Шарените платеници видно се вознемирија по успешната трибина околу воведување на контраверзното сексуално образование, каде главни говорници беа Викарниот Епископ Стобиски г.Јаков и универзитетскиот професор д-р Венко Андоновски, каде јасно и гласно беа обелоденети и разобличени нивните стратегии за идеолошка индоктринација на децата преку ширум отворената врата во образованието и законодавниот дом.
Иако, како луѓе, сите сме го примиле повикот за таа возвишена цел – да се соединиме со Бога, да станеме богови по благодат и да уживаме во големото блаженство за кое и нѐ создал нашиот Творец, ние често живееме како таа голема и највисока цел воопшто да не постои. Тогаш нашиот живот е претвора во неуспех.
Дека овој голем светител среќавал чести и бројни искушенија, треба да прифатиме, и на тој начин ни се покажува навистина совршен. А оние работи, кој ум може да ги сфати, кој збор може да ги изрази овие до-тогаш нечуени сплетки ковани од лутиот непријател, поткажувањата и клеветите на новите непријатели на Бога против него,
Како дошол светиот Апостол до таква состојба што со ништо друго не сака да се фали освен со крстот Христов! Секој крст е жал, тешкотија, понижување. Како тогаш да се фали со него? Ете, Апостол Павле се фали со него, а заедно со него и сите апостоли, а
...Нашиот небесен Отец го даде Својот Единороден Син да биде распнат на дрвото на омразата и крајната суровост - кое што го измислила човечката злоба. И Синот, висејќи така, колку што било потребно за да ја насити злобата на своите непријатели, умре. После три дена, Отецот го воскресна Синот и го запечати во срцата на луѓето своето ново дело.
„Денес се исполни пророчкото слово, зашто, ете, се поклонуваме на местото каде што стоеја нозете Твои, Господи: и, откако од дрвото на спасението вкусивме, од гревовните страсти слобода примивме, по молитвите на Богородица, единствен Човекољупче“ (богородичен на стихири за време поклонување на чесниот Крст, на Утрена на Крстопоклона недела“.
Некој те укорува – ти благослови го. Друг те бие – ти претрпи. Трет те презира – ти моли се за него. Некој те смета за ништожник – ти спомни си дека си од земја создаден и дека земја ќе постанеш. Кој ќе се вооружи со такви мисли и расположение – тој нема да се уподоби на навредениот и ќе го спаси него и себеси.
Ќе видиш блудници како стануваат преподобни.
Ќе видиш развратни мажи како стануваат јагниња.
Ќе видиш скржавци кои го раздаваат сиот свој имот како милостина.
Ете, и ние кои лежиме на дното на најдлабоката јама на незнаењето, во темнината на страстите и смртната сенка на нашето тело,
по дрскоста своја започнуваме
да философираме за небото на земјата.
Кога ќе погледнеме околу себе, со болка во срцето гледаме: луѓето стануваат сѐ повеќе нестрпливи, несочувствителни. Причините коишто придонеле до таквите појави се различни: економски тешкотии, раскошот на неколкумина и сиромаштијата на мнозинството, ниското ниво на култура и морал, конфликтите на меѓунационална основа,
Децата сакаат граници. Сакаат луѓе кои ќе ги фатат за рака и ќе ги учат за животот. За убавите, добри работи, за она што треба и за она што не треба. Без граници, децата се самите осудени…Три нешта им требаат на децата. Присуство, прифаќање и строго раководство. Направи го ти најдоброто што можеш, а другото ќе го дополни Бог…
Неопислива и неискажлива е тајната на Богородица. Неизброиви и необјасниви се чудата на најчистиот плод што некогаш човештвото го дал, Пресвета Дева Марија. Нејзиното име радува срца и духови, утешува таги и лекува слабости. Поширока од Небесата, почиста од Сонцето.
Какo Гoспoд извршил тoлку мнoгу дeла? Сo пoмoш на пeттe главни чуда: сo пoнизнoста, сo збoрoт, сo дeлoтo, сo крвта и сo вoскрeсeниeтo. Штo свeдoчат дeлата Христoви? Првo, свeдoчат дeка Зeмјата нe гo испратила, туку нeбoтo; втoрo, дeка нe Гo испратил ангeл, туку Oтeцoт нeбeсeн; трeтo, дeка за такви дeла никoј нe e дoвoлeн oсвeн Oнoј кoј e Вeлик кoлку и Бoг, мoќeн кoлку и Бoг, милoстив кoлку и Бoг – Кoј и самиoт e eднакoв на Бoга.
Смирението и љубовта, детската непосредност и искреност во односот со Бог и кон луѓето биле одлика на неговиот живот и на неговите поуки, кои во продолжение се изложени. Со надеж дека македонскиот православен читател ќе добие голема духовна полза од неговите избрани поуки и од неговиот живот, ја објавуваме оваа книга по 20 години од неговото блажено упокојување.
Ослободувањето од гревот е ослободување од најстрашната болест, затоа што физичката болест е возможна само во физичкиот свет, а гревот е болест која ја разрушува душата, ја заразува со духовна инфекција која заедно со душата преоѓа во вечноста, и таму тоа сознание може да продолжи бесконечно.