логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка




На  платото пред книжарницата „Три“ во Градскиот трговски центар во Скопје се одржа промоција на новата книга на Митрополитот Американско-канадски г. Методиј “Doubletree requiem” (оплакување на една визија). На промоцијата присуствуваше и Митрополитот Струмички г. Наум. 


Денес, по повод празникот на Света Лидија – Македонка, првата покрстена европјанка, беше промовирана книгата на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот американско-канадски Методиј, “DOUBLETREE REQUIEM”. Промотер на книгата беше м-р Роберт Алаѓозоски, а свое обраќање имаше и госпоѓата Винка Саздова како издавач и претставник на издавачката куќа ТРИ со која отец Методиј има долгогодишна соработка.

“Најновиот поетски корпус на Митрополит Методиј Златанов претставува уште еден освоен врв во неговиот духовен алпинизам, и, особено, уште едно антологиско остварување во македонската уметност и поезија. Овојпат поетот Методиј Златанов се зафаќа со исклучително тешкиот музиколошки жанр - реквиемот.
Во латинските стихови на реквиемот доминира стравот од Бога, стравот од вечното страдање поради сторените гревови. За да се избегне страдањето, до Господа се упатуваат молитви, многу молитви, повторно и повторно, со цел тој да се смилува, да ги услиши нашите молитви, и да не избави од вечното страдање.
 Митрополитот Методиј го избегнува повторувањето на овие ставови. Тој до стиховите се држи тогаш кога се воспева Богочовекот, кога се потенцира гревот и несовршеноста наша, и кога смерно се бара прошка. Акцентот на стиховите кај Златанов не е на  смилостивувањето на Бог и на избавувањето од страдање. Златанов, преку низа маестрални стихови, ја признава својата и човечката несовршеност, и подготвен е да ја поднесе и признае тежината на гревот и несовршеноста. Уште повеќе, наместо милост, Златанов бара урнек, тој, го воспева Христа, и подвигот негов, секогаш безрезервно и со полно срце (изобилство метафори и именувања). За него спасот може да се постигне само преку Христа и неговиот подвиг. И барањето прошка и милост е само дел од осознавањето, и признавањето на сопствената несовршеност и недостојност“.

Свое обраќање кон присутните, меѓу кои беше и Неговото Високореосвештенство Митрополитот струмички Наум имаше и митрополитот Методиј:


“Заради појавата на оваа последна поетска книга од мојот поетски опус, односно најнова поетска книга од мојот поетски опус не и последна се разбира, поетска книга којашто заради љубовта којашто ја имам сакав да ја надополнам со уште нешто, а тоа е една инсталација којашто припаѓа на еден друг тип на поезија,  на конкретната кинетичка поезија. Значи поезијата којашто не се детерминира само во визуелниот координатен систем , значи поезија којашто не е само слика, не е само глас, не само значење, туку таа е и движење.
Тоа е првиот циклус наречен “Трипеснец” , заради тоа што тој во текстуална смисла се базира на традицијата на црковната химнографија, на тие кратки или скратени канони коишто токму овој период на Великиот пост се дел од црковната богослужба. Со тоа што тие заради таа своја динамичност, односно  за да ја откријат уште повеќе таа своја динамичност, немаат крај. Славата со којашто завршуваат е внатре во нив и тие песни и структурално, меѓутоа исто така и содржински се затворени во себе и може да се почне да се читаат од секој стих и да продолжат да се читаат до бесконечност.
На тој начин на црковната поезија којашто е сообразна на таговната радост или радосната тага на Великиот пост и се дава нејзината четврта димензија, а тоа е вечноста. Со таа вечност  јас ве поздравувам и ве прегрнувам“.


Известуваат: Е.Ј. и М.З.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Посети: {moshits}

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

« »

Најнови вести

Православен календар

 

15/07/2026 - среда

Полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква во Цариград; Св. Јувеналиј, патријарх Цариградски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди 

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената, молете го Владиката на сите,да и дарува мир на вселената,а на нашите души голема милост.

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2026

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2026

 Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная