Старец Пајсиј Светогорец - Неправедниот се измачува

Постојат два вида неправедност – материјална и морална. Материјалната е кога некој онеправдува некого во однос на материјалното. Морална е кога, на пример, некој излаже некоја девојка, а ако таа е и сираче, тогаш на својата душа си става пет пати поголем товар. Знаете ли како за време на војна куршумот ги брка неморалните?













Не можам да го имитирам. Долго одекнуваше тој глас, беше еден крик: „Не сакам! Не сакам!“ Ѓаволот не сака да се покае. Секогаш кога ти велиш: „Не сакам да се променам, не сакам да си ја признам грешката, не сакам, бре, жити детето, остави ме на мира! Сакам да пијам, сакам да пушам, сакам да грешам, да развратувам, сакам, ми се допаѓа, убаво ми е, остави ме!“ – тоа е веќе алармантно.



























