Свети Исак Сирин – за чистата молитва (08.02.2017)

Како што од многу илјадници се наоѓа само еден, кој ги исполнува заповедите, сè што е според духовните закони, кои достигнале врвна духовна чиста молитва, ќе го преминат пределот и ќе се удостојат да ја гледаат тајната, зашто сосема се малкумина оние кои се удостојуваат да ја достигнат чистата молитва, а многумина се оние што со неа воопшто не се удостојуваат.








Вистината на земјата ја донесе Светиот Дух, кој ги исполни апостолите на денот на Педесетницата. Оттогаш тој престојува на земјата. Негови спроводители се устите на Божјите свештеници. Ако некој од нив ја затвори својата уста, патот кон вистината ќе се затвори кон верниците, чии што души го чекаат.
Треба да се молиме за сите што зборуваат лошо за нас, и да бараме од Бога да им подари покајание, просветлување и здравје, а во себе да не оставиме ни трага од омраза кон нив. Да го задржиме само искуството на преживеаното искушение, да го исфрлиме од себе сиот отров, и да се потсетиме на зборовите на св. Ефрем:


За да го спаси човекот, кој преку првородниот грев отпадна од Бога и стана смртен, по предвечниот Совет на Света Троица, покорувајќи се на волјата на Отецот, Синот Божји слезе на земјата, се роди со дејството на Светиот Дух од Секогашдева Марија, им го објави на луѓето Вистинскиот Бог Отец и Неговата Божествена волја, ги поучи на вистинското почитување на Бог...





























