Не ожалостувај ја душата на падниот; не огорчувај го оној што е во сиромаштија. Не измачувај срце што е веќе огорчено; не ја одлагај милоста кон оној што нема. Не одбивај ги молбите на неволниците; лицето твое не свртувај го од сиромавиот; не свртувај ги твоите очи од оние што просат; никому не давај повод да те колне.
Старозаветниот мудрец за милостината
Архимандрит Андреј Конанос: Ќе страдаме, сѐ додека не се смириме – I дел
Важи и обратното – кога човек има смирение, тогаш и покрај гревовите што ги прави, и слабостите што ги има, на Бога тој му станува мил и возљубен, и стекнува прошка. Затоа што има смирение, тој ја привлекува Божјата милост. Кога прашале некој светија : што претпочиташ во животот – да видиш добродетелен егоист или смирен грешник? Тој рекол: го претпочитам смирениот грешник.
Зошто христијаните не треба да земаат учество во Халовин (Ноќта на вештерките)?
Во извесна смисла, Халовин е играње со темната сила. Се разбира, мнозинството од учесниците на „празник“ размислуваат едноставно да се исплашат едни со други, весело да се изнасмеат и да се вратат во нормалниот живот. Но, спомнувањето на темната сила, а уште повеќе изобразувањето на истата преку зли слики, фустани и маски, никогаш не исчезнува. Сето тоа навлегува во внатрешноста на човекот, и на крај ќе произведе ефект.
Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (02.10.2018)
Во дваесетивтората недела по Педесетница, на празникот на Св. вмч. Артемиј; преп. Герасим Кефалониски, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, протоереј Љупчо Вељановски во сослужение на ѓаконот Методиј Митановски отслужи Божествена Литургија
„Тато купи ми кифла…“ Нови истории за чудата на Преподобен Гавриил (Ургебадзе)
Мојата ќерка Мариам, уште од раѓањето имаше проблеми со говорењето. Таа не можеше да зборува. Единственото нешто што можеше да го изговори, беше звукот „у“. На овој начин таа се обидуваше да ни каже што сака и што ја мачи. Отидовме кај сите лекари во градот, но немаше никакви резултати. Таа практично беше нема, и ние се помиривне со тоа. Еден ден, мислата ме
Тропар на светиот Христов великомаченик Артемиј 20 октомври / 2 ноември 2024
О величенствено смирение,
o послушание свето пред Бога принесено,
на твоите трудови се восхитуваме свети Артемие великомачениче
а преку тебе името Христово го величаме
Човекот и неговата вера
Човекот ги соединува двата света – видливиот и невидливиот, соединува две природи – физичката (телото) и духовната (душата). Ние телото го гледаме и го чувствуваме, но има многу докази и за постоењето на душата, ние ја чувствуваме и ја разбираме нејзината болка, нејзините радости и потреби. Затоа, човечкиот живот не може да се ограничи само на задоволување на потребите на
Архимандрит Павлос Пападопулос: Помоли се, остави сѐ на Бог и тргни напред!
Но човекот кој верува во Бог, кој се предава на Бог, не се плаши. Многу луѓе додека живеат во лоното на Црквата, пројавуваат слабост, се колебаат пред да донесат решенија. Затоа многу пати таа своја обврска ја префрлаат на духовникот. А тоа е грешка. Човек може да побара совет од духовникот, но решение во животот треба сам да донесе:
Наклеветен светител
Во клирот на Низибиската Црква имало уште еден човек исто така со име Ефрем. Плашејќи се од разобличување на својата незаконска врска со ќерката на еден од значајните граѓани на Низибија, тој ја подучил својата соучесничка во гревот, та таа, кога ќе бидат обелоденети последиците од нејзиниот престап, да ја префрли вината на неговиот истоименик – Ефрем,
Синко, дај ми го мене срцето
Срцето е почеток и корен на сите наши дела, учи свети Тихон Задонски. Што и да правиме во и надвор од нас, го правиме со срцето, било тоа да е Добро или зло. Со срцето веруваме или не веруваме; со срцето сакаме или мразиме; со срцето се смируваме или се возгордејуваме;
Атанасиј Митрополит Лимасолски: За тешката и прекрасна возраст на пубертетот – (II дел)
Стигнавме дотаму што кога ќе сакаш да му кажеш на детето да ги слуша своите родители, прво ти минува низ глава мислата: „А дали воопшто живее заедно со родителите?“ Не знаеш како стојат работите. Му зборуваш за дом. Потоа ќе му ги видиш родителите и си велиш: „И јас да бев нивно дете, немаше да можам да живеам во тој дом“.
Божествена Литургија во храмот на св.пророк Илија, Скопје (31.10.2018)
Ако сакаш да го пронајдеш патот што води кон животот, тоа барај го во оној Пат, Кој Сам за Себе вели: Јас сум патот, вистината и животот (Јн. 14, 6), и таму ќе го пронајдеш. Но, барај го со голем напор, зашто малкумина го наоѓаат (Мат. 7, 14); во спротивно, ќе отпаднеш од тие малкумина, и ќе бидеш во мнозинството.
Просфора – нејзиното значење и подготовка
За жал денес многу жени не знаат што значи тоа, да принесеш една просфора. Повеќето трчаат во соседните пекари, купуваат просфора и ставајќи ја во едно ќесе, ја носат во црква. Не знаат дека просфората ја символизира Пресвета Богородица и онаа што ќе ја подготвува, како друга света Ана ја носи во црква. Таму ја прима свештеникот, како друг Јосиф, како да ја прима
Поправање на грешниот живот – св. Никола Планас
Еден ден во Црквата на Пророк Елисеј дојде една несреќна девојка и со солзи исповедаше дека девет години живеела со некој, кој секогаш го одложувал законскиот брак. Тој и кажа дека многу ќе се моли за овој случај. „Но потруди се по секоја цена да го донесеш во црква за да се сретнам со него“,и рече.
Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 19 октомври / 1 ноември 2024
Достоен стана о Ти преподобен оче Прохоре,
Христов ученик да се наречеш,
затоа што светот и неговата прелага ги остави,
и душата своја за Бога ја оневести.
Неисполнување на заповедта за радоста
Сите знаеме дека ни е заповедано постојано да се радуваме: „А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста…“ (Гал. 5,22), „Радувајте се секогаш! Молете се постојано! Благодарете за сè, оти таква е волјата Божја во Христа Исуса спрема вас!“ (1.Сол. 5,16-18). Но мнозинството од нас не само што ја нема во себе таа радост, туку дури
Тропар на светиот Апостол Лука 18 октомври / 31 октомври 2024
Раскажувачот на Апостолските Дела,
и светлиот писател на Христовото Евангелие,
Лука, се покажа неискажливо преславен
во Христовата Црква,
Свети Јован Шангајски и ноќта на вештерките
На 1 ноември 1964 година Руската задгранична црква ја прославувала канонизацијата на свети Јован Кронштадски. Во навечерието руските емигранти решиле да организираат бал, посветен на Хелоуин (Halloween), познат како ноќ на вештерките, и во соборниот храм за време на сеноќното бдение, посветено на свети Јован Кронштадски, огромен број верници, за голема жалост на светиот владика Јован, отсуствувале.
Архимандрит Андреј Конанос: Христос во нашето секојдневие (втор дел)
Многу луѓе ќе Го почувствуваат Христос, но најмногу оние кои се соочуваат со болка. Силата и обемот на болката е многу голема. Болка е да те боли заб, да те боли главата, да имаш вртоглавица, да страдаш од несоница, да не можеш да спиеш, да имаш некаква болест, да страдаш од бубрези, да ти ставаат редовно инјекции, да одиш често во болница, болка се хемотерапијата,
Архимандрит Андреј Конанос: Христос во нашето секојдневие (прв дел)
И што значи духовниот живот? Тоа е животот кој е облагодатен од Светиот Дух. Односно, извини, Светиот Дух го облагодатува твојот живот само но ретки моменти? Ти си го поделил твојот живот? Си го разделил животот на делови? И велиш: овој дел Му припаѓа на Бога, овој на работата, овој на јадењето, овој на домот, овој на чистењето.