логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Episkop.Emilijan.Hristos

ШТО ЈА ОДРЕДУВА ВРЕДНОСТА НА ЧОВЕКОТ?

                  Денес Светото Евангелие ни посведочи за чудото кое Христос го изврши за да го нахрани мноштвото од народ во пустината кога немаше доволно храна дури и за неколкумина од нив. Ова се случи на следниот начин. Апостолите отидоа кај Христа и Му рекоа: „Местово е пусто, а и доцна е веќе; пушти го народот да оди по селата и да си купи храна.“. А Христос им рече на апостолите: „Вие дајте им да јадат“. Апостолите веројатно се зачудиле како е тоа можно затоа што немале доволно храна. Но, чудото се случи. Така, Бог одвреме-навреме бара од нас да им даваме храна на другите. А под храна овде не се подразбира само храна во буквална смисла на зборот. Тоа може да означува многу нешта. Понекогаш е поважно да му покажете некому љубов и да кажете неколку зборови на утеха отколку да му дадете храна. И веројатно ќе се запрашаме како можеме да го направиме тоа кога внатре во нас немаме ништо вредно за да им дадеме на другите.
           И јас би сакал да споделам со вас некои мои размислувања - особено од гледна точка на нашата самодоверба - за тоа како можеме да го постигнеме тоа. И како нашата самодоверба влијае на она што Бог го прави преку нас и на она кое ние го правиме за самите себе и за сите околу нас.

Episkop.Emilijan.Hristos1


             Кога поседуваме ниска самодоверба, веројатно се прашуваме зошто е тоа така. Причините се многу, но ќе споменам само три од нив. Една од причините за ниската самодоверба можеби се должи на фактот што како дете никогаш не ми било кажано дека сум добар во нешто. Всушност, моите родители и блиските никогаш не ми кажуваа добри зборови. Никогаш не ми кажуваа: „Горд сум на тебе“. Никогаш не ми кажуваа: „Честитам“. Никогаш не ми кажуваа: „Многу се радувам што го направи тоа за мене“. Сето тоа создава комплекс во срцата на децата, што е причина за нивната ниска самодоверба, а тогаш одговорноста паѓа на родителите. Бог ни ги дал овие прекрасни суштества, но понекогаш ги упропастуваме и носиме одговорност за тоа.
           Друга причина за ниската самодоверба лежи во фактот што во минатото, во одреден момент од животот, бев многу трауматизиран и тоа ме натера да мислам дека сум ништо, не затоа што сум, туку затоа што некој на кого сум гледал со почит, создал таква претстава во мене. Некој кој имал авторитет во семејството, некој кој имал авторитет на работното место, некој мој близок кој имал силен карактер. Тоа е погрешна претстава и ние сме виновни за неа, но таа може значително да ни ја намали самодовербата.
Друга причина е тоа што се споредувам со другите и кога ќе утврдам дека тие се подобри од мене, тоа во мене создадава ниска самодоверба. Старец Емилијан Симонопетритски велеше дека никогаш не треба да се споредуваме со другите, никогаш не треба се споредуваме со себеси и никогаш не треба се споредуваме со светиите. Зошто? Затоа што ако осознам дека тие се подобри од мене и ако осознам дека сум бил подобра личност во одреден момент во минатото, веројатно ќе се задушам и ќе паднам во депресија. Но, ако осознам дека сум подобар од другите и дека се справувам со тоа подобро од порано, тогаш можеби ќе се возгордеам. Нема полза и во двата случаи . Судот и проценката за себеси го оставаме на Бога. Ние не се осудуваме себеси и не се споредуваме со другите. Тоа е многу опасно без разлика за која од двете работи зборуваме.

Episkop.Emilijan.Hristos2


             И тогаш се поставува прашањето: зошто сум достоен за било што и која е мојата вредност како личност? Никогаш не смееме да заборавиме дека сме создадени по Христовиот образ и подобие, по образот и подобието на Света Троица, што значи дека јас, како и сите други луѓе сум создаден за да станам светител. Затоа сум создаден и тоа е она што ја одредува мојата вредност. Затоа имам вредност и има вредност мојата душа и душата на секој од нас. Мора да го запомните ова. Мојата душа вреди повеќе од целиот универзум, мојата душа вреди повеќе од целото создание, затоа што ја имам способноста да станам светител. Храмот во која се наоѓаме е свет но тој не може да го наследи животот вечен. Затоа мојата душа вреди повеќе од ракотворениот Црковен храм. Јас сум живиот храм на Бога. Треба да го запомниме ова кога луѓето нè понижуваат и ни велат дека сме безвредни. Тоа не е вистината. Вредиме многу затоа што Бог не создал и затоа што можеме да станеме светии.
           Мојата вредност не ја определувам јас, затоа што не ја поседувам таа вредност. Од што се определува тогаш таа? Таа се определува од образот по кој ме создал мојот Творец. Јас сум нешто не затоа што сум нешто. Јас сум нешто затоа што Бог ме создал. Бог ме создал според Неговиот лик и подобие. И треба да разбереме дека кога имаме многу висока самодоверба не можеме да им служиме на другите, не можеме никому да помогнеме, не можеме ни да содејствуваме во нашето сопствено спасение. Тогаш се пројавува нашето его, ние му служиме на нашето его и со тоа исцрпува сè. Но, од друга страна, самопочитта, како што веќе рековме е знак на самосвест, а тоа означува дека се занимаваме со себеси и во извесна смисла сме фокусирани на себеси. Кога имам ниска самодоверба, тоа ме спречува да бидам активен, да бидам со Бога, да бидам инструмент на Бога. Зошто? Затоа што свесно мислам дека не сум достоен за ништо. Тоа е ниска самодоверба. Истовремено, тоа е фокусирање кон себеси и воопшто не е полезно, независно дали вината за тоа што имаме ниска самодоверба е наша или не.

Episkop.Emilijan.Hristos3


              Друго прашање кое е интересно кога зборуваме за нашата самодоверба е познавањето на нашите сопствени граници. Да разбереме дека сме создадени по Божји образ и подобие, но како што Христос, бидејќи е Бог и човек, мораше да спие и да јаде затоа што огладнуваше, како што Христос кога одеше предолго се уморуваше, така и ние мораме да ги знаеме нашите можности, нашите граници и да ја знаеме сопствената сила.
Ако не ги знам моите можности нема да можам да им давам храна на луѓето, како што правеа апостолите кога Христос го побара тоа од нив. Прво треба да бидам свој, треба да ја знам мојата сила и потоа да му служам на Бога и на другите. Затоа и старецот Емилијан кажуваше дека на Бога му е бескорисен човекот кој е уморен. Зошто? Затоа што кога сме уморни не можеме ни себеси да си помогнеме, а камоли да имаме трпение да се справиме со другите и затоа треба да ги знаеме нашите граници но и да ги пазиме, бидејќи ако луѓето околу нас мислат дека сме способни за повеќе отколку што можеме, тие ќе бараат од нас повеќе и повеќе. И тогаш ако нивните очекувања ги надминат нашите можности и сме во искушение да помогнеме повеќе отколку што можеме, нема да се справиме. Долгорочно ќе прегориме. Но, дури и ако сум направил многу денес, а утре не можам да направам ништо, каква е ползата од тоа?

         Како да разберам дека тоа што го правам, го правам за другите а не се фокусирам на сопствената висока или ниска самодоверба? Како можам да го игнорирам нивото на мојата самодоверба за да можам да им помагам на другите? Мораме да осознаеме дека не можеме да направиме ништо без смирението. Ќе го објаснам ова. Фокусирањето на себеси, мислејќи дека можам да направам многу работи поради мојата висока самодоверба и фокусирањето на себеси, мислејќи дека не можам да направам ништо поради мојата ниска самодоверба, нè спречуваат да го правиме она што Бог сака да го правиме. Смирението во постапките значи дека што и да правам, го правам за Бога и за другите. Затоа разбирам дека моите постапки се смирени и кога се фокусирам на Христос, на Бог и на другите, не ми е грижа за мојата самодоверба, не ми е грижа за тоа како се чувствувам, не размислувам како се чувствувам. Мислам само на другите и тоа е смирението што мора да го придобиеме за да им служиме на другите, без разлика дали имаме висока или ниска самодоверба.
            И последно нешто што би сакал да го споделам со вас. Кога даваме се од себе за да му служиме на Бог и на другите, треба да го правиме тоа без грижи. Што имам во предвид? Кога знаеме дека се што се случува се случува само со Божја сила, не можам да се грижам што Бог ќе им даде на другите преку мене. Апостолите ја поделија храната и таа беше доволна за сите. Но, тие не беа загрижени дали ќе има доволно храна или не. Оваа вознемиреност би била залудна и во извесна смисла би укажувала на недостаток на вера.
        Затоа, ние треба да го правиме тоа што можеме, да им служиме на другите, да се фокусираме на Христа и ако поради некоја причина имаме ниска самодоверба, да се трудиме да не ги повторуваме грешките на другите кон нас, за да не ги создаваме истите негативни последици кај другите, последици со кои најверојатно ќе мора да се справуваат до крајот на животот. Духовниот живот е многу едноставна работа. Клучот за духовниот живот лежи во тоа каде го фокусираме нашето внимание. Откако ќе го поправиме тоа, сè друго станува многу лесно.

6 август 2022 година
Извор: Веб страна на Грчката православна архиепископија во Австралија / bogonosci.bg
Автор: епископ Емилијан (Кутузис) Мелојски

 

Episkop.Emilijan

За авторот:
Епископот Емилијан е духовно чедо на архим. Емилијан Симонопетритски, од него го добил името Евстратиј, а името Емилијан (во чест на својот духовен отец) го добил на епископското ракополагање во 2019 година. Роден е во 1971 година на о. Калимнос. Во Симонопетра бил 14 години, а потоа по послушание заминува во Австралија.

 HRISTOS.BOG24

 pp

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3210
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7694
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная