логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


НОВ ПОХОД ЗА ЗАШТИТА НА ЈАЗИКОТ

Рампа за англиските компјутерски термини

Тим од петнаесетина стручни лица од наши научни и образовни институции ќе изработи прв лексикон со македонски преводи на сите зборови од компјутерската и информатичката терминологија, а на граѓаните ќе им се препорача да го користат


Наместо терминот „лаптоп“ во иднина ќе биде во употреба „преносен компјутер“

Вклучен наместо on line, исклучен наместо off line, пребарувач наместо explorer, интернет-страница, наместо web, ќе се користат како нови и официјални термини во компјутерската и информатичката технологија кај нас. Тие се дел од новите зборови што ќе бидат сместени во првиот официјален лексикон со македонски преводи на компјутерските термини. Лексиконот, по иницијатива од Министерството за информатичко општество, ќе го изработува тим од петнаесетина лингвисти, преведувачи, компјутерџии од десетина научни, образовни и државни институции. Како што најавуваат од ресорното министерство, тој ќе биде во електронска форма и ќе биде достапен за слободна употреба. Се очекува да биде завршен во втората половина од годинава.

- Земајќи предвид дека користењето компјутери од страна на повозрасната генерација зема поголем замав, а голем дел од нив немаат познавања од англискиот јазик, веруваме дека овој лексикон, а со тоа и преводот на компјутерските програми на македонски јазик, ќе ја олесни нивната работа. Свеста на македонскиот народ за зачувување на кирилското писмо и на македонскиот јазик, во последниве години е на повисоко ниво и со самото тоа, користењето на овие термини очекуваме да биде прифатено по сопствена волја на граѓаните - вели Лидија Милевска од Министерството за информатичко општество.

Придружен документ, а не attachment

Поради недостигот од речник со официјален превод на информатичките термини, англиските компјутерски зборови се одомаќинија во нашиот јазик. Така, наместо во придружен документ, текстови и слики се испраќаат преку attachment, а на интернет-страниците се појавуваат baneri наместо реклами. Слична ситуација постои и со транскрипцијата на имињата на техничките уреди, па наместо преносни компјутери, речиси сите продавници за компјутерска опрема продаваат лаптопи, како и аццессорис-елементи, ЦРТ-монитори, ТВ-тјунери. Како што најавуваат од ресорното министерство, со новиот лексикон се очекува да се отстрани таквата хаотична ситуација и да се прекине со своеволното и произволно преведување на специфичните компјутерски и информатички термини. Целта е на нашите граѓани да им подариме еден ваков лексикон, кој со текот на времето ќе почнат сами да го користат без некои наметнувања и строги правила - додава Милевска.

Во изработката на лексиконот ќе учествуваат стручни лица од Институтот за македонски јазик, од Катедрата за македонски јазик од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, од МАНУ, од Министерство за информатичко општество, Министерството за култура, Факултетот за електротехнички науки, претставници од Стопанските комори и од Европскиот универзитет.Од Институтот за македонски јазик велат дека преводите на термините нема да се буквални, туку ќе бидат добро осмислени и во согласност со значењето што тие го имаат во секојдневната употреба. Ќе бидат понудени конкретни препораки за замена на туѓите информатички термини со соодветни термини во духот на македонскиот јазик.

- На вакви проекти се работи во многу земји, но тоа е постојан процес со оглед на напредокот на информатичката техника, што секако се одразува и на терминологијата. Несомнено, преостанува да се изградува повисока свест за употребата и за грижата на македонскиот јазик во пошироката јавност, во образовната дејност. Поприфатливо е на најмладите да им понудите термини на мајчиниот јазик, а не тие да прифаќаат термини на јазик што не го познаваат. Исто така неопходно е домашната терминологија да биде застапена во наставата, во учебниците и учебните помагала за основното и за другите степени на образование. Домашната терминологија треба да ја прифатат и фирмите со што ќе придонесат за нејзината поширока употреба - вели Лилјана Макаријоска, директорка на Институтот за македонски јазик.

Секој со свој web-предлог

Во подготовката на лексиконот може да учествуваат и граѓаните од земјава. На интернет-страницата на Министерството за информатичко општество www.mio.gov.mk е отворена можност секој да даде свој предлог. Како што истакнуваат од министерството, тимот што работи на лексиконот предвид ќе ги земе и тие предлози.

Паралелно со изработката на лексиконот, во тек е креирањето нови фонтови со македонско кирилско писмо. Ќе бидат изработени 20 фонта со печатни букви и уште 20 со ракописни букви. Секој од овие фонтови ќе содржи по 743 знаци. Се очекува фонтовите да бидат завршени до септември годинава, по што ќе бидат бесплатно достапни до корисниците.

Без казнени мерки

Казнени мерки за некористење на новата терминологија што ќе биде застапена во лексиконот уште не се најавени. Како што истакнуваат од Министерството за информатичко општество, користењето на македонските информатички зборови ќе зависи од волјата и од желбата на граѓаните за почитување на сопствениот јазик. За да не остане само како кампањска идеја, од Министерството велат дека лексиконот ќе го промовираат и на многу семинари, работилници, собири за да ги поттикнат граѓаните што помасовно да ги користат новите термини.

ИНФО-Лексиконот во електронска форма

Првио официјален лексикон со македонски преводи на компјутерските термини ќе се работи по иницијатива од Министерството за информатичко општество. Лексиконот ќе го изработува тим од петнаесетина лингвисти, преведувачи, компјутерџии од десетина научни, образовни и државни институции. Како што најавуваат од надлежното министерство, тој ќе биде во електронска форма, ќе биде достапен за слободна употреба, а се очекува да биде завршен во втората половина од годинава.

Тоше Огњанов



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1075
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2644
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

07/06/2025 - сабота

+Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител; Светиот свештеномаченик Терапонт, епископ Кипарски; Светите маченици Пасикрат, Валентион, Јулиј и други; (Задушница);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная