логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 sv.GRIGORIJ.PALAMA.jpg

 МОЛЕТЕ СЕ БЕЗ ПРЕСТАНОК
Свети Григориј  Палама
 
Никој нека не мисли, браќа мои, драги мои браќа во Христа, дека должноста за молење без престанок  секогаш им припаѓа само на оние  со чин свештенички или монашки, а не на световните луѓе.
  Не, не; сите ние, Христијаните, имаме должност да бидеме секогаш во состојба на молитва. Само видете што пишува Светиот Патријарх Константинополски Филотеј во Житието на Свети Григориј Солунски:
 
„Овој  Ерарх имаше драг пријател со име Јов, прост човек, но богат со добри дела. Во една прилика разговарале  и по прашањето на молитвата. Епископот рекол дека сите Христијани мораат да се борат во молитвата  и мораат постојано да се молат, како што поттикнува Апостол Павле „молете се постојано“ (1.Сол. 5:18); и како што Пророкот Давид  говори за себе (и покрај фактот што бил цар и дека морал да грижи за целокупното царство) : „ Секогаш пред себе го гледам Господа“ (Пс. 16:8),  т.е. во очите на својот ум , секогаш го гледам Господа пред мене во својата молитва.

И Свети Григориј Богослов ги учи сите Христијани и им говори дека треба да се сеќаваат на Името Божјо , почесто отколку што дишат.
 
Говорејќи го ова и уште многу околу тоа на својот пријател Јов, Ерархот додал дека не само што, слушајќи ги заповедите на Светителите, треба да се молиме  секогаш,  туку би требало и другите да ги подучуваме  да го прават истото; сите, без разлика - монаси и световници, учени и неуки, мажи и  жени и деца - би требало да се стремат да се молат без престанок.
 
Слушајќи го ова, старецот Јов мислел дека е ова нешто ново и почнал да се расправа,  говорејќи му на Ерархот  дека постојаната молитва е дело само на  подвижниците  и монасите коишто живеат вон светот и неговите грижи, а не на  световните  луѓе кои имаат  толку многу грижи и работа.
 
Ерархот  изнел многу докази  како подршка на оваа вистина и нови и несоборливи докази, но, дури и тие  не го убедиле старецот Јов.
Тогаш, Свети Григориј, одбегнувајќи го празнословието и несогласувањето,  замолчел и секој заминал во својата ќелија.
 
 Потоа, кога Јов се молел во осама, пред него се појавил Ангел, испратен од Бога  „Кој сака сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината.“  (1.Тим.2:4) и го прекорил за расправата со Свети Григориј и за спротивставувањето на таква очигледна работа  од која зависи спасението на Христијаните.
 
Тој објавил од Самиот Бог, дека во иднина треба да внимава и да се чува  било кому да говори што и да е  спротивно на ова душеспасително  прашање и да не се спротивставува на волјата Божја, дури ниту во сопствениот ум да  нема мисли кои се спротивни на ова, не дозволувајќи си  да мисли на било кој начин спротивно на она што рекол Светиот Григориј Палама.

Тогаш, едноставниот Старец  Јов побрзал кај Свети Григориј и паѓајќи пред неговите нозе, го молел за прошка заради неговото спротивставување и му го открил тоа, што Ангелот Господов рекол.
 
Гледајте сега, браќа мои, како сите Христијани, од најмалиот до најголемиот, мораат секогаш да се молат во своите срца:
„ Господе, Исусе Христе, помилуј ме ! “ на таков начин што умот и срцето секогаш да бидат  во навика за изговарање на овие свети зборови.
 
Бидете уверени колку  тоа  му е угодно на Бога  и колку многу добра произлегуваат од тоа, кога во Својата безгранична љубов спрема човештвото, Тој го испратил Својот Ангел од Небесата за да ни го открие ова нам, за никој  повеќе  да не се посомнева .
 
Но, што говорат луѓето од светот?
„Ние сме преоптеретени со работи кои ги правиме и со световни проблеми и грижи и како може  да се молиме непрестајно?“
 
Би им одговорил дека Бог нам не ни заповедал да правиме што  и да е невозможно, туку само она што сме во состојба да го правиме.  Според тоа , ова може да се извршува од секој  кој  силно бара спасение на својата душа.

Кога ова би било невозможно, тогаш не би било возможно ниту  за било  кој  што живее во светот и не би биле мнозина оние, кои  и  среде светот имале непрестајна  молитва како што требало.
 
Меѓу мнозината такви луѓе, можеме да го наведеме примерот на Свети Гргориј Солунски, чудесниот Константин, кој и наспроти   своето учество во животот на дворот,   бил повикан да биде тутор и воспитувач на императорот Андроникус  и секојдневно зафатен со државнички работи, како и обврски дома - имал и имот со многу слуги, жена и деца - и наспроти сето тоа, бил толку неодвоив од Бога и така задлабочен во непрестајната умна молитва, што често заборавал на тоа што Императорот и неговите претпоставени расправале со него по  службени прашања , така што често потпрашувал па дури повторувал едно па исто прашање.  
Другите помошници на Царот, не сфаќајки ја причината за ова , биле вознемирени и го прекорувале за толкавата заборавност и додевањето на царот со своите повторени прашања.
 
Но, Царот, знаејќи ја причината за сето тоа , го бранел и говорел: „Константин  има свои мисли , кои понекогаш не му дозволуваат да биде во потполност присутен за она за што говориме“.
 
Постојат безброј примери  на други, кои живеејќи во светот, биле во потполност предадени  на непрестајната молитва, што е посведочено преку историските списи.

 И така, драги мои браќа во Христа, ве преколнувам  - заедно со Свети Јован Златоуст - заради вашето сопствено спасение, немојте да ја занемарувате молитвата.
 
Во почетокот може да изгледа тешко, но бидете уверени, како да е од Семожниот Бог, дека самото Име на нашиот Господ Исус Христос, непрестајно повикувано, ќе ви помогне да ги надминете сите тешкотии - и со  време ќе се  навикнете на тоа и ќе почувствувате колку е слатко Името Господово.
Тогаш,  преку искуство ќе знаете дека оваа активност не е невозможна ниту тешка, туку е можна и лесна.
 
Од таа причина, Свети Павле, знаејќи многу подобро од нас каква голема полза доаѓа од оваа молитва, не` поттикнувал да се молиме без престанок. Тој не би го барал ова од нас, ако тоа било многу тешко и сосема невозможно, знаејќи однапред  дека, во таков случај, не би биле во состојба да ја исполниме оваа задача и дека неизбежно би биле непослушни кон неговата заповед и така би станале престапници, правејќи се себеси на тој начин достојни за осуда и казна. Но, тоа не можело да биде намерата на Апостолот.
 
Со цел да се молиме на  овој начин, мораме во умот да го носиме методот на молитвата; како е можно да се молиме без престанок, т.е. да се молиме со умот. Ние тоа секогаш можеме да  го правиме, само ако сакаме.
 
Додека сме зафатени со рачна работа, додека одиме, додека јадеме или пиеме - секогаш можеме да се молиме со умот, произнесувајќи умна молитва угодна на Бога, вистинска молитва.

 Нашето тело нека работи, а нашата душа нека се моли.
Надворешниот човек нека ги извршува своите надворешни активности; но, внатрешниот човек наполно нека се предаде на служење на Бога и никогаш да не го прекине ова духовно дело на умната молитва, како што Исус Богочовекот ни заповедал во Евангелието:  
„Но ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и Он, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно.“ (Матеј 6:6)
 
Скришната соба е телото; вратата е нашите пет сетива.
Душата влегува во својата скришна соба.  
Кога умот не скита наоколу трчајќи по световните работи, туку кога го наоѓа своето место во срцето.

 Нашите сетива треба   да се затворат и така да останат, кога нема да им дозволиме да тежнеат кон надворешните сетивни работи, и на овој начин, умот останува слободен од сите световни работи и со помош на скриената умна молитва се соединува себеси со Бог Отец.
„ „И Твојот Отец Кој гледа тајно, ќе те награди јавно“, додава Господ.

Бог, Кој  знае се` скриено, ја гледа умната молитва и ја наградува со очигледни и големи дарови. Затоа што, тоа  е вистинска и совршена молитва која ја исполнува душата со Божествена благодат и духовни дарови - слично на миро, кое колку повеќе го собираш во садот, го прави садот  помиомиризлив.
 
Така е и со молитвата: колку потесно ја заклучиш во срцето, таа повеќе ќе изобилува со благодатта Божја.  Блажени се оние кои се навикнале на ова небеско дело, зашто со него ќе ги победат сите искушенија на злите духови, како што Давид го победил гордиот Голијат.
 
На овој начин молитвата ги гаси непристојните желби на телото како што Трите Момчиња го изгасиле пламенот на печката вавилонска. Со помош на умната молитва страстите стануваат скротени, како што Пророкот Данило ги скротил дивите ѕверови.

Молитвата ја симнува росата на Духот Свет во срцето, како што молитвите на Илија го спуштиле дождот на планината.
 
Оваа умна молитва достига до самиот престол Божји, каде што се чува во златни садови и како кадилница оддава благ мисрис пред Господа, како што свети Јован Богослов видел во своето откровение:

 „И кога ја зеде книгата, четирите животни и дваесет и четирите Старци паднаа пред Агнецот, држејќи секој од нив гусле и златни чаши, полни со темјан, кои што се молитвите на светиите“;  (Откр. 5:8)
 
Умната молитва е светлина која ја осветлува човековата душа и го загрева срцето со огнот на љубовта кон Бога. Таа е синџир кој го соединува Бог со човекот и човекот со Бог.

 О, не постои ништо што може да се спореди со благодатта на умната молитва!  Таа го прави човека постојан собеседник со Бога.
 О, навистина чудесно и најчудесно дело!
Со телото сте со луѓето, но со умот разговарате со Бога.
 
Ангелите немаат сетивни гласови, но со умот произнесуваат постојана фалба кон Бога. Тоа е целото нивно занимање; целиот нивни живот им е посветен на ова.
 
 И ти, исто така, брате, кога ќе влезеш во скришната соба своја  и кога ќе ја затвориш вратата, т.е. кога умот нема да скита повеќе, туку влегува во внатрешните катчиња на душата и твоите сетива кога се заклучуваат, тогаш си сличен на Светите Ангели и Твојот Отец, водејќи ја твојата тајна молитва, која Му ја произнесуваш од ризницата на своето срце, ќе те дарува со отворени духовни дарови.
 
А што сакаш повеќе од ова, кога како што реков, со умот постојано си во присуството Божјо и разговараш со Него непрестајно - ти разговараш со Бога, без Кого ниеден човек не може да биде благословен ниту овде, ниту во другиот живот.
 
Подготви: М. Даниловска
 
http://www.pravoslavni-odgovor.com/Crkva_Hristova/molite_se_neprestano.htm

18-ти февруари, лето Господово 2014



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная