презвитер Горан Стојчевски: Неблагодарам, не, туку Благодарам

Ако нема покајние ќе има неблагоданост, ако нема очистување на срцето ќе има бесчуствителност, ако нема насоченост на животот кон обожување ќе има свесно или несвесно определување за злото, иако ќе има радост и веселие, но на сметка на мачениците кои ги произведуваме од нашето нехристијанско однесување.











Но зошто да зборувам за семејните конфликти кога и нашето сопствено тело, коешто ни е најбиско и најскапоцено, станува наш непријател кога грешиме, кога ни се одмаздува со болести и страдања. Телото-роб ја повредува душата-владетелка кога таа греши не затоа што тоа го сака, туку затоа што така ѝ е заповедано. За тоа сведочи Христос, Којшто му вели на раслабениот:



























