Скопје- храм Рождество на Пресвета Богородица, на празникот на Собор на Пресвета Богородица
На 8-ми јануари 2016 година, во триесет и првата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го празнува споменот на Собор на Пресвета Богородица , во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, ереј Спасе Таковски во сослужение на протоереј Драган Јанковски и ѓаконот Методиј Митановски, отслужи Божествена Литургија. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Старечник
Го посети авва Лот авва Јосиф и му рече: „Авво, според своите мали сили го вршам своето мало молитвено правило и својот малечок пост, и молитвата и изучувањето на Писмото и тихувањето, и колку што можам, ги чувам моите помисли чисти. Што уште да правам?“ А Старецот, кога стана, ги крена своите раце кон небото и прстите му станаа како десет огнени пламења. Па му рече: „Ако сакаш, сиот биди оган.“
Преминпортал (к.т.)