Бог е оган. Покајание – Светител Шангајски, Западно-Европски и Сан-Франциски Јован (Максимович)

Кога сме задлабочени во гревови, а нашиот ум е зафатен само со животни грижи, ние не ја забележуваме состојбата на својата душа. Ние сме рамнодушни кон тоа, какви сме внатре, и постојано одиме по лажниот пат, и самите не забележувајќи го тоа.Но ете, зрак од Светлината Божја проникнува во нашата душа.







„Бог не допушта да паднеме во искушение што ги надминува нашите сили. Мајсторот лесно ги потчукнува кристалниот и стаклениот сад за да не ги скрши, а на сребрениот и бакарниот сад нанесува силни удари; така, за раслабените се допушта лесно, а за силните – потешко искушение.“-








Внимавај на себе, свештенику, и на оние кои ќе ги учиш, и гледај на службата која си примил да ја исполнуваш; бидејќи не ти е доверена земска служба, туку небесна; не човечка, туку ангелска.


























