Преподобен Јустин Ќелиски: Беседа на Томина недела
Беседа на Томина недела
Христос воскресна! и на сите нам ни го осмисли животот и ни покажа што е Бог и што е човек. Господ Христос ни покажа дека човек без Бог останува во смрт, сиот е мртов, сиот смртен. А Он, Богочовекот, еве, воскресна од мртвите, ја победи смртта заради нас, со Воскресението Свое му обезбеди бесмртност на човекот, на битието човечко му го даде она што никој друг не му го дал. Неговото Воскресение е најважниот настан во историјата на сите светови. Воскресението на Господ Христос е најважниот настан во историјата на родот човечки. Тоа е најважниот настан и за мене и за тебе во историјата на мојот живот и во историјата на твојот живот.
Што би била историјата на мојот живот ако Господ не воскреснеше? Краток пат од колевката до гробот, пат исполнет со трње, исполнет со страдање и стравотии. Но, со Него Воскреснатиот сѐ се менува. И јас и ти се менуваме, одеднаш стануваме бесмртни луѓе, бесмртни битија, битија што се посилни од смртта. Гледај, човекот станал посилен од смртта! Тоа е победа, единствената победа во овој свет. И затоа Господ е Единствениот Вистински Победник во сите светови Кој ја победил смртта. Да не воскреснеше Господ, сѐ ќе беше залудно. Зошто сонце, зошто небеса, кога јас и ти завршуваме со смрт, кога последната наша станица е гробот! Ако, пак, Господ Христос не воскреснал, тогаш празна е нашата проповед, празно е Евангелието, празна е и вашата вера (1. Кор. 15, 14).
Бидејќи по што Господ Христос се разликувал од другите луѓе, од другите властодржци на овој свет, по што Он би бил поголем и зошто би верувале во Него? Да не ни даруваше победа над смртта, да не воскреснеше од мртвите, не би верувале во Христос. Смртта би била посилна и од мене, и од Него, и од тебе, и од секое човечко битие. Сѐ би се исполнило со смрдеа и гној. Зошто да не веруваме во Него, бидејќи Он ни дал повеќе отколку некој самонаречен философ, или Платон, или Сократ, или некој научник, или некој војсководец, или некој јунак. Токму Неговото Воскресение е тоа што нѐ прави исклучителни битија во сите човечки светови, и е и покажува дека Он навистина е Вистински Бог, зашто е посилен од смртта, а затоа и посилен од гревот, посилен од ѓаволот. Тоа е Он и никој друг освен Него.
И затоа, ако Он не воскреснеше, залудна ќе беше верата наша, залудна молитвата наша, залудна љубовта наша, за што би ни служело сето тоа кога завршува со гроб и смрт. Зашто Он воскреснал и со Воскресението Свое ни обезбедил бесмртност нам луѓето – еве, затоа ние веруваме во Него и денес после две илјади години и ќе веруваме секогаш низ сите векови и светови во Вечноста. Еве ја Неговата сила, сила посилна од сите Негови противници, од сите христоборци, од сите безбожници. Залудно итаат луѓето кон она што е посилно од смртта. И денешните безбожници итаат кон Него, нови христоборци, нови Пилати, нови Јуди. Тоа се напади на безбројни сенки, сенки на Сонце!
Гледајте, ние денес го славиме славниот и бестрашен Апостол Тома. Тој не поверувал лесно во Господ Христос, во Неговото Воскресение. Сите тие се посомневале во Воскреснатиот Господ Христос, на почетокот никој не поверувал. Кога Светите Мироносици јавиле дека Господ воскреснал, се вели во Евангелието, не верувал (види: Мт. 28, 17). Кога двајцата ученици оделе по патот накај Емаус и Господ им се јавил, ниту ним им поверувал (види: Лк. 24, 13-33). Никому не му верувал. Но, бидејќи Господ непрестајно четириесет дена по Своето Воскресение им се јавувал на учениците Свои и ги убедил: „Јас сум Истиот; допрете се до Мене и гледајте; зашто духот нема тело и коски, а, како што гледате, Јас имам” (Лк. 24, 39), Апостол Тома, кога единаесетмината му кажале дека Господ се јавил, дека воскреснал, дека е жив, рекол: „Дури не ги видам раните од клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам” (Јн. 20, 25). Не, јас не сум слеп, и сакам да проверам.
По осум дена Господ повторно се јавува, на ист начин влегува низ затворената врата, застанува меѓу учениците и вели: „Мир вам!” Тогаш му се обраќа на Тома и му вели: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверен, но верен!” (Јн. 20, 26-28). Тома го прави тоа и воскликнува: „Господ мој и Бог мој!“
Тоа чудо му го покажал Господ на Тома и го убедил во Своето Воскресение, тоа чудо и е само за Апостол Тома да се увери дека Он е Бог, ништо помалку од тоа, дека Он е Господ. Бидејќи ако не е Господ, зарем би можел да ја победи смртта?! И што е тоа што можел да ни го даде кој било друг? Затоа Светиот Евангелист Јован вели: „И многу други чудеса изврши Исус пред учениците Свои, што не се запишани во оваа книга. А овие се запишани, за да поверувате дека Исус е Христос, Син Божји, и верувајќи да имате живот во Неговото име“, (Јн. 20, 30-31), Живот Вечен. Ете тоа ни го донесува Господ со Воскресението Свое, покажува како е Он Бог, Син Божји; и верата наша во Него Воскреснатиот, ете ни дава Живот Вечен, ни дава Бесмртност.
Човеку, ти повеќе не си под власта на смртта! Ти, ти си бесмртно битие, посилно од смртта. Тоа е дар на Господ Христос, најголем дар што би можел да му се даде на родот човечки. Апостол Тома бидејќи видел, поверувал: „Блажени се оние што не виделе, а поверувале!” (Јн. 20, 29). Бидејќи станува збор за нешто важно за човекот, и најважното: за бесмртноста твоја и моја станува збор, Живот Вечен и мој и твој. Верувај! Зарем Јас да те излажам? Јас, Господ и Бог! Јас Кој станав човек заради вас. Верата во мене, тоа е вера во Вистинскиот Бог. „Блажени се оние што не виделе, а поверувале!”
Кога Господ Христос станал човек и дошол во овој свет, живеел во светот триесет и три и пол години, ако не умрел и не воскреснал, Он ќе останеше еден обичен учител на родот човечки, а овој свет и понатаму би останал огромна гробница, гробница во која човек за човек не е ништо друго освен леш до леш, леш до леш, леш до леш... Каква е слободата да се биде човек без Христос? А Он дарувал Воскресение (и Живот Вечен)... Тоа е она што Он го донел на светот, најважното и најновото и вечното. Во Светото Евангелие пишува дека Синот Божји дошол и ни дал разум „за да Го познаеме вистинскиот Бог“ и да пребиваме во Неговиот Вистински Син Божји, Исус Христос (види: 1. Јн. 5, 20). „Он е вистински Бог и Живот Вечен“ (1. Јн. 5, 20). Богочовекот Христос е Единствениот Вистински Бог и Живот Вечен. Живот Вечен и мој и твој, зашто само во Него можеме да имаме Живот Бесмртен и Вечен – во Вистинскиот Бог. Никој од лажните богови не може да ми даде Живот Вечен и Бесмртност. Тоа само го има Бог и само Бог го дава.
Затоа Господ Христос е незаменлив за секое човечко битие во овој свет, за родот човечки. Него со никој и ништо не можеме да Го замениме. Без Него сѐ е ужас, сѐ е стравично, сѐ е смрт! Зад смртта ѓаволот, творецот на смртта, творецот на гревот – ѓаволот! Тој владее со човекот преку гревот, прку смртта владее со родот човечки, преку гревовите, преку безбројните смрти – сѐ до Воскресението на Господ Христос бил севладетел, сецар. Господ со Воскресението ја разорил државата на смртта, го разорил пеколот, ја разорил смртта, го разорил гревот, таа сила на смртта, зашто „гревот кога ќе созрее, раѓа смрт“ (Јак. 1, 15), се вели во Светото Евангелие.
