логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

✤✣✤

Митрополит Видински Неофит

Нашиов век се гордее со просветеноста и со знаењето на умот. Денес е голем бројот на интелегентни луѓе кои се рамнодушни спрема верата и многумина ја мешаат со суеверието. Сега важи паролата дека само со образование и наука ќе се создаде среќен живот на земјата. Токму затоа постојат разни училишта во сѐ поголем број. Процентот на образованите луѓе е доста голем. И ние гледаме дека сите тие образовани и полуобразовани луѓе почнуваат да умуваат, да критикуваат, да советуваат и да пропагираат планови за среќен живот и благосостојба. Но сведоци сме и на тоа дека и покрај сѐ подобрата материјална состојба на луѓето, бараната среќа и благосостојба не доаѓаат. Напротив, животот станува сѐ потежок, несреќите сѐ почести и поголеми. Каде треба да се бара причината за тоа? Никаде на друго место освен во рамнодушноста спрема законот Божји, во неисполнувањето на правилата на верата и во слабеењето на верата. Вистина е дека образованието го просветува умот. Точно е и тоа дека знаењето поттикнува на работа и на нови пронајдоци. Но светлоста на денешното образование е студена; оти без пламенот на верата не може да се загреат срцето и душата. Без животворната и топла љубов кон Бога таа не може да предизвика искреност, братољубие и сочувство кон ближните. А образованието без вера во срцата создава и развива најгруб егоизам и порок. Тоа го говорат вистинските факти. Денес имаме силно развиена просвета и знаење, но добри срца останаа малку; умот многу се развил, но моралот е паднат; моралната расипаност почнала да ги зафаќа сите катчиња од животот. Умот како да се остри и развива не заради некое добро, туку поради една единствена цел – што е можно попрефинето да се задоволуваат страстите и пороците; не да им помага на луѓето, туку да ги измамува и да им нанесува штети; не да им го олесни животот, туку да им го направи тежок. Не залудно денешниот век на просветеноста без вера се нарекува век на лаги и измами. Денес сѐ се фалсификува – и храната и облеката и парите; а современите модерни луѓе го фалсификуваат и своето срце, своите чувства и своите зборови. Да, фалсификувано е денешното образование; денес има многу знаење, но за наша голема несреќа меѓу луѓето нема веќе доверба, а ја нема затоа што е ослабена верата во Бога.

Според тоа, со таква просветеност на умот не може да се создаде благосостојба на земјата. Точно е дека образованието, науката воопшто, е нешто неопходно. Но за таа наука да биде полезна и соодветна во подобрувањето на животот, треба да се надополни со моралната просвета. А тоа може да го стори само верата. Затоа заедно со просветувањето на умот треба и срцето да биде осветлено со светлината на словото Божјо. Покрај просветениот ум треба да стои и добрата волја и благородното срце, проникнато со возвишени чувства и со живо сочувство во страдањата на другите. Тогаш гласот на совеста ќе зајакне, а измамата ќе ја изгуби силата. Но, повторуваме, тоа може да го стори само верата во Бога, оти таа има моќ да ја разгорува љубовта кон правдата и добрината, да ги искоренува страстите и да изнаоѓа средства за олеснување на човечките беди.

 

Како  пример за тоа ни служи верата на Св. Николај. Од волјата на секој од нас зависи дали така ќе го просветиме срцето. И Св. Николај бил човек како и ние – со душевни и со телесни слабости. Но просветлувајќи се со моќните зраци на верата и раководејќи се според евангелските заповеди, тој живеел праведно и со Бога и затоа постигнал совршенство. Затоа, ајде и ние да се погрижиме високо да го издигнеме факелот на верата, и да ги осветлиме своите срца со божествената светлина. Секогаш да имаме на ум дека радоста и среќата во овој живот можат да се создадат само со она знаење кое едновремено го просветува, и умот, и срцето. Такво знаење овозможува словото Божјо, испишано на страниците од книгата во која сѐ е кажано и расветлено – Светото Писмо. Таа е книга бесмртна, света, книга на вечната вистина и вечниот живот. Преку неа да се здобиеме со многу повеќе знаење, зашто само така ќе можеме со леснотија да го поддржаваме Св. Николај, и во правилото на верата, и во примерот за тоа како се прават добрини, и во смирението, и лесно ќе одиме по патот што води кон земната благосостојба и небесното блаженство.

(Извадок од празничното слово за Св. Николај од Митрополит Видински Неофит)

 

Извор: Бигорски манастир



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2028
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2048
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 494
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

07/05/2026 - четврток

Светиот маченик Сава Стратилат; Преподобна Елисавета; Светите маченици Пасикрат и Валентин; Преподобен Тома Јуродив; Светите маченици Лука и Никола;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная