Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време

Кога некогаш си размислувам за отец Гаврил, би рекол дека ништо не ни објаснуваше, а сите наши проблеми веднаш ги решаваше. Денес, ние, цела светоотечка психотерапија и духовен подвиг до најситни детали ги објаснуваме, ама како да изостанува крајниот позитивен ефект од сето тоа во обемот во кој го очекуваме.











