А ние луѓето, допрва во Господ Христос стануваме вистински луѓе. Христијанството, браќа мои драги, не е ништо друго, туку сведоштво за Воскреснатиот Господ, за Вечно Живиот Господ и за бесмртноста моја и твоја. Господ воскреснал не заради Себе, туку заради нас луѓето, заради нашето спасение. Бидејќи сѐ што е Негово, станувајќи Човек, ни го дал нам луѓето. Заради што? Заради спасението наше од гревот, од смртта, од ѓаволот. Христијанинот во овој свет не е ништо друго, туку постојан сведок на Вечно Живиот Господ Христос, Победникот на смртта.
Ние христијаните, сите сме лични сведоци на Воскресението Христово. И во овој свет на земјата, додека сѐ уште не сме ја поминале капијата на смртта, Го живееме Воскреснатиот Господ Христос, и сведочиме дека Он навистина воскресна и дека ние сме бесмртни. Како? Како сведочиме, јас и ти, дека навистина сме бесмртни, дека навистина сме Христови, дека навистина сме слуги на Воскреснатиот Господ? – Сведочиме со тоа што со силата Христова го победуваме гревот, а гревот, секој грев е производител на смртта, секој грев е мал гроб; и кога ти со силата Христова, со силата на верата во Воскреснатиот Господ победуваш некој грев во себе: пакост – злоба, завист, ти ја победуваш смртта, се воскреснуваш себеси од гробот, од безбројните гробови. Како на луѓето да им сведочиш дека ти навистина си бесмртно битие, посилно од гревот, посилно од смртта, посилно од ѓаволот, на тебе и на мене и на секое човечко битие што Го следи Него? – Со вера. О ако нема вера тој човек, тој е недовршен човек, незавршен човек. Почнал да станува човек и замрел, и умрел без вера во Воскреснатиот Господ Христос.
Еден велик мудрец, Свет мудрец и Свет философ, Исак Сирин, кога сакал да каже што е најголемиот грев во нашиот земен свет, кој грев е најголем, рекол: „Грев е бесчувствителност за Воскреснатиот Господ!“ Бесчувствителноста на човекот за Воскреснатиот Господ... Ако човек не го чувствува Воскресението на Господ Христос, дека Он навистина воскреснал, тој прави грев, сегрев, грев во кој се овие смрти. Таквиот човек не ја чувствува бесмртноста своја, не се чувствува бесмртен. Кога ти навистина ќе почувствуваш дека Господ Христос навистина воскреснал и ќе поверуваш во Него, истовремено чувствуваш дека и ти се бесмртен, дека си вечен, дека смртта е победа и за тебе. Човекољубивиот Господ ја победи смртта, сите смрти, и за тебе.
Затоа верата во Воскресението на Господ Христос е најважна за човечкото битие во овој свет. Без неа човекот е смртен, сиот смртен, сиот мртов! А верата во Воскреснатиот Господ Христос, еве, се издигнува над сите смрти, го воскреснува од сите гробови. И ние христијаните, ние не се плашиме од никаква смрт што може да ни се случи или од ѓаволите во овој свет. Бидејќи сме посилни, посилни од секоја смрт, од секој ѓавол – преку Воскреснатиот Господ Христос. Со него ги победуваме сите смрти, сите гревови и сите ѓаволи! Затоа, нема сила ниту во пеколот, а камоли на земјата, што може да нѐ одвои од љубовта Христова (види: Рим. 8, 35).
Нему, на Чудесниот, на Господа Воскреснатиот, Победникот на сите наши смрти, на сите наши демони, на сите наши гревови нека е вечна слава и чест.
Христос воскресна! Навистина Воскресна!
Преподобен Јустин Ќелиски
Извор: МПЦ-ОА
(19.04.2015)


Желбата на Апостолот Тома да ги допре раните на воскреснатиот Богочовек Исус Христос не е неверие, туку природен и спасоносен копнеж на секој човек да Го познае Бог од опит, а не само од просто верување и читање книги. Затоа што, посебно, самото интелектуално знаење за Бог не ни носи сигурно спасение, а најчесто ни носи гордост,
„Неверојатен лик е свети Јован Крстител, само што јас тоа не знам и не можам да го опишам со зборови. Неговото присуство ги збунува современиците. Свештениците и левитите, а кој друг освен подложните на славољубие, први сакаат да дознаат кој е тој, и божем се чудат дали е Христос или свети Илија или некој нов пророк.
Зoштo апoстoлoт гo става нашeтo oсвeстувањe вo зависнoст oд вoскрeсeниeтo на Гoспoда? Затoа штo вoскрeсeниeтo на Христа oд мртвитe e главeн пoништувач на грeшeњeтo. И затoа штo нас ништo на свeтoт нe мoжe да нè oдврати oд грeшeњeтo какo сoзнаниe дeка Гoспoд станал oд грoбoт, дeка сeга сeди жив на прeстoлoт на славата и дeка нè чeка нас на Свoјoт Суд.
Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус Христoс. Тoј град сe нарeкува Царствo Нeбeснo, бeсмртeн живoт, двoрeц на ангeлитe, пристаништe на свeтитeлитe, утoчиштe
Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на човечкиот род: ги лекуваше болните од секакви болести, на слепите им го враќаше видот, на парализираните - одат, а им помагаше и на другите
Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа сила која го воскреснува умрениот? Со целото свое празнување Црквата одговара на ова прашање: Христос плаче затоа што во оваа смрт на својот пријател Тој го созерцува торжеството на смртта
Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт ѓавoл; сo Свoјата смрт гo пoбeдил грeвoт, а сo Свoeтo вoскрeсeниe ја пoбeдил смртта. Пoбeдувајќи ги ситe наши нeпријатeли, Oн нè пoвикува да зeмeмe учeствo вo Нeгoвата славна пoбeда.
Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива после големиот подвиг на чистење на срцето од страстите.
Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe вo тeлo на Зeмјата, пoмeѓу луѓeтo. Навистина, мoрамe да му бидeмe благoдарни на апoстoл Павлe штo,
Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната
Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно („одете од Мене, проклети“), не е ништо друго освен давање на уште една можност за покајание. И наместо да признаат дека ја заслужиле казната и да побараат прошка и милост од Семилостивиот Христос и да
Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид само двајца луѓе кои дошле во храмот Божји да се помолат туку ги има предвид сите луѓе кои застануваат пред Бога,
Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и молитвеничка во одминати години. Очите на сите вперени кон Спасителот. Се дефокусираат и од Него пијат духовна сладост, пијат нивните души. Можете да
Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела. Но, лекот не е во заборавањето, туку лекот е во препородот на душата и приближувањето кон Христа. Неговото божествено
Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа што на почетокот ќе биде под воспитувач, под туторство, старателство на своите родители, доаѓа момент кога ќе треба да се одлучи дали ќе тргне по патот да живее по Христа или
Христијанската црква од почетокот на своето појавување постоела како есхатолошка заедница. Нејзините членови усрдно го живееле очекувањето на Божјето Царство. Ја извршувале Светата Евхаристија, предвкус на Божјата слава. Подоцна, кога за време на свети Константин Велики христијанството станала официјална религија на империјата, есхатолошката вера во членовите на Црквата
За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а да се посведочува на дела, зашто е речено: „Почеток на мудроста е стравот од Господа; здрав разум имаат сите, кои според неа постапуваат“ (Псал. 110, 10), а не кои само ја проповедаат„.- св. Григориј Богослов.
Свeтoт ни гo пoзајмил тeлoтo, нo затoа сака да ни ја зeмe душата. Нo какo ќe нè надвладee свeтoт акo ниe стoимe какo вoјници на Пoбeдникoт на свeтoт?























