логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Скопје, 06. 12. 2008 г.

Храмот на Свето Вознесение во Драчево

Bog.patronat22.jpg

На  06. 12.2008 година, по четриесет и први пат,  Македонската Православна Богословија која го носи името на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент Охридскиот- Чудотворец, го прослави својот небесен заштитник.  

Во храмот на Свето Вознесение во Драчево, со Вечерна богослужба  со која чиноначалствуваше Брегалничкиот Митрополит г. Иларион  заедно со свештеници на Македонската Православна Црква, започна  одбележувањето на споменот на св. Климент Охридски.

На Вечерната богослужба, својот архипастирски благослов го даде Неговото Блаженство,  Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, а на службата присуствуваа и  Митрополитот Повардарски г. Агатангел,  и ректор на Богословијата, Митрополитите Полошко-кумановски г. Кирил, Дебарско-кичевски и Плаошки  г. Тимотеј, Брегалнички г. Иларион и  Митрополит  г. Горазд. По завршувањето на богослужбата, во училишниот параклис на Богословијата се одржа духовна академија во чест на св. Климент Охридски.

Bog.patronat22.jpg Bog.patronat10.jpg


 Македонска Православна Богословија

Bog.patronat22.jpg

Bog.patronat22.jpg

 Bog.patronat24.jpg

„По повод, патрониот празник на нашата Македонска православна црква, а воедно и на Македонската Православна Богословија, оваа вечер се собравме да го одбележиме споменот на нашиот сехвален и рамноапостолен свети Климент Охридски - Чудотворец.
За Македонската Православна богословија постојано велиме дека е наследничка на Светиклиментовиот универзитет, кој имал за цел да подготви луѓе, кои со свештеничката служба ќе ја шират писменоста и христијанизацијата меѓу нашиот народ, па и пошироко.
Свети Климент Охридски, нашиот закрилник и молитвеник пред Бога, измоли и оваа вечер да бидеме собрани овде и да го славиме неговото и Божјото Име. Како негови наследници имаме чест и обврска достојно да го следиме неговиот пример и свето дело, зашто тој е основоположник и поборник (покровител) на нашата Македонска православна црква која е втемелена во Охридската архиепископија.
Му благодариме на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан што дојде да ја зголеми свеченоста и да подели архипастирски благослов.“ - порача прф. Орачки

Bog.patronat10.jpg


Bog.patronat10.jpg

На почетокот на академијата, Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошко - Струшки г. Тимотеј  го благослови и  прекрши празничниот леб, а потоа,  пофално слово за светителот, произнесе  професорот  по јазици( старогрчки, англиски и руски),  г-дин Георгиј Глигоров, во кое  ја  опфати  особено теологијата на св. Климент Охридски.  Како дел од прославата, на  двата анонимни конкурса (богословски и поетски),  беа доделени  награди на  најдобрите  ученички трудови, а професорот по македонски јазик г-дин . Ѕвонко Трпевски ги соопшти наградите за Светиклиментовите теми и песни. Духовната академија ја затвори хорот на Богословијата, со неколку композиции од македонско- византиското музичко наследство.

Bog.patronat.jpg

      sv.Kliment.svJ.Zlatoust.jpg

„Во  Македонскта   православна   богословија  покрај   богословските науки се изучува и црковното пеење. Од пред 5 години, Македонската православна богословија со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква ја возобнови традицијата на источното црковно пеење. Почетоците на црковното источно пеење на црковно-словенски јазик се поврзани со градот Солун. Поточно, црковното источно пеење на територијата на Македонија започнало да се практицира околу средината на IX век, со брегалничката мисија на Светите Браќа Св. Кирил и Св. Методиј, а својот процут оваа пеење ќе го достигне во просветителскиот период на Свети Климент Охридски и Св. Наум Охридски, кое продолжува за време на македонската држава т.н. Самоилово царство кога е создадена и Охридската Архиепископија како автокефална црква на македонскиот народ. Оваа хронолошка традиција на Свети Климент на источното црковно пеење ја запазуваат Наум Миладинов, Калистрат Зогравски, Васил Икономов, Димитар Павлов-Штипјанин, Манасиј поп Тодоров, Андон Шахпаски и други.“

 

 Bog.patronat24.jpg

 Bog.patronat24.jpg

 Bog.patronat24.jpg

 Bog.patronat24.jpg

Antonio.Troja4.jpg

 Посети: {moshits}


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

 Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро. Со други зборови, иако Моравската мисија била прекината,

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

« »

Најнови вести

Православен календар

02/09/2026 - среда

Св.Самуил;св.вмч.Севир, Мемнон и др.

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Јоаким Осоговски  29 август/16 август  2026

Тропар на светиот Јоаким Осоговски 29 август/16 август 2026

Богоносен оче наш Јоакиме, си се јавил како жител на пустината, ангел во тело и чудотворец. Откако преку 

Тропар на Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) 28 август/ 15 август 2026

Тропар на Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) 28 август/ 15 август 2026

Господ, Којшто на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај го таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како...

Тропар на Преображението на Господ нашиот Исус Христос 19 август/6 август 2026

Тропар на Преображението на Господ нашиот Исус Христос 19 август/6 август 2026

Христе Боже, си се преобразил на планината, покажувајќи им ја на Твоите ученици Твојата слава,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная