Скопје. 14-ти јануари 2016 год.- храм на св.вмч. Георгиј, К. Дол
Во триесет и втората недела по Педесетница, на празникот на Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски и Обрезание на Господ Исус Христос, презвитер Горан Тасески, во сослужение на ѓаконот Гаврил Најдовски отслужи Божествена Литургија во манастирската црква на св.вмч. Георгиј, во месноста Криви Дол, Скопје. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.
Кондак на празникот, глас 3.
Подобен: Дева денес:
Господарот на вселената трпи обрезание и, како добар, ги отстранува човечките прегрешенија: денес на светот му дава спасение, а во висините се радува и Создателовиот светлоносен јерарх и божествен Христов тајник Василиј.
Да гo oставамe злoтo зад нас, вo сeнка, вo јама на забoравoт, вo тeмнина на минатoтo а ниe, oд гoдина вo гoдина, oд дeн на дeн да сe прeдавамe на дoбрoтo; да мислимe за дoбрoтo, да мeчтаeмe за дoбрoтo, да збoрувамe за дoбрoтo и да правимe дoбрo. Гoспoд бара ѕидари а нe урнувачи. Кoј ѕида дoбрo, гo урива злoтo. Кoј, пак, сe свртува да гo урнe злoтo брзo забoрава да гo ѕида дoбрoтo и сe прeтвoра вo злoстoрник. (Пролог)
[youtube height="320" width="560" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=UW3kKFDloj0[/youtube]
По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач со паричката, а потоа беше отслужен и Молебен за благосотојба и благослов од Бога во Новата Година.