логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Секоја потврда за корените е факт за нашето постоење

Ова во изјава за новинарите го рече претседателот на Програмскиот совет на Форумот на словенските култури, Сенко Велинов, на вчера одржаниот форум на ова тело во чиј центар на дискусија и анимација е проектот "Сто словенски романи"


- Секоја историска вистина за нашето потекло само го потврдува нашиот македонски идентитет и треба да се искористи. Затоа не гледам никаква пречка или пак оддалеченост од античките корени со учеството и поддршката на словенството во нашето историско постоење, рече Сенко Велинов во изјава за новинарите на вчерашниот Форум на словенски култури, кој се одржа во Клубот на пратениците во Скопје.

Тој како претседател на програмскиот совет на Форумот ја потврди позицијата на Македонија недвојбено да го поддржува ова тело, а Министерството во ниту еден момент не се посомневало во неговата грандиозна идеја.

Што се однесува, пак, до фокусот на овој собир, се дискутираше за можностите на словенските култури за зближување и нивно стимулирање, со цел за заедничка афирмација на нивната култура во Европа и светот. Во овој контекст, според претседателката на Форумот, Милена Домјан од Словенија, Македонија игра значајна улога во целиот процес и интегрирање на овој Форум во европската култура, со директното и активно учество во проектот "Сто словенски романи".
- Тука сме не поради политиката, туку за културата и меѓусебното разбирање. Словенија засега е најуспешна во проектот 100 словенски романи". Бројот на наслови, сепак, зависи од буџетите на земјите-членки, а Македонија, како што рече, е меѓу првите земји кои се вклучиле во проектот, додаде Домјан, на која ја потврди интенцијата во преден план да биде издавачката дејност.
Министерската за култура Елизабета Канческа-Милевска посочи дека е "огромна чест за Република Македонија, земјата на браќата Кирил и Методиј, заштитниците на Европа уште еднаш ја потврдува и ја поддржува моќта на словенското писмо".

Министерството за култура го поддржува објавувањето преводи на дела на словенските јазици. На македонски јазик е објавен романот Донесена од маглата" на словенечкиот писател Фери Лаиншчек, возвратно на објавувањето на словенечки јазик на "Азбука на непослушните" од Венко Андоновски. За годинава е поддржан и преводот на романот "Руски прозорец" на српскиот автор Драган Велиќиќ. За следната година во план е и превод на значајни романи од руската литература.

Борче ГРОЗДАНОВ - Вечер


Форумот е важен за културата, а не за политиката

 

Вчера во Клубот на пратениците се одржа состанок на Форумот на словенските култури

Невена Поповска

Министерството за култура вчера во Клубот на пратениците беше домаќин на состанокот на Одборот и на Програмскиот совет на Форумот на словенските култури. Состанокот го отвори министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која е и член на Одборот на Форумот на словенските култури, а на него присуствуваа претставници на државите-членки на Форумот: Македонија, Словенија, Русија, Белорусија, Украина, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија, Полска, Словачка и Чешка. Словенските земји ја продлабочуваат соработката заради заштита и промоција на националните јазици, автентичните култури и на заедничкиот словенски идентитет во услови на брзата и наметлива глобализација. За остварување на таа мисија, 13 словенски земји го основаа Форумот на словенски култури, кој досега успешно ги спроведува зацртаните проекти. Тоа е оцената на членовите на Програмскиот совет на Форумот.

Во поздравната реч, министерката за култура, Канческа-Милевска, меѓу другото, истакна: „Република Македонија е земја за која историјата запишала дека е лулка на словенската писменост, култура и традиција. Организирањето на овој настан е од исклучително значење, бидејќи со овој чин сите ние заедно придонесуваме за зближување и стимулирање на културната соработка меѓу словенските држави, како и за заедничка презентација на културата на словенските народи во светот. Од започнувањето на иницијативата за формирање на Форумот на словенските култури во 2002 година до денес, земјите-членки и на дело се залагаат за унапредување на соработката во културата и за нејзино промовирање во рамките на европските и на другите меѓународни организации. Затоа овој Форум има огромно значење и за другите држави-членки кои беа дел од повеќе активности што ја реализираа својата суштина - подобро запознавање и зацврстување на сите форми на соработка меѓу словенските култури, заштита на културните идентитети и зачувување на традицијата на земјите во кои се говорат словенските јазици“. Во почетокот на јуни 2008 година, продолжи Канческа-Милевска, во Брисел, Форумот на словенските култури успешно организираше презентација на Етнографската изложба на словенските народи подготвена од страна на Министерството за култура на Руската Федерација. Како придружна активност, Форумот во Брисел организираше и Фестивал на сесловенски филмови, во чија програма беа прикажани и македонски играни филмови. Како реципроцитет на објавувањето на романот на Венко Андоновски „Азбука за непослушните“ на словенечки јазик, чија промоција се одржа во јануари 2008 година во Љубљана, македонската издавачка куќа „Макавеј“ веќе го издаде на македонски јазик романот на словенечкиот писател Фери Лаиншчек „Донесена од маглата“. Во рамките на овој проект, Министерството за култура на Македонија годинава го поддржа објавувањето на романот „Руски прозорец“ на српскиот автор Драган Великиќ, добитник на Ниновата награда. Овој роман на македонски јазик го објави книгоиздателството „Слово“. Исто така, и во текот на 2010 година предвидуваме превод на еден од најзначајните руски романи, со што ќе се потрудиме да ја доближиме литературата на словенските народи до македонските читатели.

Претседателката на Форумот на словенски култури и член од Словенија, Милена Домјан, во својата изјава посочи дека форумот ги исполнува целите за кои е формиран, а во преден план тоа го постигнува со издавачката дејност. „Форумот е исклучително важен и тука не сме заради политиката, туку заради културата и меѓусебното разбирање. Засега Словенија е најуспешна во проектот ’100 словенски романи’“, рече Домјан.

Сенко Велинов, претседател на Програмскиот совет на Форумот на словенските култури, изјави дека Македонија отсекогаш и недвојбено го поддржува Форумот.

Форумот е активен на меѓународен план, надвор од рамките на словенството и негова следна задача, според учесниците на состанокот, е широка промоција на словенската книжевна продукција и нејзино претставување во светот. Во план е публикување на словенските романи на англиски јазик.

Утрински весник

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2242
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2771
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

Митрополит Струмички Наум: Социјалните мрежи и антисоборното однесување: Современи предизвици за црковното единство

Митрополит Струмички Наум: Социјалните мрежи и антисоборното однесување: Современи предизвици за црковното единство

Многу е карактеристично за ваквата заедница што внатре во неа никогаш и од никого не може да се чуе слово за умно-срдечната молитва, додека пак, што било друго од коешто...

БEСEДА  за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

Или, акo e слугинка oнаа кoја крoткo и мoлчаливo ги пoднeсува ситe наврeди и тeшкoтии, oчeкувајќи самo награда oд свoјoт гoспoдар, тoгаш пак e Прeсвeта Дeва, првата и најдoбрата oд...

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Последици од умислениот живот таму и некогаш се: очајание и напуштање на конкретниот подвиг, апокалиптични проекции во кризни ситуации, зависност од социјални мрежи, неуспех, неблагодарност, незадоволство, незнаење итн...Има и друго...

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Да повторам, единствена Глава на Црквата е Христос, а Епископот се почитува како оној што е на место и обличје Христово, како икона Христова. Ова го потврдува и Самиот Господ...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

28/02/2025 - петок


Светиот апостол Онисим; Преподобен Евсевиј; Преподобните Пафнутиј и Ефросинија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови 12 маченици – Памфил, Порфириј, Валент, Павле и др.01 март/16 февруари 2025

Тропар на светите Христови 12 маченици – Памфил, Порфириј, Валент, Павле и др.01 март/16 февруари 2025

Дванаесет ѕвезди пред престолот Божји,Памфил мудриот кој Порфирија преку пустинакон Небеса го приведе,Валент од чија уста Писмото Свето непрестано течеше,Павле...

Тропар на светиот апостол Христов Онисим 28 февруари / 15 февруари 2025

Тропар на светиот апостол Христов Онисим 28 февруари / 15 февруари 2025

Ти, кој од робување на човекоткон робување на Бога беше приведенТи, кој светии послужуваше и незнабожциво вера спасоносна приведуваше,Онисиме свети,...

Тропар на  преподобниот и рамноапостолен Кирил учител словенски 27 февруари / 14 февруари 2025

Тропар на преподобниот и рамноапостолен Кирил учител словенски 27 февруари / 14 февруари 2025

Уште од пелени, ти благоглаголив, ревносно Премудроста своја сестра ја направи;и така, Пресветлата ја појми како чиста девица.Примајќи ја, ја ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная