176. Што подразбираме под зборот „воплотение“?
Со зборот воплотение се подразбира тоа дека Синот Божји врз Себе примил човечка плот, освен гревот, и станал човек, притоа не престанувајќи да биде Бог.
- 177. Зборот воплотение е позајмен од зборовите на евангелистот Јован: Словото стана тело (Јн. 1, 14).
178.Зошто е речено дека Бог се воплоти?
Во Символот на верата откако е кажано дека Бог се воплоти, додадено е дека Тој и се вочовечи. Тоа е направено за никој да не мисли дека Синот Божји примил само плот или тело, туку за во Него да признаат совршен Човек, Кој се состои од тело и душа.
- 179. За тоа постои сведоштво во Светото писмо. Апостол Павле пишува: еден е Посредникот помеѓу Бога илуѓето - Човекот Христос Исус (1 Тим. 2, 5).
Извор:
Со благослов на митрополитот
Кумановско-осоговски
Г. д-р Јосиф
Наслов на оригиналот:
Пространнми Православнми Катихизис Православнои Кафолическои Восточнои Церкви
Лектура:
Петар Георгиевски
Графички дизајн:
Милан Јаковчевски
Печати:
Нипонграфик, Охрид
ИЗДАНИЕ НА ЕПАРХИСКИОТ ЦРКОВНО-ПРОСВЕТЕН СОВЕТ
НА КУМАНОВСКО-ОСОГОВСКАТА ЕПАРХИЈА