, а тоа навистина се случило поради невниманието на војникот кој ја отпуштил (2. Лет. 18, 33). Вистина е дека таа стрела била насочена со Божја рака, како и онаа која го погодила Јулијан Отстапникот, тоа била случајност само за оној кој ја отпуштил стрелата. Не случајно врапци влетале во Товитовиот дом и овој добротворен маж го ослепеле. Испуштајќи му измет во очите (Товит 2,10). Тоа се случило по Божја волја за да се покаже неговото трпение како пример за наредните генерации, што се гледа врз основа на зборовите на ангелот, товитовиот придружник. Ништо не се биднува случајно. Не била случајна наредбата на царот Август да се изврши попис на сите жители во времето на Исусовото раѓање (Лук 2,1). Христос не се сретнал случајно со Самарјанката кај Сихарскиот извор и разговарал со неа. Сето тоа било предодредено и запишано во книгите на Божјата Промисла уште пред сите векови.

„Случајното“ Давидово избавување од рацете на Саул

Царот Саул непрестајно го гонел Давида сакајќи да му го одземе животот, но тоа гонење било залудно бидејќи Бог го штител Давида. Кога Давид се криел во пустината Маон, Саул дошол тука со голем број свои војници; тие го опкружиле Давида од сите страни, уништувајќи ја секоја негова надеж за избавување. На сите им се чинело дека Давид, слично на ѕвер, е опколен од сите страни со мрежи и пси, и сите мислеле дека се наоѓа во очајна ситуација. Саул речиси и да бил победник (кога го опколил Давида со својата војска) и на сите им изгледал како лав кој во своите заби го носи пленот. Но попусто: Бог го сокрил и го заштитил Давида, бидејќи ненадејно до Саул дошол известувач со вест за напад од Филистејците, велејќи: „Побрзај и дојди бидејќи Филистејците ја нападнаа земјата“. Овој „случај“ што Бог го уредил му го спасил животот на Давида и неговата слобода: лукавите замисли на неговите непријатели биле разрушени со чудната Божја Промисла.


Непрестајното Божјо промислување за секого од нас

Често пати Бог, мудро промислувајќи за нас, нè води по макотрпни, едвај проодни, животни патишта, но Он добро знае по кои патишта нè води во Своите рајски градини. Зошто да насочуваме тажни пискоти против најмудриот и многу сигурен Патеводител во нашиот живот? Зошто, доколку одиме по патот што Бог ни го одредил, да велиме: „Каде нè водиш? Изгледа одамна сме застраниле од вистинскиот пат“. – „Не тагувај, пријателе мој! –  таинствено ни говори Бог: Само верувај Ми. Ќе те однесам среќно и нема да зажалиш кога ќе го завршиш патувањето“. Така секој од нас го следи Божјата Промисла на животниот пат од денот на раѓање до денот на влегување во вечен живот, само доколку останеме верни на Божјото раководство, на кое нам нашиот Спасител ни укажа во Своето Свето Евангелие.

Околностите при поставувањето на Саул за цар

Говорејќи за Божјата Промисла, не можеме а да не ја спомнеме историјата за израилскиот цар Саул, кого неговиот татко го пратил да ги пронајде изгубените магарици, а тој го пронашол своето царство. Да ја разгледаме тука Божјата Промисла за овој маж. Бог му рекол на пророкот Самуил: „Утре во ова време, ќе ти пратам човек од земјата Венијаминова, и ти помажи го за цар на Мојот народ – Израилот“. Бог го пратил Саул кај Самоил на следниов начин: На Сауловиот татко му побегнале магариците и овој го пратил својот син Саул да ги бара. Саул земајќи го со себе еден од слугите тргнал да ги бара. Саул ја минал гората Ефремова и земјата Селха, но не ги пронашле магариците, и ја минале и земјата Сегалимска и земјата Венијаминова, но пак не ги нашле. И кога дошле во земјата Сифова, Саул му рекол на слугата, својот сопатник: „Да се вратиме назад, зошто татко ми нема веќе да се грижи за магариците, туку повеќе ќе биде загрижен за нас и ќе биде принуден да не бара. На тоа слугата му рекол: „Еве, во овој град има еден Божји човек. Тој е многу почитуван човек. Сè што ќе каже тој се исполнува, би можеле да го прашаме за магариците?“ Саул овој совет од слугата го сметал за разумен и корисен. Ете на кој начин Бог го пратил Саул кај Самуила. Но пред да се видат еден со друг и да почнат да разговараат, Господ му открил на Самуил, дека Саул е човекот што треба да се помаже за цар на еврејскиот народ. Сето тоа се случило по Божја Промисла, по обичен и очигледен редослед: Саул ги нашол магариците и покрај тоа добил и царство за кое никогаш не размислувал. О колку е несфатлива Божјата Промисла! Каква најголема тајна! Како Божјите судови се разликуваат од човечките мисли: Саул воопшто не размислувал за царски венец и престол, но по Божја волја бил доведен на престолот. Значи, магариците не побегнале случајно, Саул не бил случајно пратен да ги бара, исто така не било случајно тоа што подолго време не можел да ги најде, и слугата не му дал случајно совет на својот сопственик да оди кај пророкот Самоил: сето тоа се случило според Божјата Промисла и тајно сугерирање на извршителите на Неговата волја за Саул да биде поставен за цар на израилскиот народ.

Дилемата за Саул

Притоа само по себе се раѓа прашањето: Поради што на Бога му било угодно да го помаза Саул за цар, ако Бог за него предвидел дека најпосле ќе западне во нечесност и бедно ќе го заврши својот живот?

Наместо директен одговор ќе предложам свои прашања: Поради што Бог во Својата благодат ги создал ангелите, за кои однапред знаел дека ќе му се спротивстават на Бог, и ќе бидат за век и веков отфрлени од Него заради гревот и ќе мачат во пеколот? Поради што Бог го населил Адам во рајската градина, кога знаел дека Адам кратко ќе живее во рајот и ќе биде изгонет од него? Поради што Христос го примил за свој апостол Јуда Искариот, за кого однапред знаел дека ќе биде Негов предавник? Поради што Христос ги пратил своите апостоли во Самарјанското село, знаејќи однапред дека тие таму нема да бидат прифатени? Која е причината за таквите Божји одлуки? Но таквите случаи ги има илјадници.

Објаснување на блажениот Јероним

Блажениот Јероним вака одговара на слични прашања: „Сакаш да ја дознаеш причината за таквите одлуки? Еве ја: Бог не ги гледа идните постапки, туку сегашните, и никого не осудува по своето Провидение, иако знае дека моментално добриот човек ќе се промени во лош. Он при сето тоа според Својата милост го поставува на таква позиција која тој моментално ја заслужува и на тој начин му дава сила, за во случај да падне да се обрати на вистинскиот пат преку покајание. Адам не згрешил поради тоа што Бог го предвидел неговиот грев, но затоа Бог предвидел и дека Адам ќе згреши по својата слободна волја”.

Расудувањето на св. Амвросиј

Слично на ова расудува и светиот Амвросиј: „Адам не згрешил затоа што добил заповед, или Јуда затоа што бил избран меѓу апостолите, бидејќи Бог не би наложил такво нешто: на едниот да ја погази заповедта, а на другиот – да стане предавник. Двајцата кога свето би ги зачувале своите обврски би можеле да се воздржат од гревот. Оние за кои Бог знае дека ќе водат добродетелен живот на почеток често пати се зли, а оние кои Он знае дека ќе згрешат и ќе станат зли, на почеток се добри. Стоиш ли моментално, варди се да не паднеш. Светиот Апостол Петар паднал: ти биди внимателен. Јуда паднал за да те предупреди за паѓањето.

Божјата помош и човековата желба треба да се совпаѓаат

Никаков наш труд ниту ревност не можат да нè сочуваат без Божја помош, но и Божјата помош без човечка желба (волја) нема да ни донесе полза: Примери за тоа се Петар и Јуда. Ние треба да избегнуваме крајности: не треба да бидеме мрзеливи препуштајќи сè на Бог, а исто така не треба да мислиме дека сами по себе без Божјата помош и Неговата волја, можеме било што да сториме. Бидејќи и самиот Бог не прави сè, за да не нè остави неработни, а исто така не ни предава сè нам да правиме, за да не се возгордееме: Бог нè оддалечува од сето она што може да ни штети, а нè потикнува и ни помага да го правиме она што е за нас корисно.

Никој не може да се сокрие од Бога

Повторно потсетувам на Сауловиот пример: колку била прекрасна Божјата Промисла за него! Бидејќи тој кој во својата злоба повеќе пати се трудел да го погуби Давида самиот бил опколен од многубројната Филистејска војска и отфрлен од Бога се обратил кај гатачката, прекршувајќи ја Божјата заповед. Таа ја повикала душата на веќе починатиот пророк Самуил кој навестил брза и неизбежна погибел. Немајќи храброст ниту да го избегне, ниту да го поднесе погубувањето, Саул го забил својот меч во земјата, се фрлил врз него и на тој начин сам си го одзел животот (1. Цар. 31, 4; подетално за овие настани во 18-31 гл. 1 кн. Цар.). Казната и одмаздата на прекршителите на Божјиот закон се неизбежни. Саул самиот се предал на смрт, за да го избегне непријателското потсмевање, бесчестење и навреди, но не го избегнал ни тоа, бидејќи Филистејците му ја отсекле главата од мртвото тело, телото го фрлиле на ѕверовите и птиците како храна, а главата ја носеле со потсмев низ цела Палестина! О, Боже! Никој не може да се сокрие од Твојата Промисла ниту да ги избегне Твоите судови. Како што на точна вага се мери рамнотежата и претоварот, така и кај Бог сè се мери со вистина (Изрек. 16, 11).

Мудри судови Божји

Божјата Промисла треба да ја набљудуваме со најголема мудрост: обично секој престап не се казнува во истиот миг, но од друга страна не останува ни потполно без казна. Ако Бог не би казнил ниедно зло дело, тогаш многумина би помислиле дека никаква Промисла и нема. А ако по секој престап неизбежно би следела казна, тогаш во тој случај би верувале дека по смртта нема ни награда, ни казна. И затоа Бог казнувајќи само некои престапи, ја остварува својата Промисла; ако некого не го казнува во истиот тој миг по престапот, тогаш му се заканува казна по смртта во идниот живот, доколку не се покае во овој.


Бог сè врти на добро – дури и нашите гревови

Сите животни неволји Бог ги врти во наша полза и за наше добро: допушта паѓање во грев заради постигнување и завршување на недостижните, таинствени дела на Своето Богоуправување. Бидејќи и правењето добри дела и допуштањето на лоши е својство, кое исклучиво ì припаѓа на Божјата Промисла. Навистина, никогаш Бог не би допуштил зло, кога не би бил толку силен и добар та од секое зло дело да направи добра последица. Кога во светот се појавило поголемо зло од Адамовиот престап и убиството на Христос – Спасителот, новиот Адам? – Меѓутоа, првородниот грев го симнал Бог од небото на земјата заради примање на Себе човечко тело; Христовата смрт ни го отвори небото и ни врати сè што изгубивме во Адам. Највозвишениот Бог е истовремено и најмудар уметник, кој го претвора секое зло дело во причина за најдобри последици, слично како што од груба маса се добива злато. На оние кои го љубат Бога сè им врви на добро (Рим. 8, 28). Гревовите на Магдалина им послужија на многумина како повод за сопствено исправување. Падот на Петар за безброј луѓе беше пример за вистинско покајание. Со неверувањето на Тома многумина се утврдија во вистинитоста на Христовото Воскресение. Оттаму се гледа најголемата Божја слава: „Жнееш, каде што не си сеел“. Бог не посеал гревови, меѓутоа од нив собира богата жетва на добродетели. Навистина Бог точи мед од камен, и елеј од цврст камен, кога од најголемите злодела прави најдобри последици.


На кој начин треба да се размислува за болестите и несреќите

Божјата Промисла се грижи за нас, така што и нашите најмали телесни тешкотии не остануваат незабележани од Негова страна. Како последица на тоа, секој од нас при телесна тешкотија треба вака да размислува: оваа болест или друга незгода е последица или на мојата невнимателност или на човечката злоба или на нешто друго, но во секој случај не би се случила без Божјата Промисла, која ја одредила според моите сили, така што нејзиниот почеток и нејзината тежина (ослабување или засилување) зависи од Него. На ист начин од Божјата Промисла зависи и начинот на исцелување на тегобата. Тој го вразумува лекарот и укажува на средствата, или се спротивставува на сè, бидејќи и доброто и лошото, животот и смртта, сиромаштијата и богатството се од Господа (Сирах. 11, 14). На ист начин за сè што ни се случува, за сите настани, треба да расудуваме дека се предвидени и допуштени од Бога. Непријателот те навредува и проколнува – знај дека сите негови хули и зборови кои ги говори со злобната уста, ставени се на вагата на Божјата Промисла уште пред вековите: колку што му е дозволено толку и ќе каже, и ниеден збор повеќе од тоа. Зошто ти залудно се противиш и гневиш? Така исто размислувај и за сите други твои неволји чие што случување, број, траење и крај ги одредува Бог. Затоа покори ì се на Божјата Промисла говорејќи како во псалмите: „станав како нем – кој не ја отворам устата своја“ (Псал. 37, 14). Нека биде волјата Твоја, Боже мој! По Твоја Промисла и допуштање сè се случува. А доколку Ти си го уредил тоа, тогаш јас би бил несреќен беззаконик доколку би ти се спротивставил. Значи, на Твојата света волја, Боже мој, се предавам во сè и со благодарност ќе примам од Тебе сè што ми праќаш и со трпение ќе го поднесам.

Дилемата која се однесува на благосостојбата на нечесните и страдањата на праведниците

Августин вели: „Се бранува животното море, и Ти Господи, гледаш дека злобните напредуваат, а добрите се угнетувани: ете искушенија, ете бура. Господи Боже! Во тоа ли е Твојата вистина злобните да бидат во благосостојба, а добрите да страдаат? – И Бог ти одговара: Дали е тоа твојата вера? Дали Јас ти ветив благосостојба? Или ти затоа се нарекуваш христијанин за да се насладуваш со земските успеси? (бл. Августин, Толкување на 55-ти псалм). Да се смириме пред Бога и да ги смириме нашите срца со вера во Божјата Промисла кога гледаме дека нечесните владеат, а благочестивите страдаат. Ништо од тоа не би било ако Бог не би го допуштил, Он навистина не би го допуштил, доколку би немал доволно причини, поради кои смета дека е подобро да ги допушти отколку да ги спречи. Ќе речеш: Од тоа допуштање настануваат многубројните неволји и најголемите бунтови. Може да се жали за тоа, ама трезвено: бидејќи според многу праведни причини така Му било угодно на Бог, Кој од најголемото зло може да направи прекрасно добро, толку лесно, како што лесно се вади меч од футрола.

Во идниот живот сè ќе биде разјаснето

Не се чуди што Божјите судови се таинствени и несфатливи: на Второто доаѓање Христово, во денот на Страшниот Суд, животот на секој човек ќе биде претставен како во огледало. Ќе биде разјаснета и секоја причина заради која Божјата Промисла го уредила овој или оној настан и поради што така било уредено насекаде: во сите царства, градови, семејства и со секој човек. Сè ќе се открие. Ќе се открие како Господ бил милостив кон грешниците и секој од нив помалку или повеќе ќе остане без одговор; а исто така ќе се покаже во кој степен бил во согласност начинот на Божјото управување со светот со Неговата слава и правда, и колку бил доличен и благодатен за секоја твар.


Бог од зло прави добро

Да не заборавиме дека Бог од секое зло прави некое добро. Што било потажно од гревопадот на Адам и Ева со целиот човечки род? Меѓутоа Бог така ги подигнал што сегашната положба на христијаните е повисока од Адамовата рајска положба. „Ние, пак, Го проповедаме Христа распнатиот, Кој е за Јудејците соблазан, а за Елините безумство; за повиканите, пак, како Јудејците, така и Елините, Христа како Божја сила и Божја премудрост; меѓутиа таа станала спасение на целиот свет, на сите повикани чест и слава и стекнување на вечниот блажен живот (1. Кор. 1, 23-24).

Превод од српски јазик:

Јаков Илкоски, дипл. инженер по биологија

Наслов на изворникот:

Свети Јован Тобољски, Божији Промисао

Извор: https://crkvaveles.wordpress.com/2011/10/12/%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%81%D0%BB%D0%B0-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D1%98%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD-%D1%82%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B8-1651-1/?fbclid=IwAR3ULy-PAFDuizcgaqJ6vgsEO9NqmBpnqhrDV3yribb5DVr5DVbbZFa7cM4



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

23/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф; Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот; Светиот маченик Гемел; Преподобен Тома Дефуркин;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная