логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Беседа на Сретение Господово (15.02.2013)

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и молитвеничка во одминати години. Очите на сите вперени кон Спасителот. Се дефокусираат и од Него пијат духовна сладост, пијат нивните души. Можете да заклучите, колку многу биле блажени тие души!

Но браќа, и ние сме повикани не на мислено застапништво од ова блаженство, туку за активно вкусување од него, зашто сите се повикани да Го имаат и носат во себе Господ, и да исчезнат во Него со сите сили на својот дух. И кога ние ќе ја достигнеме оваа состојба, тогаш и нашето блаженство нема да биде помало од на тие, кои учествувале во Сретението Господово. Тие биле блажени – гледајќи; ние ќе бидеме блажени – не гледајќи, туку верувајќи. Внимавајте. Јас накратко ќе ви укажам како да го достигнете тоа. Еве што треба да направите, и направете го.

1. Пред сѐ, покајте се. Запомнете дека во духовниот живот без покајание ништо не можете да направите. Зашто, кој не би сакал, почеток на сѐ да биде покајанието. Затоа што забрането е без темел да се гради дом, и ако не се расчистат полињата, не смее да се сее на нив, ниту да се сади. Така, без покајание, ништо не смее да се презема во нашата духовна потрага; што и да направиме без него, сѐ ќе биде залудно. Значи, пред сѐ, покајте се, односно плачете за секое лошо направено дело и одлучете се за едно богоугодно. Тоа ќе биде враќање на погледот и телото на патот кон средбата со Господ, и прво стапнување на тој пат.

2. Потоа, имајќи постојано, неизменето чувство на покајние, устројте си таков живот и поведение, така што секој ваш чекор или движење да ви биде потсетник за вашето внимание кон нашиот Господ и Спасител. Овој ред самиот по себе ќе биде дел од вас, ако:

а) сѐ што вие правите, да правите во слава на Господ, заради Христос. Тоа не подразбира едно големо дело, туку секое дело, воопшто. И гледањето, и слушањето, молчењето и зборувањето, храната и питието, работата и одморот, сѐ може да биде посветено на Господ, осветено со Неговото сесвето име. Да не помине ни минута, а ние да не правиме некое добро дело, така организирајќи ги своите активности, вие секоја минута ќе се сретнувате со Господ, во Негова слава ќе ги извршувате сите свои дела. Исполнувајќи го ова, ќе добиете плодови, а ќе можете и уште полесно да ги добиете, само ако:

б) во поредокот на своите дела, секојдневно го вметнете и чинот на молитвата – и црковна, и семејна, и воопшто поставете си типик со строго исполнување на секој закон на Светата Црква до најмалиот дел, без мудрување и кривотолкување, со смирено срце. Дел од секое молитвословие е Господ и нашето обраќање кон Него, односно, во извршувањето

или учеството во него, вие ќе Го сретнувате Господ во сочувството и насладата на своите срца. Ако потоа:

в) преостанатиот дел од времето вие го исполните со читање на Светото Писмо, или слушање беседи за Него, или размислување за Него и за големите дела на спасението, извршени од Него на земјата, тогаш самите ќе видите дека внатре во вас, нема ништо што не ве потсетува на Господ, што не го привлекува вашето внимание кон Него и не го изведува вашиот дух за средба со Него.

3. Сепак, не треба да се заборави дека сите овие работи се само подготвителни. Не треба да се задржуваме на нив, туку треба да продожиме понатаму. Како што од храната, грубо подготвена за нас, потоа се гледаат суптилните елементи на животот, така сите подвизи, извршени на дело, опипливи, треба во духот да образуваат суптилни расположенија и копнеж за Господ, имено: под подвигот на целосната посветеност на Господ подразбираме и квалитетен стремеж на сите желби на нашата душа единствено кон Бога; под исполнување на сите молитви или учество на сите богослужби подразбираме складирање во срцето на сочувство само кон Господ и Господовото; во основата на читањето и слушањето на Светото Писмо подразбираме задолжителен, со задоволство, стремеж за внимание на нашиот ум кон единствениот Господ. Тие дела се суштината на одгледувањето на полињата, а овие стремежи – плод на посеаното; тие – стебло и гранки, а овие – цвет и плод. Кога во нас ќе никнат овие расположенија, тоа ќе значи дека нашиот дух со сите свои сознанија и расположенија излегол да се сретне со Господ. И како што Господ е секаде присутен и Самиот сака да се сретне со нашиот дух, таа взаемна нивна средба, после сѐ, се остварува самата од себе. Тогаш, нашиот дух почнува да го вкусува блаженството на праведниот Симеон, односно почнува да го носи, во прегратката на своите сили, и копнежот кон Господ, Којшто исполнува со ситост и задоволство. Ете, тоа е она што го нарекуваат вкусување на Господ, мир во Него, престојување со умот во Бога, одење пред Господ, непрестајна молитва – резутатот од подвигот, желбите и стремежот на сите Божји светии.

Ви посакувам да бидете достојни за ова богатство, вие кои го празнувате Сретението Господово. Ако некој се жали, ќе рече: сакам плод, но трудот за да се дојде до него е премногу тежок. Може да му се одговори: добро, постои полесен начин, поедноставен. Еве го! Покај се; потоа, ревнувај во исполнувањето на секоја Божја заповед, оди неотстапно пред Бога, насочи го кон Него целото внимание на умот, сите чувства на срцето, сите желби на волјата. Прави го тоа и брзо ќе Го сретнеш Господ. Тој ќе вникне и ќе се одмори во тебе, исто како во прегратката на праведниот Симеон. Не постои друг олеснителен подвиг неопходен за посакуваната средба со Господ. Единствено, Исусовата молитва: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме – силно и моќно може да помогне како дел од подвигот. Но повторно, не самата од себе, туку под услов сите сили на нашиот дух да бидат насочени кон Господ! „Бидете трезвени, бидете будни“ (1 Петар 5, 8). „Барајте го она што е горе... и вашиот живот ќе биде сокриен со Христа во Бога“ (Кол. 3, 1-3). Тогаш, „соединувајќи се со Господ во еден дух“ (1 Кор. 6, 17), откако ќе Го видите, „ќе се зарадува вашето срце и вашата радост никој нема да ви ја одземе“ (Јован 16, 22), ниту во овој век, ни во идниот. Амин.
 

Свети Теофан Затворник

 

Извор:

http://mpc.org.mk/svetootecko-predanie.asp?id=5436&fbclid=IwAR30eC4wnI-fZiPT0B0aFwkOT6qaAzfJJj1IpktGvWp0YAFARBz5uv4cwoM

 

 

 

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2058
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2076
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 520
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

10/05/2026 - недела

Св. апостол Симеон; Преп. Стефан епископ Владимирски; Преподобен Јован Исповедник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная