Недела на сите Македонски Светии (05.10.2015)
На 04.10.2015 година, во првата недела од месец Октомври, кога нашата помесна црква го празнува Соборот на сите Македонски Светии, во соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, беше отслужена Света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше неговото блаженство архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитите Петар, Тимотеј, Агатангел, Иларион, Јосиф и Јосиф.