логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Св. Јован Златоуст

✤✣✤

Споредба на царската власт, богатство и превосходство со монахот кој живее во највистинското љубомудрие според Христа *1

I дел

✤✣✤

а.          Гледајќи дека повеќето од луѓето ги љубат и им се восхитуваат на оние нешта што само навидум се чини дека се добри, повеќе одошто на оние што по природа се полезни и навистина добри, сметам дека е неопходно да кажам неколку зборови за обете и да ги споредам меѓу себе нештата што од многумина се пренебрегнати и тие што со голема ревност се прифаќаат, та откако ќе ја дознаеме разликата помеѓу нив, високо да ги цениме тие што се достојни за ревност и се спасителни, а другите, пак, да се научиме да ги презираме како достојни за ништо.
              Така значи, луѓето сакаат богатство, власт, првенство, слава, и повеќето од нив блажени ги сметаат оние коишто началствуваат над народите, коишто се носени на сјајни колесници, коишто уживаат во викот на гласниците и во многуте телохранители, а истите тие луѓе го презираат животот на мудрољубивите и на оние што за себе го избрале монашкиот начин на живот. Првите, кога ќе се појават, го свртуваат вниманието на народот кон себе, а вторите кога ќе се појават, ниеден поглед, или поглед сосема на малкумина кон себе привлекуваат. И на нив (т.е. на монасите - б.п.) може никој да не посака да се уподоби, а на оние, пак, сите.

Меѓутоа, да се стекне господство и да се прими власт над народи е ем тешко, ем за повеќето невозможно, а и од многу пари ќе имаат потреба љубителите на власт. А да се избере монашки живот и да се помине животот во служење на Бога е за сите подеднакво благопријатно и лесно. Покрај тоа, поседувањето на власта се прекратува заедно со прекратувањето на овој живот, поскоро уште додека се живи таа ги напушта нејзините љубители; впрочем, таа веќе довела некои во голема опасност или бесславие. Монашкиот живот, пак, уште сега ги исполнува праведниците со многу добра, а после скончанието на нивниот живот, светли и радосни ги води пред судилиштето на Бога и Отецот, кога повеќето од оние што началствувале ќе бидат видени како примаат големо наказнание за делата во својот живот.

Ајде, затоа, откако ќе ги споредиме меѓусебе добрата на љубомудрието и оние на владеењето и славата, што само се чинат дека се полезни во сегашниот живот, да се запознаеме подобро со разликата помеѓу двете; зашто поставени едни спроти други, тие ќе станат појасни. Или поскоро, ако сакате, споредувајќи го врвот од добрата - мислам на царската власт - со љубомудрието, да ги разгледаме плодовите од поседувањето на секоја од нив, откако ќе дознаеме точно над што началствува царот, а над што мудрољубивиот.

Hristos.prekrasno7.Sirin

         Така значи, царот стои (т.е. господари) над градови, области и многу народи, раководејќи со своите заповеди и војсководци, и подвластени, и војски, и народи, и собранија; а оној, пак, кој на Бога Му се предал себеси, и монашкиот живот за себе го избрал, владее и над гневот, и над зависта, и над среброљубието, и над сластољубието, и над другите пороци, гледајќи постојано и грижејќи се како да не ѝ допушти на душата да потпадне под власта на срамните срасти, ниту да го пороби разумот на таквата горка тиранија, туку повисоко од сѐ секогаш умот да го држи, откако стравот Божји ќе го постави над страстите. Таква, значи, власт и господство поседува царот, а таква монахот, така што со поголемо право некој овега (т.е. монахот - б.п.) цар би го нарекол, отколку оној кој сјае со багреница и венец и седи на златен трон.

б.          Затоа, цар навистина е оној кој владее над гневот, зависта и сладострастието, и сѐ потчинува на законот Божји, го запазува умот слободен и не дозволува моќта на задоволствата да загосподари со душата. Таквиот човек со задоволство би сакал да го видам да началствува и над народи, и над земја и море, и над градови, области и војски. Зашто оној кој над страстите на душата разумот свој го издигнал, тој лесно би застанал (т.е би господарел) и над луѓе, во согласност со божествените закони, така што ќе им биде наместо татко на потчинетите, општејќи со градовите со секаква кротост. А оној човек кој само надворешно изгледа дека владее, но во суштина им е роб на гневот, властољубието и задоволствата, тој, како прво, ќе им изгледа смешен на потчинетите, зашто иако носи венец украсен со скапоцени камења и злато, тој со целомудрие не е овенчан, и иако телото цело му сјае со багреница, душата му е неукрасена. Потем тој не ќе знае дури ни како да ја спроведе власта; зашто оној што е неспособен да владее со себеси, како би бил способен другите да ги управува според законите?

Hristos.pobednik

               А доколку сакаш да ја видиш и војната на секој од нив, ќе откриеш дека едниот се бори против демони и ги надвладува и ги победува и од Христа бива овенчан; зашто тој со божествена сила влегува во војната, утврден со небесни оружја, така што победата му станува неизбежна; а царот, пак, се бори против варвари. Па колку што демоните се пострашни од луѓето, толку посјаен е оној кој ги надвладува првите одошто оној кој ги победува последните.

И доколку сакаш да ја дознаеш причината и за едната и за другата војна, ќе откриеш голема разлика. Едниот војува против демоните поради благочестие и служба за Бога, копнеејќи да ‘открадне’ (ἐξαρπάσαι) од заблудата било градови или села, а другиот се бори против варвари за да бидат ‘украдени’*2  (ἁρπασθέντων) или места, или планини, или пари; или, пак, се бори поради алчност и желба за неправедна власт што го повикува на борба. Оттаму, многу цареви, посакувајќи го поголемото, честопати го губеле дури и тоа што го имале. Па така, власта и непријателите и на едниот и на другиот покажаа колку многу се разликуваат царот и оној којшто е ревносен да го помине својот живот во служба на Бога.

А уште, нив најточно може некој да ги спознае, доколку внимателно го набљудува животот и секојдневните занимања на секој од нив. Бездруго ќе најде дека едниот навистина општи со пророци, ја украсува душата со мудроста на Павле и постојано потскокнува од кај Мојсеја до кај Исаија, од кај него - кај Јована, од кај oвој, пак, накај некој друг од светиите; додека царот, пак, постојано општи со заповедници, градоначалници и телохранители. А со какви луѓе некој постојано општи, на нив го уподобува и својот нарав. Следствено, монахот го сообразува својот разум со наравите на апостолите и пророците, а царот со тие на војсководците, телохранителите и штитоносците, луѓе поробени од вино, коишто се насладуваат со задоволства и повеќето од деновите ги поминуваат во пијанство, неспособни се за нешто значајно и убаво, поради виното. Така, ова е уште една причина зошто монашкиот живот приличи блажен да го нарекуваме повеќе одошто оној поминат во господарење, царување и скиптри.

✤✣✤

*1 Зборовите φιλόσοφος, φιλοσοφία, φιλοσοφέω кај св. Јован Златоуст ретко имаат значење во пошироко распространетата смисла на философија. Поскоро кај него тие имаат значење на возвишена христијанска добродетел, затоа што, како што вели и самиот светител, ἡ ἀληθὴς σοφία ἡ πίστις ἐστὶν („вистинската мудрост се содржи во верата“). Понатаму, философија (цр.сл. ‘љубомудрие’) за св. Јован Златоуст е и монашкиот живот, а вистинските философи - тоа се монасите.

*2  Со значење ‘освоени’. Характеристично за реториката на св. Јован Златоуст, кој овде прави игра на зборов

 Извор; Богорски манастир

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3211
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7696
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная