логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 (Обновено)

РАЗГОВОР СО Д-Р ДМИТРИЈ АВДЕЕВ, ПРАВОСЛАВЕН ПСИХИЈАТАР, ПСИХОТЕРАПЕВТ И МЕДИЦИНСКИ ПСИХОЛОГ

http://www.daavdeev.ru/

Avdeev.Dimitrij.jpg
ПРАВОСЛАВЕН ПОГЛЕД ВРЗ ДУШЕВНИТЕ ЗАБОЛУВАЊА


Каква треба да биде поврзаноста на медицинската и духовната помош при психичките растројства? На која од нив треба да ñ се обрне поголемо внимание?

Сé во свое време. Ако зборуваме за психози (растројства придружени со бунило, халуцинации и др.), тогаш во првата етапа е неопходна, се разбира, лекарска помош. Таа треба да ги отстрани основните симптоми на заболувањето, да му ја врати на болниот свеста, критичноста и адекватното однесување (соодветно на нормалната состојба на свеста). Како што ќе напредува оздравувањето, веќе ќе треба да преовладува психолошката и духовната помош, а медицинската да се намалува. Динамиката е токму таква.
Јас веќе 20 години работам со пациенти. И често можев да видам како религиозните роднини на психички тешко болен човек се стремат најпрво да го однесат на молитва. Тоа е погрешно однесување.
Психичките заболувања настануваат поради три главни причини. Првата е природата на човекот. Факт е дека индивидуалните биолошки и генетски фактори играат овде решавачка улога. Има болести кои се последица на гревовни страсти што ја потчиниле душата - алкохолизам, наркоманија, игроманија (коцкање) итн. А има и психички растројства како последица на демонско влијание. Мора да се знаат причините поради кои се развиле душевните болести, и во зависност од нив да се примени нужното лекување.

Avdeev.Dimitrij.jpg

Дали се излечиви психичките заболувања?

Граничните растројства во принцип се реверзибилни. Но постојат варијанти. Професорите Киселев и Сочнева набљудувале како се однесуваат невротичарите. И ова е интересното: еден вид невроза се губи, а на негово место настапува друг вид. Т.е. ако е човек склон да реагира невротично, тој секогаш ќе живее во состојба на невроза.
Психозите, во кои се вбројуваат шизофренијата и манијако-депресивната психоза, во принцип се сметаат за неизлечиви, но овде е важно да се разбере што е тоа ремисија (исчезнување на признаците на болеста) и да не се става знак на еднаквост меѓу поимите “неизлечивост” и “тежина”. Ние лекарите се стремиме кон долготрајни ремисии за човекот да си ја врати, ако е можно, работоспособноста, полновредно да живее во семејството, да оди во црква.
На пример, шизофренијата е хронично психичко заболување. И, во овој случај, што се подразбира под излечивост? Состојбата кога поминало бунилото и халуцинирањето? Ако човек боледува, да речеме, од хипертензија и ако прима лекови, се придржува до соодветен режим и води здрав начин на живот, тогаш во најголемиот број случаи неговиот артериски притисок ќе биде на добро ниво. Кога на пациентот ќе му зацели чирот на желудникот, лекарот пишува: “Чир на желудникот: состојба на ремисија”. Оваа болест може и да не напредува ако човек води правилен живот и ако правилно се храни.
Неодамна дојде кај мене еден болен и ми рече: “Докторе, јас сум алкохоличар и веќе 20 години не пијам.” Колку правилен пристап! Но ако тој ја ослабне самоконтролата, ако престане да се моли и ако почне макар и малку да потпивнува, ризикот да падне и повторно да се најде во силна алкохолна зависност е огромен.
Најважниот проблем е адаптацијата на психички болните во општеството, добриот однос кон нив и духовната рехабилитација. Битно е човек да го најде своето место во животот. И овде големо значење имаат блиските, околината. Важно е да не се крева паника, да не се набива атмосферата со нервоза, да се помогне. На крајот на краиштата, ние живееме во потокот на светата промисла Божја.

Avdeev.Dimitrij.jpg

На многумина им се чини дека на душевно болниот може да му се помогне без лекови. Воопшто, луѓето се плашат од психијатриските болници. Колку е опасно да се одложува или да се избегнува тоа?

Ми се има случено да ми дојде мајка и да ми рече: “За ништо нема да го предадам син ми во психијатриска болница! “ Каков израз употреби: “нема да го предадам! “ Таа му прави лоша услуга на синот.
А кога води тригодишно дете на стоматолог, и тоа се спротивставува од петни жили, вика, плаче, тогаш ја презема одговорноста во целост затоа што знае дека од кариесот ќе му се расипат сите заби на детето.
Што се однесува на психијатријата, оваа линија на однесување е особено актуелна зашто во случај на ендогени заболувања болниот често го губи критичниот однос кон својата состојба. Нема јасна претстава за тоа дека се разболел, дека со него се случува нешто лошо.
Ете во Америка човек не може ни да кивне без психоаналитичар, а кај нас понекогаш страда долго време и никако не се обраќа на лекар. Нужен е некаков умерен пат. Не бидува човек да се прпелка, да се спротивставува, зашто и лекарствата и усилбите на лекарот се исто така благословени од Бога.

Avdeev.Dimitrij.jpg

Што е соматизација?  Што вели медицината за влијанието на нервните растројства врз состојбата на целиот човечки организам?

Тоа е посебен правец во психијатријата и се нарекува “психосоматика”. Според статистиката, 80% од сите заболувања настануваат на нервна основа. Така, во 30-тите години на ЏЏ век научниците почнале да говорат за личностни особини на луѓето кои страдаат од едно или друго заболување. Се појавиле поимите “артритична личност”, “улкусна личност”, “коронарна личност”. За последнава група во 1970 година во САД беше објавена монографија под наслов “Однесувањето од типот А и вашето срце”. Авторите ги нарекуваат овие луѓе “амбициозни поединци” и велат дека се тоа оние што сакаат да заседаваат во претседателството, да седат во првите редови, неверојатно многу се вознемируваат ако, на пример, нивното возило заглави во уличен метеж или ако изгубат партија шах од некое дете. На ваквите луѓе, како што покажале истражувањата, крвта им се згрутчува неколкуптаи побрзо и кај нив почесто доаѓа до застој во работата на срцето.
Оттука може да исцртаме една ваква шема: карактер - болест. Но според моето искуство, оваа шема е нецелосна. Од каде му е на човекот таквиот карактер? Мислам дека е последица на гревовните страсти кои се долго време одомаќени во неговата душа, во неговото тело. А ако човек не ја знае благодатта на Таинствата, ако не знае за Бога, тогаш живее со страстите и не може да ја осознае причинско-последичната врска. Шемата, според моето мислење, би изгледала вака: гревовна страст - карактер - болест.
Има дури и ваков поим во медицината - “алекситимија” (психолошка карактеристика на личноста). Лекарите тврдат дека психосоматските заболувања настануваат затоа што човекот не проговорил за некои свои конфликти. Видете колку точна забелешка. Само ајде да ја дополниме: човекот не ги исповеда тие конфликти. Здравјето на душата и здравјето на телото, како што покажуваат набљудувањата на научниците, се нераскинливо поврзани.

Забрзаниот ритам на нашиот живот кардинално се разликува од бавниот распоред на денот на минатите генерации. Можеби токму тој е виновен за тоа што кај современиот човек често е присутен синдромот на “хроничен умор” и чувството на празнина, на пустота?

Практично на сите прашања во однос на повеќето душевни заболувања, особено на граничните, се наметнува еден ист одговор: безблагодетен и безбожен живот. Го велам ова без никаков приговор. Младиот човек се теши со перспективи, млад е, здрав, има безброј планови. Повозрасниот се наоѓа во многу посложена ситуација: здравјето му е начнато, децата пораснале, материјални вредности можеби не стекнал или, пак, тие се обезвредниле во текот на реформите. И што му останува сега? Да се јадосува, да се лути, да мрази.
А дали било можно да се разболи од една ваква болест, на пример, преподобниот Серафим Саровски? “Радост моја, Христос воскресе!” - вака ги поздравувал тој сите отци. Или преподобниот Амвросиј Оптински, кој воопшто долги години лежел на својата постела и боледувал. Како и да е, пак и пак зборуваме за духовни фактори.
Несомнено, јас не ги одрекувам поимите како што се “депресивна исцрпеност”, замор, еколошки фактори. И тоа е мошне важно: здрав начин на живот, правилна исхрана, свеж воздух. Но прочитајте ги писмата на отец Јоан Крестјанкин од ГУЛАГ, каде што поминал неколку години. Каква исхрана дури таму можел да има, каков одмор! А колку луѓе итале кај него за поддршка! Истото се случувало и со други подвижници на благочестието. Значи, човекот мора, пред сé, да живее со Бога, со Христа.

Дали меѓу поимите “потиштеност” и “депресија” може да се стави знак за еднаквост?

Не, не смее. Потиштеноста е гревовна страст, а депресијата е болест. Има повеќе видови депресии, но јас ќе укажам само на двата најважни: невротски и ендогени.
Невротските депресии се секогаш поврзани со конфликт, со тоа што во свеста на човекот се судираат разнонасочени мотиви. И поради тоа во душата настанува тешка психотравмирачка ситуација. Овде е нужна потрага по излез. Решението често доаѓа со молитва, со смирение. Тука е коренот на лекувањето на невротските состојби.
Појавата на ендогени депресии е поврзана со тоа што во некаков степен во мозокот се нарушува размената на материите како серотонин, дофамин, норадреналин. Кај оваа форма на депресија содржината на овие материи во мозочните структури или нагло се намалува или паѓа на нула. И во овој случај, се разбира, нужна е терапија, нужни се лекови.

Што е тоа хистерија? Каква е нејзината природа?

 Многу размислував: дали е грев или болест? А потоа сфатив дека во овој случај гревот толку ја менува природата на човекот, што поради тоа настанува и болеста.
Хистеријата е правење нешто пред очите на другите. На хистерикот му се нужни два услова: корист и гледач. На пример, мајката го храни детето, а тоа не сака да јаде, паѓа на подот и се прпелка. И што прави мајката? “Смири се, синче, еве ти бонбонче, само не плачи!” Детето има типична хистерична реакција. А како се однесува мајка му? Му ја задоволува реакцијата. Не треба да се сомневаме дека во иднина малечкиот уште многупати ќе се однесува на истиот начин.
Овде ќе си го поставиме прашањето: можело ли да му се појави хистерија на Робинзон Крусо? Сигурно не. Зашто не ќе имал пред кого да ја демонстрира.
Како треба да се реагира на хистеричното однесување? Строго и смирено.
Многу често на разни манифестации можеме да видиме луѓе на кои им е мошне важна самовљубеноста. И кај некои политичари се забележуваат црти на хистерично однесување. А современата поп-култура? Мене ми личи на некаква хистерична апотеоза. За жал, сиот наш живот, од градинка до пензија, го учи човекот на хистеричност. Но не смееме да прифатиме така да се однесуваме. Гордост, суета, позерство, самовљубеност, правење нешто на показ пред другите - тоа е духовната компонента на хистеричното однесување.

Дали во практиката сте сретнале случаи на опседнатост? Или тоа е тешко да се определи?

Самиот не се осмелувам да поставувам какви било духовни дијагнози, но ако видам дека пред себе имам болен човек кому му е итно потребна стручна психијатриска помош, тогаш недвосмислено им велам на неговите роднини дека не треба да го носат на молитва.
Во “Основите на социјалната концепција на Руската Православна Црква” јасно се разграничени сферите на дејноста на религиозниот психотерапевт и на свештенослужителот. Таму се вели дека прегледот кај лекар-психотерапевт ñ претходи на средбата со свештеникот. Тој го подготвува човекот за таа средба.

Avdeev.Dimitrij.jpgМоже ли да се применува хипноза и кодирање за лекување алкохолизам и други зависности? Допуштени ли се ваквите методи?

