Скопје. 17-ти јануари 2016г.- храм на св.вмч. Димитриј, на празникот на
Собор на Светите Седумдесет aпостоли
На 17-ти јануари 2016 година, во седумнаесеттата недела по Педесетница , кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на Собор на Светите Седумдесет aпостоли, во овој храм на св.вмч. Димитриј, во Скопје, каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот Дух, старешината на храмот о. Жикица Денковски во сослужение на проф. Димитар Белчовски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Старец Паисиј Светогорец
Кога некој се обидува да ги постави црковните работи на православен начин, а целта му е себеси да си благоугоди, како може таквиот да биде благословен од Бога? Ниту пак, треба да се воодушевувате од оние што црковните проблеми ги поставуваат на многу добар начин, православно, а самите не си го знаат местото во Црквата и ја потресуваат со безрасудни крајности или лекомислености во однесувањето. Тие две крајности секогаш ја измачуваат Мајката Црква, а и оние што се држат за нив бидуваат измачувани, бидејќи крајностите вообичаено се судираат. Тоа е како едниот крај да го држи демонизиран, кога има духовна безочност, презир кон сè, а пак другиот како да го држи некој што е луд, со нездрава ревност и тврдоглавост. Тогаш - Бог да чува! Може двете крајности постојано да се судираат, а крајот никој да не им го најде. Оние што ќе можат да ги соединат двата краја ќе бидат овенчани од Христа со два невенливи венца.
Преминпортал (к.т.)