Нашиот личносен однос со Богочовекот Исус Христос е секогаш определен од односот спрема нашиот ближен, па кој било да е тој. Страдаме во овој свет бидејќи обземени од своето самољубие се повредуваме меѓусебно.
Се поклонувам, го славословам и величам Твоето слегување во адот, пленението на адот, разрушувањето на смртта и тридневното воскресение од гробот, и Те молам Тебе, мојот Господ: душата моја, плен на гревовите, плени ја со љубовта Твоја; умртвена-воскресни ја и избави ја од адот.
Во Новиот Завет, поточно во Првото Послание на Светиот Апостол Петар (1 Петр. 3, 1-7), е напишано дека жените треба да се трудат не само за надворешната убавина, туку и за внатрешната, која потајно, како постојаност и тих дух е скриена во срцето, а која пред очите на Бога е исклучителна вредност и драгоценост. Апостол Петар во продолжение вели дека мажите треба да живеат разумно со своите жени,
Денес, на празникот на Слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, Митрополитот Адријанополски г. Амфилохиј отслужи Божествена Литургија во сослужение на Митрополитот Струмички г. Наум и Митрополитот на Орестијада, Дидимотихо и Суфли г. Дамаскин, во црквата „Христос Спасител“ во Дидимотихо, Р. Грција.
Сè што имаме, што сме, што мислиме, што говориме, што вреди нешто, е од Бог и е во Бог. Затоа дарот да се гледаме во Светиот Дух како браќа и како сестринство на Црквата е дар Божји. Меѓутоа, иако дарот Божји секогаш доаѓа, Бог секогаш дава, неопходно е и ние да ја разбереме Неговата волја и да служиме за да ја оствариме Неговата волја.
Сега сме овде во светиот Охрид, поточно во црквата Света Софија, пак сите заедно, една година подоцна. Сега сме повторно горди и исполнети со радост, а заедно со нас се радуваат сите црквољупци и светители. Вие, Ваша светост, сте најзаслужниот за сето ова што се случи, па затоа, на овој ден и на ова место, ви благодариме во името на македонскиот народ.
Првото - кога слушнав од Пророк Симеон, дека ќе бидеш убиен;
Второто - кога три дена те барав по Ерусалим и не Те видов;
Третото - кога дознав дека Евреите Те фатиле и врзале;
Четрвтото - кога Те видов на Крстот Распнат помеѓу разбојниците и
Петтото - кога Те видов во гробот положен.
Единствена животна вредност е семејството. Кога ќе пропадне семејството ќе пропадне се,
и свештенството и монаштвото, ќе пропадне светот.
Бескрајни се маките и тешкотиите на светот. Едно сеопшто распаѓање на цели семејства. Повеќето од домовите се полни со несреќа,
✥✥✥ 01 Јуни (Четврток) Светиот свештеномаченик Патрикиј, епископ Бруски, со тројцата презвитери: Акакиј, Меандар и Полиен.
Света Божествена Литургија од 08:00 часот ✥✥✥
✥✥✥ 03 Јуни (Сабота)
Светиот цар Константин и Светата царица Елена ( Задушница)
Верниците и оние кои не веруваат доаѓаат во храмот, палат свеќи, се молат, плачат, но кога ќе им пријде свештено лице и ќе ги покани да присуствуваат на богослужбата за да се ‘’потопат’’ во таа нова за нив мистична реалност, тие изрично одбиваат или поради некоја причина ја отфрлаат оваа понуда. Ова не само што е тажно, туку е и за осуда, бидејќи имено
Благодарност до отец Гаврил кој одлучи циклусот „Фотографски записи на еден монах“ да го отстапи на нашата Фондација, а средствата собрани од продажбата на фотографиите да бидат наменети за помош на Детското одделение при Општата болница во Струмица.
Затоа и се каеме, затоа и се исповедаме и бараме прошка, затоа што се надеваме.
Се надеваме на Неговата милост, која го постави разбојникот прв во Рајот, која ја направи блудницата преподобна подвижничка, која го направи гонителот на христијаните првоврховен апостол, која го направи митарот - евангелист, која го прави секој човек богочовек по благодат.
Нашето свето Православие го ставивме во граници од поими и дефиниции и го омеѓивме со нации оттуѓувајќи се еден од друг како што лично го правиме тоа од Бога, а тоа како наша вера е радоста и убавината во Христа Воскреснатиот... Пресвета Богородица и сите светии...откриена и во ближниот свој.
Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и
дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога.
И навистина се оддал на богоугоден живот, го изучувал Светото Писмо,
делата на светите отци, а особено делата на св.Григориј Богослов.