Се разбира, хипнозата како насилство врз личноста е недозволива. Во однос на кодирањето се искажуваат различни гледишта. Некои размислуваат вака: еве, тој човек престана да пие, значи има шанси да се поправи. Јас лично не се согласувам со ваквото мислење.
Една моја познајничка направи истражување и набљудуваше како се однесуваат кодираните. Многумина навистина престануваат да пијат. Но таа состави табела на која беше наведен цел список на психички растројства што може да се забележат кај луѓето што ја поминале оваа псевдотерапија: упорна несоница, психосоматски заболувања, психопатизација на карактерот. Сопругите на кодираните некогаш се жалат: порано маж ми пиеше, но беше помек, а сега стана нечовек, пуши по две кутии дневно, не може да се сконцентрира на работа, со никого не зборува, се затвори. Зарем е ова исцеление?!
Знаеме дека пијанството е и гревовна болест, тешка гревовна страст. Без покајание и лична решеност овој грев никако не може да биде излекуван.
Истово се однесува и на наркоманијата. Наркологијата се најде во безизлез. Лекарите умеат само добро да ја отстранат појавата на апстиненцијата (комплекс од психички и физички растројства кои се јавуваат во првото време по престанувањето на употребата на наркотички препарати, “прелом”). И сите нарколошки центри се сведуваат само на сервиси, ништо повеќе! Да ги лекуваат алкохолизмот и наркоманијата не умеат!
Наркоманијата се лекува само во Црквата. Таму ние навистина постигнуваме ремисија. Никогаш нема да го заборавам едно момче кое ми рече: “Дојдов во Православниот рехабилитациски центар за да се излекувам од наркоманијата, но ја најдов верата, ја најдов смислата на животот.”


Понекогаш состојбата на психички болните кои  разговараат со “невидливи духови” и кои се агресивни, предизвикува кај околните мистичен страв или одвратност. Каков треба да биде односот на христијанинот кон душевно болниот?

Да, има психички заболувања кога човек почнува да слуша гласови, да доживува халуцинации. Ако е болниот верник, тогаш, природно, во фабулата на неговите доживувања ќе се наоѓаат религиозни ликови. И ова може да им даде повод на неговите нерелигиозни роднини да помислат: “Му се удрија молитвите од глава!” Но не, не, не - Црквата никогаш не може да доведе до шизофренија.
Кога пред 16 години почнав да го проучувам овој проблем, немаше јасна гледна точка: што се тоа психички болести? Бесомачност, опседнатост или само компетенција на психијатрите? Но “Социјалната концепција на Руската Православна Црква” ги уреди сите точки.
Моите истражувања се одвиваа во истиот колосек. Психичките болести се крст положен од Господа кој нужно мора да се поднесе и покорно да се носи. Тоа е важно. Психичката болест е посебен случај на гревовна повреденост. И на овие болни им е неопходно потребно сочувство, сострадателност.
Понекогаш добивам писма со благодарност во кои болните ми пишуваат: “Ви благодариме, докторе, што од година на година ни го повишувате статусот во Црквата.”
Порано во духовните школи имаше предмет кој се викаше “пастирска психијатрија”. И има прекрасни трудови на познатиот психијатар, синот на свештеникот на Рјазанската Епархија, еден длабоко религиозен човек, Дмитриј Евгењевич Мелехов. Неговите трудови не им беа интересни само на мирјаните, туку и на свештенослужителите. Тој сликовито опишуваше до детали како може пастирот да препознае дека неговиот штитеник е психички болен.
Ми се чини дека треба да развиваме општа култура, медицинска култура, духовна култура, еден добар христијански однос, да не му се подаваме на стравот, да не креваме паника, да не мислиме дека Бог ќе нé напушти. Не, кон психичките болни треба да се однесуваме со христијанско милосрдие, љубов и сочувство.
  
Преземено од весникот “Церковное слово”,
Минск, февруари 2008 г.,
Разговорот го водеше Елена Наследишева

Забелешка: Разговорот e објавен во  книгата “Депресија и потиснатост: сличности, разлики и лекуванје - православен поглед    


Превод од руски:
                           Ирена Кепеска


Друго: http://www.daavdeev.ru/

Извадок од сајтот на Др.Авдеев во кој е споменат нашиот ПреминПортал. Имено, објавено е дека разговор со него е преведен на македонски, дека е поставен на православниот македонски портал и дека имало добар, топол одзив кај посетителите. Ви го болдирав тој дел. Се радувам сто сме присутни во руската средина.(Од Преведувачот на текстот)

  Новости.
архив: | 2009г | 2008г | 2004-7гг |
 
Январь 2009
Новые книги
   Подготовлена к печати книга Д.А Авдеева «Православие и медицина: 205 вопросов православному врачу». Это второе издание книги, исправленное и дополненное.
  Автор в доступной форме рассказывает о православном взгляде на различные заболевания. Из книги можно узнать, например, о том, в чем главное отличие депрессии от греховной страсти уныния, какими успокоительными препаратами можно пользоваться самостоятельно, влияет ли характер человека на возникновение тех или иных заболеваний.
   Доктор Авдеев, используя богатейший  святоотеческий опыт, а также опираясь на свою, более чем 20-летнюю врачебную практику, дает различные советы и рекомендации. Например, в книге вы найдете ответы на вопросы: как преодолеть невротическую де¬прессию? Как избавиться от курения? Как разрешать конфликты по-христиански?
   Книга будет интересна не только врачам и психологам, но и широкому кругу читателей.
Выступления в СМИ
   Дмитрий Авдеев дал интервью Санкт-Петербургскому православному информационному агентству «Русская линия» –  «Больший кризис сейчас в головах, а не в экономике». По мнению Дмитрия Александровича, постоянное муссирование темы кризиса создает в первую очередь ситуацию психологического кризиса, когда человек оказывается в состоянии страха и паники. Люди в таких ситуациях как бы попадают в «тиски», и им кажется, что выхода из этого нет. Появились данные о том, что возросло количество самоубийств в России. В условиях экономического кризиса нужна продуманная взвешенная политика государства, нужно проводить серьезную антисуицидологическую и антикризисную работу.
Публикации за рубежом
   Интервью Д.А. Авдеева «Когда болит душа» переведено на два языка. Текст интервью «Кога душата боли» перевела на македонский язык Ирена Кепеска. Материал  опубликован на православном портале «Премин-портал». Интервью вызвало много положительных, теплых откликов от читателей из Македонии.
   Это же интервью, под названием «Коли болить душа» переведено и на украинский язык. Текст опубликован в интернет-журнале «Амвон» Владимир-Волынской епархии Украинской Православной Церкви Московского Патриархата.
Лекции, встречи, презентации
   9 января в Москве открылась I Зимняя Православная Психологическая школа «Православие и психология».
   Такое мероприятие, объединившее более ста православных психологов, психотерапевтов и преподавателей духовных учебных заведений РПЦ из 7 Епархий, проводится впервые. Организатором православной школы выступила Свято-Сергиевская Православная Богословская Академия.
   На открытии выступили известные, внесшие немалый вклад в развитие православной психологии специалисты, профессор Санкт-Петербургской православной духовной академии Л.Ф.Шеховцова, зам. директора по науке Института психологии РАН, профессор В.А.Кольцова, насельник Свято-Данилова монастыря, игумен Феофан (Крюков), зав. кафедрой патрологии Свято-Сергиевской православной  богословской академии инок Всеволод (Филипьев), директор Института проблем формирования христианского отношения к психическим заболеваниям Д. А. Авдеев, декан факультета психологии Свято-Сергиевской православной богословской академии Т. В. Филипьева.
   Проведение этой Школы свидетельствует о том, что интерес среди психологов к данному направлению значительно возрос. Хотя еще лет 10 назад словосочетание «Православная психология, психотерапия» у скептиков вызывало лишь грустную улыбку. Даже некоторые священники с медицинским образованием поначалу не воспринимали всерьез деятельность православных психологов.
   А ведь психология и психотерапия напрямую связана с православием: психологи работают, прежде всего, с душой пациента. И здесь, крайне важны мировоззрение специалиста, его подход и методы работы.
   12 января Д.А. Авдеев прочел 2-х часовую лекцию «Православие и психотерапия». В этот же день состоялась презентация книг доктора Авдеева, лекций на МР3-дисках и DVD- фильм. За 5 дней работы «школы» участники получили не только теоретические знания, которыми с ними поделились известные в России психологи, но и приобрели ценные практические навыки.
   Психологи стали участниками круглых столов и обсудили такие вопросы, как «Проблемное поле православной психологии» и «Проблемы супружеских отношений и пути их решения». На торжественном закрытии I Зимней православной психологической школы  слушателям вручили именные сертификаты. 

http://www.daavdeev.ru/

 

Друго: Dmitrij.Alek.jpg

Дмитриј Александрович Авдеев - КОГА ДУШАТА БОЛИ... 

 

 Извор:

preminportal.com.mk

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2020
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2537
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная