логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Избор на ‘подобриот дел’

    Во она време влезе Исус во едно село; една жена по име Марта Го прими во својот дом. А таа имаше сестра по име Марија, која седна при нозете Исусови и го слушаше словото Негово.
    Марта се беше, пак, зафатила со многу работи и, кога застана, рече: „Господи, зар нејќеш да знаеш дека сестра ми ме остави да служам сама? Кажи ѝ да ми помогне“.
    А Исус ѝ одговори и рече: „Марто, Марто, ти се грижиш и се трудиш за многу работи. Но само едно е потребно. Марија го избра добриот дел, кој нема да ѝ се одземе“.
    (Лука 10, 38–42)

    Како и другпат што сум ви кажувал: Марта го симболизира и отсликува првиот степен на духовниот раст, а тоа како што знаете е чистењето на срцето од страстите, т.е. практичниот подвиг; додека, пак, Марија го претставува повисокиот степен на духовниот раст – умносрдечната молитва и просветлувањето на умот, т.е. теоријата, или, созерцанието. Не напразно се чита ова евангелие секогаш кога ја славиме Пресвета Богородица, и не напразно се спомнува изборот на ‘подобриот дел’, а ќе видиме зошто...
    Но, пред да продолжиме со денешната тема, сакам прво да се потсетиме на едно заборавено светоотечко предание: Отците бараат да се почитува и правилото според кое примањето свештенички чинови соодветствува на трите степени на духовен раст. Оној што е на степенот на чистење и истиот го поминува правилно под раководство на духовен отец, може да добие ѓаконски чин. Оној што го достигнал степенот на просветлување на умот и дарот на умносрдечната молитва може да биде ракоположен за презвитер, а оној што го достигнал степенот на обожение може да биде Епископ. Лесно е забележливо за сите нас, како принесувањето на даровите на олтарот од храмот, односно излегувањето на свештеникот пред олтарот е поврзано со излегувањето на умот пред олтарот на срцето (умносрдечна молитва) и словесната жртва на човековата личност што Му се принесува на Бог во срцето.
    Од погоренапишаното можеме да сфатиме во каква духовна и молитвена состојба се наоѓала Пресвета Богородица престојувајќи во Светињата на светињите од старозаветниот храм, каде што првосвештеникот само еднаш годишно имал право да влезе. Впрочем, ако нашите дела по плодовите се познаваат, тогаш што да речеме за Онаа Која Христос Бог ни Го роди..? Мислам дека е подобро да го оставиме свети Григориј Палама за Богородица да зборува:
    „Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување – ‘безмолвие на умот’, оддалеченост од светот, заборав на сè земно и стремење кон божествените откровенија, избор на ‘подобриот дел’. Открива дека ако умот не се расејува кон земните работи, би можел да се оддаде на подобро и повозвишено дејствување, што значи да се сврти кон самиот себеси: единственото дејствување преку коешто би можел да се соедини со Бог.
    ...Оние кои така чинат, кои со свештено тихување ги очистиле срцата и на неискажлив начин Му се приближиле на Оној Кој Е над секое чувство и мисла, во себе како во огледало Го гледаат Бог. Тихувањето е, значи, брз и директен патеводител, успешен и соединувачки со Бог, особено за оние кои во сè и потполно го практикуваат. А што да кажеме за Богородица, Која од детството престојуваше во исихија? Молитвено тихувајќи натприродно, од најраните години, Таа токму затоа – не знаејќи за маж – и ја стекна благодатта да Го роди Богочовекот Христос“.

    (прв дел)

Избор на ‘подобриот дел’
    
    Возљубени мои духовни чеда во Господ,
    Како и другпат што сум го толкувал пред повеќето од вас денешното евангелско четиво, така и сега сакам заедно да се потсетиме: Марта го симболизира и отсликува првиот степен на духовниот раст, а тоа, како што знаете, е чистењето на срцето од страстите, односно практичниот подвиг; додека, пак, Марија го претставува повисокиот степен на духовниот раст – умносрдечната молитва и просветлувањето на умот, односно теоријата т.е. созерцанието.
    Овојпат сакам да го насочам вашето внимание на еден друг многу важен момент од оваа случка:
    Не може оној што е на степенот на очистување да го познава духовниот опит на оној што е на степенот на просветлување. Може да се интересира и може да чита (што е неопходно), а може да претпоставува и може да нагаѓа (што е опасно), ама да знае – не може. Затоа таквите, ако неразумно се обидат да зборуваат или толкуваат нешто за духовниот опит од повисокиот степен, многу лесно можат да згрешат. Се случува дури и да не се согласат со она што светите Отци ни го оставиле во наследство, што е многу лошо. А како треба да постапуваат за да не залутаат од патот?
    Токму тоа сакав да ви го објаснам преку примерот на Марта. Гледате, и на Марта не ѝ е јасно тоа што го прави Марија, но таа не се обидува сама да го толкува тоа што се случува ниту пак оди и се расправа директно со Марија (затоа што љубовта не го дозволува тоа), туку многу правилно се упатува право кон Изворот на секое знаење, Господ наш, Богочовекот Исус Христос, и вели: „Господи, зар нејќеш да знаеш дека сестра ми ме остави да служам сама? Кажи ѝ да ми помогне“ (Лука 10, 40). Секако, ние многу добро го знаеме одговорот, упатен со сострадување и прекор до сите нас, иако во нашиот живот многу го пренебрегнуваме: „Марто, Марто, ти се грижиш и се трудиш за многу работи. Но само едно е потребно. Марија го избра добриот дел, кој нема да ѝ се одземе“ (Лука 10, 41–42). Може ли секој од нас да си одговори на прашањето колку време од 24-часовниот ден ѝ посветува на лично-соборната молитва насамо? И колку во тие претпоставени десетина минути молитва нашиот ум е собран во зборовите на молитвата? Се лажеме себеси ако одговорот е позитивен, нели?
    Значи, каква поука можеме да извлечеме од поведението на Марта? Да не се превознесуваме со нашиот телесен т.е. горд, расеан и затемнет ум, па да толкуваме работи кои од личен опит не ни се познати. Потоа, секогаш да се смируваме пред она што од опит го велат светите Отци. И секогаш да бидеме во редовен контакт со нашиот духовен отец и да го прашуваме за она што не ни е јасно од прочитаното, слушнатото или помисленото.
    А како треба да се однесува духовниот отец? Вака нешто прочитав кај некој од светогорските старци од минатиот век, којшто објаснува како треба да постапуваат духовниците кога ќе бидат прашани за умносрдечната молитва: Ако го имаат тој опит, треба да ги водат своите духовни чеда по патот на очистување од страстите кон откривање на местото на срцето, или, дарот Божји на соединување на умот и срцето; а ако го немаат, смирено да го признаат тоа, а не сешто да зборуваат против самиот подвиг на молитвата во срцето или против носителите на тој дар. Секое дрво по плодот се познава... (види Матеј 7, 16–20).
    (втор дел)

Марта и Марија (трет дел)

 

Во она време влезе Исус во едно село; една жена по име Марта Го прими во својот дом. А таа имаше сестра по име Марија, која седна при нозете Исусови и го слушаше словото Негово.

Марта се беше, пак, зафатила со многу работи и, кога застана, рече: „Господи, зар нејќеш да знаеш дека сестра ми ме остави да служам сама? Кажи ѝ да ми помогне“.

А Исус ѝ одговори и рече: „Марто, Марто, ти се грижиш и се трудиш за многу работи. Но само едно е потребно. Марија го избра добриот дел, кој нема да ѝ се одземе“ (Лука 10, 38–42).

 

Како и другпат што сум ви кажувал, деца: Марта го отсликува првиот степен на духовниот раст после покајанието, а тоа како што знаете е чистењето на срцето од страстите, т.е. практичниот подвиг; додека, пак, Марија го претставува повисокиот степен на духовниот раст – просветлувањето на умот и умносрдечната молитва т.е. созерцанието. Ако сега онака површно, само преку квалитетот на нашата молитва, го провериме степенот на нашиот личен духовен раст сигурно е дека скоро секој од нас ќе се пронајде во ликот на Марта. Едноставно, свесни дека го немаме дарот на умносрдечната молитва удобно ќе се сместиме на првиот степен, на степенот на очистување на срцето од страстите. Но дали е така?

Каков квалитет на молитва би требало да имаме ние сосгласно првиот степен од својот духовен развој? Да се потсетиме: тоа е молитвена состојба на умот кога во дух на покајание, заради својата оддалеченост и неподобност со Христос, потпомогнати од својата волја и желба го собираме својот ум во зборовите на молитвата: „Господи Исусе Христе, помилуј ме (нè)“. Молитвата можеме да ја кажуваме на глас или во себе – со внатрешното слово, но не и да ја следиме уште одвнатре од срцето. Се трудиме умот да го приковаме на крстот од зборовите на молитвата и да не му даваме да скита и да се расејува привлечен од светот и нашите страсти. Овој подвиг бара голем напор и ова е распнување, или, Велик Петок за умот. Чистата молитва е предвесник на крајот од оваа молитвена состојба и премин во друга.

Второто прашање што се поставува сега е: дали нашата молитва, во текот на молитвеното правило, го има претходно опишаниот квалитет или нашиот ум немоќен да се концентрира, и покрај нашата декларативна волја за молитва, се расејува преку најразличните помисли и фантазии? Односно, дали имаме чиста, собрана молитва или не? Може да се постави и уште полошо прашање, дали ние редовно се молиме и го исполнуваме нашато молитвено правило? Ова е прашање за оние што веќе повеќе години одат на црква и мислат дека достигнале кој знае што па молитвеното правило веќе не им ни треба. На ова се надоврзува прашањето, дали ние и покрај ваквата наша состојба сè уште со мирна совест ќе се сместиме себеси на првиот степен од духовниот развој?

Третото суштинско прашање што се наметнува само по себе е: зошто не можеме да го собереме нашиот ум во зборовите од молитвата, зошто немаме чиста молитва? Деца, да не должам многу или да цитирам некој од Отците, нивниот одговор на ова прашање е многу јасен: оној што го напуштил подвигот на послушание не може да има собрана или чиста молитва. Како и кога е напуштен тој подвиг на послушание, секој верен Христов воин самоиницијативно ќе си провери со духовниот отец. На неверниот и да му се каже, само бисерот пред свиња ќе биде фрлен. Ова Господ го рекол, не јас.

Умот кој е отпаднат од подвигот на послушанието, отпаднат е и од процесот на исцелението. Таквиот ум не може да биде смирен, собран во молитвата и просветлен. А, ако наместо да ги исцелуваме страстите ние со нивно задоволување само ги потхрануваме, тогаш не може да стане збор за очистување на срцето од страстите, ниту може да стане збор дека ние се наоѓаме на првиот степен од духовниот раст. Затоа и Отците покрај тоа што ја одредиле поделбата на степените од духовниот раст како очистување, просветлување и обожение, ја одредиле и како: противприроден, природен и натприроден начин на живот. Со терминот противприроден начин на живот токму тоа сакаат да го кажат, дека е тоа состојба во која наместо да ги исцелуваме и преобразуваме нашите страсти во добродетели, ние ги задоволуваме и постојано ги потхрануваме.

Да заокружиме деца: најмногу се лажеме себеси кога водиме духовен живот без послушание и без молитвен подвиг. Каквиот и да е духовен подвиг или чин или име, во тој случај, нè исполнува само со лажно спокојство дека духовно живееме, а непослушанието и немолитвеноста неосетно нè внесуваат во сè поголема прелест и нè прават слични на демоните. По што ја препознаваме ваквата состојба? Најпрво по расеаната молитва (да не ни спомнуваме отсуство на солзите), по изоставувањето на метаниите во нашето молитвено правило, по желбата за човечка слава, по озборувањето, по судењето и осудувањето на ближните, и на крај, по конечно напуштање на молитвеното правило, па дури и по невоздржание во грубите телесни страсти.

Што е лекот? Да се покаеме или поконкретно да влеземе во послушание и да се вежбаме во собирање или концентрирање на умот во зборовите на молитвата. Собраноста на умот како и секоја друга вештина се постигнува со вежбање и постојано повторување. Само во тој случај и Бог ќе ни помогне. Ако сакате и практичен светоотечки совет во вежбање на собраноста на умот, ќе ви кажам: поделете ја вашата бројаница од сто топчиња на по десет, на тој начин што после секое десето волнено топче ќе ставите едно монисто; после секои десет нерасеано изговорени молитви прејдете преку монистото и продолжете со другите десет молитви; ако не ги изговорите десетте молитви нерасеано, тогаш вратете се со прстите на почетното волнено топче после претходното монисто и никогаш не продолжувајте нанапред на следното без чисто и нерасеано изговорени десет молитви. 

Монашкиот живот е бесмислен без послушание и без секојдневен целодневен молитвен подвиг. Само во послушанието и во континуираниот молитвен подвиг на монахот му се откриваат нови внатрешни и надворешни простори и случувања. Само таквиот монашки живот е осмислен, живоносен, нов, интересен, креативен, љубовен, радосен, слободен, светлоносен, богоносен. Деца, подобро е да почнеме од релативно кратките мигови на молитвена собраност да се учиме да ја црпиме вечноста сè повеќе и повеќе, отколку низ секојдневниот живот, кој ни изгледа како вечно да ќе трае, да се стопиме и изгубиме како личности расеани со умот во временото.

Дарот на умносрдечната молитва потоа не ќе може никој да ни го одземе – ако сами не го предадеме, а тоа е просто невозможно и на степенот на просветлување. Особено е невозможно на степенот на обожение, како што беше невозможно смртта и распадливоста да ја задржат во гробот  телесно Онаа Која Го роди Оној Кој ја победи смртта со Своето воскресение.

 Митрополит Струмички Наум

 


 

 Martha and Mary (part three)

 Now it happened as they went that He entered a certain village; and a certain woman named Martha welcomed Him into her house. And she had a sister called Mary, who also sat at Jesus’ feet and heard His word.

But Martha was distracted with much serving, and she approached Him and said, “Lord, do You not care that my sister has left me to serve alone? Therefore tell her to help me.”

And Jesus answered and said to her, “Martha, Martha, you are worried and troubled about many things. But one thing is needed, and Mary has chosen that good part, which will not be taken away from her” (Luke 10:38-42).

 

As I have told you on other occasions, children: Martha portrays the first stage of spiritual growth following repentance, which, as you know, is the purification of the heart from the passions—the practical struggle; whereas, Mary represents the higher stage of spiritual growth—the illumination of the mind and mind-and-heart prayer i.e. contemplation. If we check now the stage of our personal spiritual growth cursorily, merely through the quality of our prayer, it is certain that almost every one of us will recognize oneself in Martha. Simply, aware that we do not have the gift of the mind-and-heart prayer, we will comfortably place ourselves at the first stage, the stage of purification of the heart from the passions. Yet, is that how it is?

What quality of prayer should we have in line with the first stage of our spiritual development? Let us recall: it is the prayerful state of the mind when, in the spirit of repentance because of our distance from and unlikeness with Christ, assisted by our will and desire, we collect our mind in the words of the prayer, “Lord Jesus Christ, have mercy on me (us)”. We can say the prayer out loud or to ourselves—with the inner voice, yet we cannot follow it from inside our heart. We struggle to nail our mind on the cross of the prayer words and do not let it wander and be distracted, allured by the world and our passions. This struggle demands great effort and this is the crucifixion or Holy Friday for the mind. Pure prayer is a herald at the end of this prayerful state and a transition to another.

The second question raised now is the following: does our prayer, during our prayer rule, have the previously described quality, or our mind, incapable to concentrate, despite our declarative will to pray, gets distracted through various thoughts and fantasies—that is, do we have pure, concentrated prayer or not? We can raise even a worse question: do we regularly pray and fulfill our prayer rule? This is a question for them who for several years now have been going to church and think they have achieved something and so they do not need the prayer rule anymore. Linked to this is the following question: will we, despite this state of ours, still with a peaceful conscience place ourselves at the first stage of spiritual development?

The third essential question that imposes itself reads: why cannot we collect our mind in the prayer words, why do we not have pure prayer? Children, to be brief and not quote some of the Fathers, their answer to this question is quite clear: the one who has abandoned the practice of obedience cannot have concentrated or pure prayer. How and when that practice of obedience was abandoned, each faithful warrior of Christ will check on his own initiative with his spiritual father. To tell the unfaithful, only the pearl will be cast before swine. The lord has said this, not me.

The mind that has dropped out of the practice of obedience has also dropped out of the process of healing. Such a mind cannot be humble, collected in the prayer, and illumined. And, if instead of healing our passions we only nurture them through their satisfaction, then we cannot speak of purification of the heart from passions or of us being at the first stage of spiritual growth. Therefore have the Fathers, along with the division of the stages of spiritual growth into purification, illumination, and deification, make the following division: a mode of life contrary to nature, according to nature, and above nature. By the term ‘mode of life contrary to nature’ they wish to say precisely that it is a state in which instead of healing and transforming our passions into virtues, we satisfy them and constantly nourish them.

Let us sum up, children: we deceive ourselves the most when we lead a spiritual life without obedience and without practice of prayer. Any kind of spiritual feat or rank or name, in that case, fills us only with the false peace that we live spiritually, while disobedience and lack of prayerful struggle imperceptibly lead us into all the greater delusion and make us demon-like. How do we recognize this state? Firstly by the distracted prayer (not to mention the lack of tears), by the omission of prostrations from our prayer rule, by the desire for human glory, by the gossiping, by the judging and condemnation of our fellowmen, and finally, by the eventual abandonment of the prayer rule, and even by the unrestraint in the base physical passions.

What is the remedy? To repent or more precisely to enter into obedience and practice collecting or concentration of the mind in the prayer words. Collecting the mind just as any other skill is achieved with practice and continuous repeating. Only in this case will God help us as well. If you also want a practical patristic counsel in the practice of collecting the mind, I will give you one: divide your prayer rope of a hundred knots into ten by putting one bead after every ten woolen knots; after every ten prayers said without distraction, pass the bead and continue with the following ten prayers; if you do not say the ten prayers without distraction, go back with your fingers to the first woolen knot after the previous bead and never continue further without ten prayers being said purely and without distraction.

Monastic life is meaningless without obedience and without 24/7 practice of prayer. Only in obedience and in continuous practice of prayer are new inner and outer areas and happenings revealed to the monastic. Only such a monastic life is full of meaning, life-bearing, new, interesting, creative, loving, joyous, free, light-bearing, God-bearing. Children, we’d better start to learn from the relatively brief moments of prayerful concentration to absorb eternity all the more, rather than through our daily life, which seems to us it would last forever, melt away and be lost as persons with a mind scattered in what is temporary.

Afterwards no one could take away from us the gift of the mind-and-heart prayer—unless we ourselves give it away, and that is simply impossible already at the stage of illumination. It is particularly impossible for this to happen at the stage of deification, just as it was impossible for the death and corruptibility to keep bodily in the grave Her Who gave birth to Him Who conquered death with His resurrection.

 

Metropolitan Nahum of Strumica

(as recorded by the sisterhood)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная