логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 sv.Kliment.mozaik.jpg

Со какви пофални венци, денеска да го овенчаме великиот и славен учител на македонските словени? Со кои зборови денеска да му заблагодариме на Бога, оти на нашите предци кои седеа во мракот на паганското незнаење и смрттна темнина, го испрати оној кој со чудеса ги просвети оние кои пристапуваат кон Бог Света Троица, преславно осветувајќи го нивниот живот со знаменија? Навистина, соочени со величината на светиот Климент, милостивиот избавител, заштитник и божествен граѓанин на Царството небесно, ко кула од песок, завршува секој обид, бидејќи Бог е Oној Кој со слава го овенча. 

Душата човекова е жедна за благодат и близина со Бога возљубени и скапоцени мои браќа и сестри, но единствено примерот може да ја приведе душата на секој човек по патот на вистината или по патот на погибелта, во зависност од делата кои секој од нас ги твори, а за кои неодложно ќе го добиеме заслуженото. Но, единиот вечен пример, Пат, Вистина и Живот, кој дава благодaтен живот, вечна и непроменлива радост во страдањата и  вистинско живеење, тука и во вечноста, е Христос Бог. Токму Он и затоа дојде. Да не изведе од мракот на незнаењето, да нé искупи од власта на гревот, смртта и ѓаволот, и да нé направи по благодат синови и ќерки на Бог Отецот, Синот и Светиот Дух. Затоа и Он им заповеда на апостолите да одат и да ги научат сите крштевајќи ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, учејќи ги да ги пазат Евангелиските заповеди.


Така, гледајќи го животот Христов, животот апостолски, животот на светите отци и учители на Црквата, како и на оние кои на дело му ги покажаа Патот, Вистината и Животот, светиот Климент, запален од љубов кон Бога тргна по патот на: послушание кон неговите духовни отци, светите Кирил и Методиј, постојан пост и молитва, патот на себеодрекување, на постојана жртва – љубовта кон ближниот, или на кратко речено - патот на добродетелен живот. Растејќи во Христа и раководен од неговите учители, заедно со нив, а сé заради браќата и сестрите кои не го разбираа старогрчкиот и латинскиот јазик, ги преведуваше литургиските и текстовите од Светото писмо. Рамо до рамо, трпејќи ја жегата и студот, со своите учители, мисионереше и во Моравските краеви, кај Сарацените, кај Хазарите, но и во Рим, каде што што прими свештенички чин, откако неговите учители ја одбранија употребата на словенскиот јазик за проповед, богослужение и за превод на Светото писмо и богослужбените текстови. Но не само тоа, но и тој како апостолот Павле, претрпи страдања од лажните браќа, кои бивајќи поучени од демонот, неуспешно ја попречуваа евангелизацијата на словенскиот род на јазик разбирлив за нив. Но, на Бога не му беше угодно да изгасне огнот кој го разгорија рамноапостолните свети браќа заедно со нивните свети ученици и благоволи овој голем маж на себе да го прими архиерејскиот крст кој е најголемиот дар но и жртва која на себе може да ја понесе еден христијанин.

Во Охрид, овој голем маж, заедно со свети Наум ја основа Охридската книжевна школа, првиот словенски универзитет кој дари многу достојни бисери, монаси, чтеци, ипоѓакони, ѓакони и свештеници, нанижени на ѓерданот на Охридската архиепископија. Но, не само тоа. Тој не вознесувајќи се себе си, заради архиерејскиот чин и полагајќи ја душата своја за поверената му паства, верниот народ го учеше на христијанско трудољубие укажувајќи му како да ја обработува плодната земјата.

Ете токму во овој верен маж, Бог нам ни го дари примерот за следење, но и втемелителот на нашата духовна мајка, Охридска архиепископија – Македонската православна црква, во чие луно Бог благоволи секој од нас, свештен клир или верен народ, со својот личен и заеднички подвиг да се спасуваме.

Ете возљубени, затоа и светиот апостол Павле нé повика да се молиме за нашите наставници на Евангелитето, односно архиереите, свештенството и ѓаконството, кои исто како свети Климента, на себе, свесно како јарем ги примија душите на нас православните христијани, заради кои се принесе жртвата на спасението, Христос Распнатиот, Словото Божјо – Нашиот Бог. Да, возљубени, навистина голем беше јаремот кој на себе го понесе светиот Климент - одговорност пред Бога за душите на илјадници православни словени од неговото време. Но, голема е од веки до сега и одговорноста која секој пастир, епископ, свештеник и ѓакон, ја зема на себе си, заради тоа што праведен судија на крајот од неговиот подвиг е Бог, пред кого ќе даде одговор не само за своето спасение, но и за спасението на секоја на него поверена душа.

Но, во оваа време, кога постепено згаснуваат и се ладат нашите кандила – душата на секого од нас, не зачудува и фактот што при нас освен болестите и страдањата, слабостите и немоќите, се почести се поделбите помеѓу едноверните браќа и сестри. Наместо ревносни бранители на слабостите од ближниот, каков беше и светиот Климент, постануваме ревносни обвинители и самобранители. Се осудуваме едните со другите заради неживеење православен живот и немање христијанска љубов. Но, всушност, како да забораваме да се прашаме дали јас сум причината што мојот брат е повреден или соблазнет и повеќе не живее православно и не сака да слушне за Бога? Дали сите луѓе се лоши или заради мојата слабост, сите за мене се такви? Ете душата на секого од нас е премногу жедна за многу монаси, ѓакони, свештеници и епископи, но и земни водачи, кои ќе бидат незлобливи, љубовни и милосрдни како светиот Климент и со помош од Бога ќе ги исцелуват нашите немоќи и ќе ни помагаат во секое време. Но, како да забораваме дека за добар плод ни треба и добро дрво. Ете браќа, гледајќи го неговиот живот, секој од нас е повикан пред Бога да принесе покајание и решителност за нов почеток, па како дива маслина, да се прикалеми кон питома и да даде илјадакратен добар плод, кој ќе биде за полза и спасение на многумина. Затоа и светиот Серафим Саровски ни вели: бидете свети и ќе спасите уште илјада околу вас.

sv.Kliment.mozaik.jpg

Да побрзаме, браќа, и ние да се удостоиме за ова блаженство, правејќи од себе Црква Божја на Светиот Дух, без да држиме злоба еден кон друг, цветајќи со благоверие, светлејќи со љубов кон бедните, украсувајќи се со братољубие, да бидеме духовно распламтени, служејќи Му на Бога, пристапувајќи кон Него со страв и со чистота, за да се покажеме достојни пред Него, како што Самиот Он рекол: Ќе се вселам во нив, и ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ . А како ќе биде тоа? Зар оној, во кого што ќе се всели Бог преку причестување со Неговото животворно тело, не е почист од злато? Зар тој не се обновува катадневно со чистота како орел, и со умот не полетува угоре? Разбирајќи го ова, браќа, да се обновуваме со добрина и со чистота, и животот да ни биде достоен; по светост, а не само по име да се нарекуваме христијани! Откако ќе се оддадеме на духовен подвиг, еден друг да се натпреваруваме со добрина, та и нам дa ни рече нашиот Господ:  Дојдете, благословени на Мојот Отец, наследете го Царството кое ви е подготвено од создавањето на светот. Него, впрочем, да Го прославиме од сега со добри дела, иако досега бевме свикнати да живееме во слабости и во мрзливост, но од овој ден па натаму, да се потрудиме да правиме добри дела, оти Царството небесно се зема на сила, и силните го грабаат, преку Христа Исуса, нашиот Господ, Кому нека е слава, сега и секогаш и во веки веков. Амин!

 

Презвитер Дејан Апостоловски

 

храм на св.вмч. Димитриј, Крива Паланка

 8- ми декември 2016 год.

 

Друго:

Презвитер Дејан Апостоловски - Задушница (04.11.2015)



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная